Спорт
Започна 39-та шаховска олимпијада

Во рускиот град Ханти Масијск започна 39-та шаховска олимпијада.
Во рускиот град Ханти Масијск започна 39-та шаховска олимпијада.
До 3 октомври, 158 репрезентации во машка и 119 селекции во женска конкуренција ќе ги напаѓаат титулите кои пред две години во Дрезден ги освоија Ерменија кај мажите, односно Грузија кај дамите.
Машката шаховска репрезентација на Македонија, која е рангирана на 43-то место во првото коло игра против 117-та репрезентација на листата на ФИДЕ, Макао. Владимир Георгиев против Де ла Круз игра на првата табла, на втората табла Трајко Недев за противник го има Селис, на третата Никола Митков игра против Фисалбон, а на четвртата табла Филип Панчевски игра со Кенг Мак Кеи.
Дамите според рејтингот се на 62-та позиција, во првото коло играат против Олимпискиот првак Грузија. На првата табла Габриела Коскоска игра против Нина Џигнадзе, на втората Моника Стојковска игра со Саломе Мелиа, на третата табла Бојана Бејатовиќ за противничка ја има Сопико Чучашвили, на четвртата табла играат Драгана Николовска и Бела Чотенашвили.крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Безмилосниот Абрамович со ретка објава: Лампард ќе остане икона на клубот

Роман Абрамович вообичаено е тивкиот газда, тој што ги влече конците од заднина, но не се експонира во јавноста, а по одлуката да го отпушти Френк Лампард, рускиот милијардер (кој сега наводно живее во Израел), реши да се јави со официјално соопштение.
Тој му се заблагодари на 42-годишниот Лампард за речиси двегодишната соработка и посочи дека статусот на Англичанецот како икона на Челси останува без дамка. Ова е првпат Абрамович да даде соопштение по смена на тренер.
„Ова беше многу тешка одлука за клубот не само поради моите одлични лични односи со Френк и огромната почит што ја имам кон него. Тој е човек со огромен интегритет и највисока работна етика. Меѓутоа, под сегашните услови веруваме дека е најдобро да се смени менаџерот. Од сите во клубот, бордот и од мене лично, би сакал да му заблагодарам на Френк за рабоата и да му посакам успех во иднина. Тој е важна икона на овој голем клуб и неговиот статус тука останува без дамка. Секогаш ќе биде топло добредојден на ‘Стемфорд бриџ’“, се вели во изјавата на Абрамович на официјалната веб-страница на клубот.
Спорт
Замената за Џеко Рома ја најдe во Белгија

Един Џеко до крајот на предониот рок би може да ја напушти Рома. Нетрпеливоста помеѓу него и тренерот Фонсека кулминираше пред десет дена, поради што Џеко, викендов не играше против Специја.
Во Рома се подготвени да продолжат понатаму без репрезентативецот на Босна и Херцеговина. Во клубот во Белгија го нашле играчот кој требада го замени капитенот.
Станува збор за напаѓачот на Бриж, Роман Јаремчук. Италијанските медиуми тврдат дека веќе се започнати преговорите помеѓу клубовите.
Според овие извори, Бриж, за својот напаѓач бара 12.000.000 евра.
Спорт
Миочиќ ќе ја брани титулата против Нгану

УФЦ објави дека Стипе Миочиќ и Френсис Нгану ќе се борат за шампионскиот пораз во тешка категорија.
Миочиќ е актуелниот шампион во тешка категорија, а Нгану ќе се обиде да му го земе појасот на УФЦ 260, планиран за 27.март.
Ова ќе биде втора борба помеѓу Миочиќ и Нгану. Првата нивна борба, одржана во 2018 година, му припадна на Миочиќ.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот