Спорт
Србија загуби во продолженија од Германија
Србија која и во вториот меч настапи без казнетите Крстиќ и Теодосиќ дури по две продолженија загуби од Германија со 81:82 во второто коло од А групата на СП во Турција.
Србија која и во вториот меч настапи без казнетите Крстиќ и Теодосиќ дури по две продолженија загуби од Германија со 81:82 во второто коло од А групата на СП во Турција. Во регуларниот дел овој израмнет меч заврши со 69:69. Во првото продолжение двете екипи постигнаа по четири поени, а во второто извонредниот центар на Германија Јан Јагла (213 см) кој беше МВП на натпреварот (22 п. 9 ск. 4 ас.) ја постигна решавачката тројка во самиот финиш со која неговиот тим обезбеди победа. Во оваа група Аргентина со маки ја победи Австралија со 74:72, а Ангола го совлада Јордан со 79:65. Во групата Б во Истанбул, Словенците очекувано загубија од САД (77:99), Хрватска го совлада Иран (75:54), а Бразил лесно излезе на крај со Тунис (80:65). Во Групата Ц Кина го победи Брегот на Слонова Коска со 83:73. Порторико загуби од Грција со 80:83, а во грчкиот тим по овој меч во составот се враќаат казнетите Скорцијанидис и Царцарис. Турција ја искористи предноста на домашната публика и ја совлада Русија со 65:56. Во Д групата Литванија и го нанесе вториот пораз на Канада (70:68), а во останатите два меча Франција без проблеми го совлада Либан (86:59), а Шпанија му „брцна“ стотка на Нов Зеланд (101:84). Група А: Аргентина 4, Србија 3, Германија 3, Ангола 3, Австралија 2, Јордан 2. Денес играат: Јордан – Србија (15,30), Австралија – Германија (18,оо), Ангола – Аргентина (20,30). Група Б: САД 4, Бразил 4, Словенија 3, Хрватска 3, Иран 2, Тунис 2. денес играат: Словенија – Хрватска (15,30), Тунис – Иран (18,оо), САД – Бразил (20,30). Група Ц: Турција 4, Грција 4, Кина 3, Русија 3, Порторико 2, БСК 2. Денес играат: Русија – БСК (15,оо), Порторико – Кина (17,30), Грција – Турција (20,оо). Група Д: Франција 4, Литванија 4, Шпанија 3, Либан 3, Канада 2, Н. Зеланд 2. Денес играат: Н. Зеланд – Либан (15,оо), Франција – Канада (17,30), Шпанија – Литванија (20,оо).крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Братот на Никола Јокиќ удрил навивач
Братот на Никола Јокиќ, Страхиња влегол во конфликт со навивач по мечот меѓу Денвер и ЛА Лејкерс.
Нагетс поведоа со 2-0 во серијата, благодарение на кошот, кој со звукот насирената го постигна Џамал Мареј (101:99), но едено видео кое се појави по натпреварот ја шокираше јавноста.
На снимката се гледа како братот на Никола, Страхиња слегува и удира навивач.
На трибините беа и вториот брат на кошаркарот на Денвер, Немања и неговата сопругата Наталија и ќерката Огњена.
Следниот натпревар помеѓу Лејкерс и Нагетс е закажан во Лос Анџелес во петок од 4 часот.
The Jokic bros fighting fans last night 😳
(Via cgallegos67 / h/t @ClutchPoints )
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 23, 2024
Спорт
Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните
Дисциплинскиот судија во Серија А експресно ги одреди казните за играчите кои синоќа беа исклучени на натпреварот помеѓу Милан и Интер во 33. коло од Серија А. Интер славеше со 2.1 и ја обезбеди титулата на пет кола до крајот на сезоната.
Капитенот на Милан, Давиде Калабрија, доби црвен картон во 97.минута, откако го удри без топка Давиде Фратези. Тој е суспендиран на два натпревари.
Во петтата минута од судиското надополнување дојде до тепачка помеѓу играчот на Милан, Тео Ернандез и играчот на Интер, Дензел Дамфрис, по што и двајцата добија црвени картони. Тие ќе пропуштат еден натпревар.
Дисциплинскиот судија им изрече и парични казни од по 10.000 евра.
Спорт
Покетино: Лукаку е играч на Челси
Ромелу Лукаку, во целост ја оживеа кариерата во Рома. Клубот има можност да го откупи неговиот договор, но прашање е дали има пари да вложи во трансферот на Белгиецот.
Лукаку не успеа да се наметне во Челси, самиот побара да замине, а неколку пати изјави дека нема намера да се враќа во Лондон. Минатата сезона ја мина во Интер, а оваа е во Рома.
За статусот на курпулентниот Белгиец проговори и тренерот на сините, Маурисио Покетино.
„Тој е играч на Челзи, па ќе обрнеме внимание на него. Ваков став во овој момент има клубот, но се уште немаме донесено никаква одлука“, изјави Покетино.
Лукаку оваа сезона постигна 18 гола на 41 натпревар за Рома во сите натпреварувања.