Спорт
Дурант МВП на првенството
Најдобриот кошаркар на селекцијата на САД, новиот светски првак, крилото на Оклахома Сити Кевин Дурант е прогласен за МВП на Мундобаскетот.
Најдобриот кошаркар на селекцијата на САД, новиот светски првак, крилото на Оклахома Сити Кевин Дурант е прогласен за МВП на Мундобаскетот. Во девет натпревари Дурант постигна 205 кошеви, 55 скокови, 16 асистенции и 13 украдени топки. Ниту еден друг кошаркар на САД не успеа да забележи троцифрен скор на постигнати кошеви. Во идеалната петорка на Мундијалот покрај Дурант влегоа и: Луис Скола од Аргентина, крилен центар на Хјустон Рокитс. Скола е најефикасен играч на мундобаскетот со 244 постигнати кошеви, или 27,1 кош по натпревар. Скола не стана МВП, само поради фактот што неговата репрезентација не влезе во големата четворка, иако има најдобри статистики. Покрај ефикасноста Скола имаше и 71 скок, 11 асистенции и осум украдени топки. Линас Клеиза од Литванија, крило на Торонто Репторс со 171 постигнат поен, 64 скокови, 13 асистенции и 10 украдени топки.Хидајет Туркоглу од Турција, крило на Феникс Санс со 111 поени, 38 скокови и 31 асистенција. И конечно единствениот играч во идеалната петорка кој не настапува во НБА е Србинот Милош Теодосиќ, играч на Олимпијакос кој играше (поради казна) само седум мечеви со ефект од 79 поени, 24 скокови, 39 асистенции и 11 украдени топки. Се чини пресудна беше тројката од девет метри со која ја елиминира Шпанија, а на Србија и го донесе полуфиналето. крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.