Спорт
Чуркоски го превесла Охридското езеро
Струшкиот кајакар, Ристе Чуркоски, оствари
несекојдневен подвиг, за Денот на независноста.
Струшкиот кајакар, Ристе Чуркоски, оствари несекојдневен подвиг, за Денот на независноста. Тој со кајак го обиколи Охридското езеро.
Поранешниот репрезентативец на СФРЈ во кајак на мирни води, 48 годишниот Чуркоски од Струга преку Охрид и Поградец, на целта до струшкиот хотел „Дрим“ мина 90 километри. За целиот потфат на Чуркоски му беа потребни 8 часа и 20 минути.
„Исклучително е напорно да се стори ова, но на крајот задоволството е огромно. Временските услови беа идеални, Господ денес беше со мене. Јас сум голем пријател на езерото и тоа денес беше со мене. Горд сум што сум првиот кајакар кој го обиколил езерото“, изјави Чуркоски по пристигнувањето на целта.
Пред почетокот на неговиот потфат, Чуркоски доби поддршка од градоначалниците на трите крајезерски града, тој имаше исклучителен пречек во Охрид и Поградец. Дали идејата со која тргна на 90 километарскиот пат, дека границата на езерото не треба да биде пречка за добрососедство и соработка ќе заживее ќе покаже иднината. Кајакарот-ветеран се надева дека овој маратон од следната година ќе стане традиционален и со меѓународен карактер.
Чуркоски не заборави да им се заблагодари на екипата која го следеше на неговиот пат. Дел од неговиот тим беа и познатиот маратонец Михајло Ристоски и д-р Владимир Брчески. Двајцата имаа причина за само една помала интервенција.
„За ваков подвиг треба да бидете подготвени физички и психички, Ристе денес покажа дека е во врвна форма. Многу помлади кајакари не би можеле да го сторат ова. Лично имав причина за само една помала интервенција, се случи на делницата од Трпејца до Поградец, Чуркоски имаше една помала криза. Меѓутоа ги превзедовме сите мерки и ја пребродивме кризата, пред и потоа вршевме само редовни контроли на пулсот и крвниот притисок“, вели д-р Брчески.
По пристигнувањето на целта, Чуркоски беше пречекан од голем број на пријатели и подржувачи кои не го криеја воодешувањето од неговиот подвиг. Кајакарот на крајот упати порака, пред се до младите спортисти.
„Им посакувам на сите спортисти да си ги остварат своите сништа. Ефектите од мојот подвиг и пораката која ја упатив ќе бидат видливи во иднина“, рече новиот спортски херој, Ристе Чуркоски.крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ларкин од еден се сели во друг крај на Истанбул
Шејн Ларкин е еден од кошаракрите чии договор истекува на крајот од сезоната.
Американецот, пет сезони го носи дресот на Ефес. Со овој клуб освои две титули во Евролигата.
Ларкин ја има најголемата плата во Евролигата. Годишно тој заработува четири милиони евра.
Прашање е дали Ефес ќе му понуди нов договор на 31-годишниот Американец.
Наводно, целата ситуација внимателно ја следат од другиот крај на Истанбул. Фенербахче е заинтересиран да го донесе Ларкин од наредната сезона.
Фенербахче не е единствениот клуб кој покажува интерес за Ларкин, но според медиумите води во трката за неговиот потпис.
Оваа сезона Ларкин има 17 поени по натпревар, 5,2 асистенции, три скока и 1,1 украдена топка.
Спорт
Ѓоковиќ: Горан е член на семејството, пријател
Ден по веста дека Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ ја прекинаа соработката, српскиот тенисер тренираше во Белград, во Кошутњак со Ненад Зимоњиќ.
Хрватските медиуми во Белград, се обидоа да добијат дополнителни одговори, зошто тенисерот и тренерот ја прекинаа соработката.
Ѓоковиќ се подготвува за Мастерсот во Монте Карло.
Српскиот ас не сакаше да дава дополнителни коментари на актуелната тема, но љубезно им се заблагодари на сплитските новинари.
„Сега не можам ништо да коментирам, извинете што нема да ви го дадам тоа што го барате, но ви благодарам што дојдовте. Добредојдени сте да останете овде, но јас и Горан ја завршивме нашата соработка. Ја видовте објавата, така што…“, рече Ѓоковиќ и додаде.
„Горан е член на семејството, пријател засекогаш и така ќе биде. Професионално едноставно се разделивме, направивме историски резултат – најтрофејниот играч и тренер досега, па мислам дека се е кажано во тоа смисла“.
Спорт
Интер сериозно заинтересиран за голманот на Бразил
Бразилскиот голман Бенто (24), максимално ја искористи шансата која му се укажа по повредите на Алисон Бекер и Едерсон.
Бенто го бранеше голот на Бразил на неодамнешните пријателски натпревари против Англија (1:0) и Шпанија (3:3).
Она што го демонстрираше на „Вембли“ и „Сантијаго Бернабеу“ не мина незабележано, иако од претходно е на радарот на европските клубови. Наводно интерес за Бенто покажуваат Интер, Челзи, Нотингем Форест.
Бразилските медиуми пишуваат дека Атлетико Параненсе за него ќе бара отштета од 20.000.000 евра, а италијанските медиуми пренесуваат дека најблиску до него е Интер. Во клубот сметаат дека добро е Јан Сомер да добие силна конкуренција, а исто така Бразилецот би бич залог за иднината бидејќи има само 24 години.