Спорт
Стотка на Американките, Австралија сигурно гази

На СП во кошарка за жени што се одржува во Брно и Острава, Чешка, селекцијата на САД е најуверлива по првите две кола. Откако во првиот меч на Грција и дадоа 99 поени, во второто коло во Б групата, Американките беа уште поубедливи и го совладаа Сенегал со 108:52.
На СП во кошарка за жени што се одржува во Брно и Острава, Чешка, селекцијата на САД е најуверлива по првите две кола. Откако во првиот меч на Грција и дадоа 99 поени, во второто коло во Б групата, Американките беа уште поубедливи и го совладаа Сенегал со 108:52. Во групата А најсериозен кандидат за првото место е Австралија. По Канада на стартот, втора жртва им е Белорусија (83:59), а во последното трето коло во групата противник им е Кина.Резултати второ коло:Група А: Кина – Канада 61:65, Австралија – Белорусија 83:59 Табела: Австралија 2-0, Канада 1-1, Белорусија 1-1, Кина 0-2.Група Б: САД – Сенегал 108:52, Франција – Грција 69:55 Табела: САД 2-0, Франција 2-0,Грција 0-2, Сенегал 0-2.Група Ц: Шпанија – Ј. Кореја 84:69, Бразил – Мали 80:73 Табела: Шпанија 2-0, Ј. Кореја 1-1, Бразил 1-1, Мали 0-2.Група Д: Аргентина – Јапонија 58:59, Русија – Чешка 55:52. Табела: Русија 2-0, Чешка 1-1, Јапонија 1-1, Аргентина 0-2.3 Коло: Група А: Кина – Австралија, Канада – Белорусија. Група Б: САД – Франција, Сенегал – Грција. Група Ц: Мали – Ј. Кореја, Бразил – Шпанија. Група Д: Аргентина – Русија, Јапонија – Чешка. . крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лева го предводи тимот на годината на УЕФА

Европската фудбалска унија (УЕФА), објави како изгледа идеалниот тим на 2020 година, во изборот на навивачите. Во гласањето учествувале 6 милиони посетители на интернет страницата на УЕФА.
Во формација 4-2-3-1, овој тим го предводи Роберт Левандовски, кој претходно од УЕФА и ФИФА беше прогласен за играч на годината.
Мануел Ноер (Баерн) – Џошуа Кимих (Баерн), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Серхио рамос (Реал), Алфонсо Дејвис (Баерн) – Тијаго Алкантара (Баерн/Ливерпул), Кевин Де Брујне (Ман. сити) – Нејмар (ПСЖ, Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Јувентус)- Роберт Левандовски (Баерн).
🎇 UEFA Men's Team of the Year 2020 🎇
Almost 6 million votes! 🤯 Thanks for taking part 🙌
Who would be your captain? 👇#TeamOfTheYear
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) January 20, 2021
Спорт
Олимпијакос тргна по потписот на Стефан Ристовски

Олимпијакос е последниот клуб со кој се поврзува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски. Десниот бек, сигурно ќе го напушти Спортинг, до крајот на преодниот рок, прашање е само која ќе биде негова следна дестинација.
Ристовски, сезонава е отпишан во Спортинг, неколку месеци неговото име се поврзува со неколку клубови: Динамо и Спартак од Москва, Брага, Фиорентина, а сега во редот застана и грчкиот великан, Олимпијакос.
За услугите на Ристовски бил заинтересиран тренерот на Олимпијакос, Педро Мартинс. Планот на клубот од Пиреа е да го донесе Ристовски на позајмица до крајот на сезоната, а потоа да го откупи неговиот договор.
Спорт
Дукати во Мото ГП до 2026 година

Дукати ќе се натпреварува во Мото ГП шампионатот најмалку до 2026 година. Претставниците на тимот, денес го потпишаа договорот со компанијата Дорна спортс.
Претходно, овој договор со Дорна спортс, го потшиа и тимот на КТМ. Се очекува стапките на Дукати и КТМ да ги следат Јамаха, Сузуки, Хонда и Априља.
Дукати се присутни во мото ГП шампионатот од 2003 година, првата победа им ја донесе Лорис Капироси на Големата награда на Каталонија, а првата титула за овој тим, во 2007 година, ја освои Кејси Стонер.
Боите на Дукати во новата сезона ќе ги бранат Џек Милер и Франческо Бањаја.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира