Спорт
Фудбалските селектори на состанок во Шпанија
Во Мадрид се одржува деветтиот состанок на селекторите на 53 фудбалски репрезентации од Европа.
Во Мадрид се одржува деветтиот состанок на селекторите на 53 фудбалски репрезентации од Европа.
Се работи за традиционален собир, кој се одржува на секои две години, по завршувањето на Европски и Светски првенства. На собирот на селекторите ќе се анализираат случувањата на Светското првенство во Јужна Африка.
Во центарот на вниманието е селекторот на Франција, која и на СП и по него доживува вистински дебакл.
„Реконструкцијата на Франција по Мундијалот значи целосно нов почеток, односно менување на критериумите за избор на млади фудбалери уште од најрана возраст. Урнек за сите нас треба да биде Шпанија“, рече селекторот на „триколорите“, Лоран Блан. Францускиот селектор вели дека главен критериум за избор на фудбалери во неговата земја е физичката конституција, нешто што е во спротивност со стандардите во Шпанија. Како пример тој ги посочи Андрес Иниеста и Чави Ернандез, играчи кои физички не се силни, но располагаат со совршена техника.
Блан и неговите колеги, Јоаким Лев (селектор на Германија) и Берт ван Марвијк (селектор на Холандија) се согласија дека Шпанија стигна до светската титула бидејќи во Федерацијата имале верба во младите фудбалери.
Германскиот селектор очекува неговата репрезентација во иднина уште повеќе да напредува, а како носители на играта ги гледа новите фудбалери на Реал, Месут Озил и Сами Кедира.
Лев исти така упати комплименти до неговиот италијански колега, Чезаре Прандели. Новиот селектор на Италија по дебклот на репрезентацијата се реши драстично да ја подмлади екипата.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…
Спорт
Рома преговара за трансферот на Киеза
Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, кој го продолжи договорот со клубот, е голем фан на фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза. Де Роси не кри дека би сакал да го има во својот тим крилниот напаѓач.
Де Роси работеше со него додека му беше асистент на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.
Договорот на Киеза со Јувентус истекува во јуни 2025 година, што значи дека ова лето влегува во последната година од истиот.
Тоа значи дека ова лето е веројатно последна шанса клубот да заработи нешто од неговата продажба.
Свесни за ова, челниците на Рома веќе закажале состанок со неговиот менаџер Фали Рамадани.
Покрај Рома, интерес за Киеза покажува и Њукасл.