Спорт
Хјуит и Сафина елиминирани во Њујорк, сигурен настап на Федерер и Клајстерс
Шампионот во Њујорк, во 2001 година, Лејтон Хјуит, уште во првото коло го заврши својот настап на „Флешинг Медоуз“. Хјуит по пет одиграни сетови, меѓу гледачите го испрати Пол Анри Матие.
Шампионот во Њујорк, во 2001 година, Лејтон Хјуит, уште во првото коло го заврши својот настап на „Флешинг Медоуз“. Хјуит по пет одиграни сетови, меѓу гледачите го испрати Пол Анри Матие.
Најголемиот фаворит за освојување на титулата, Рожер Федерер, петкратен победник на турнирот, на теренот мина само 93 минути. Швајцарецот во три сета, 6:1, 6:4, 6:2, го победи Брајан Дубул од Аргентина.
Пласман во следната рунда од рангираните тенисери изборија Николај Давиденко, Енди Родик, Марин Чилиќ, Робин Содерлинг, Јирген Мелцер, Гаел Монфилс, Алберт Монтањес, Хуан Карлос Фереро. Турнирот во Њујорк заврши за 27-от носител Фернадо Гонзалес, чилеанецот поради повреда му го предаде мечот на Иван Додиг.
Некогашната број 1 во женскиот тенис, Динара Сафина во првото коло е елиминирана од последниот грен слем во сезоната, УС Опен. Сафина по еден час и 45 минути игра со 3:6, 4:6 загуби од Даниела Хантукова.
Првото коло во Њујорк, лесно го минаа бранителката на титулата Ким Клајстерс и двократната шампионка Венус Вилајамс.
Три сета за пласман во следната рунда мораше да игра Саманта Стосур, таа со 3:6, 7:6 и 6:1 ја елиминира Елена Веснина.
Од носителките првото коло го минаа Марион Бартоли, Флавија Панета, Цветана Пиронкова, Франческа Скојавоне, Елена Дементиева, Анастазија Пављученкова, Петра Квитова, Алона Бондаренко и некогашната број 1, сега 41 светска тенисерка, Ана Ивановиќ.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.