Контакт

Спорт

Алонсо најдобро се снаоѓа ноќе

Објавено пред

Фернандо Алонсо (Ферари) ќе стартува од Пол позицијата на утрешната ноќна трка од Формула 1 шампионатот во Сингапур на патеката „Марина Беј“.

Фернандо Алонсо (Ферари) ќе стартува од Пол позицијата на утрешната ноќна трка од Формула 1 шампионатот во Сингапур на патеката „Марина Беј“. Шпанецот патерката во третата серија ја извози за 1:45.390 мин. И ова му е втора стартна пол позиција оваа сезона. Веднаш до него во првиот ред ќе биде Себастијан Ветел (Ред Бул) кој иако беше седми по втората сесија, во последниот круг дојде до првиот стартен ред.

Од вториот ред ќе појдат Луис Хамилтон и Џенсон Батон (Мекларен) Третиот стартен ред ќе го пополнат водечкиот во генералниот пласман Марк Вебер  и Рубенс Баричело (Вилијамс). Следуваат Нико Розберг (Мерцедес), Роберт Кубица (Рено), Михаел Шумахер (Мерцедес) и Камуи Кобајаши (Заубер.). Фелипе Маса имаше проблеми со моторот во првата сесија и ќе стартува од последната позиција.  крај/ап/м.н.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Јунајтед од Шефилд му приреди „кошмар“ на Јунајтед од Манчестер

Објавено пред

Манчестер јунајтед доживеа шокантен 1:2 пораз на „Олд Трафорд“ од тимот на Шефилд јунајтед, убедливо последнопласираниот клуб во Премиер лигата и клуб кој цела сезона има остварено само уште една!

Со овој резултат, Јунајтед не успеа да се врати на првото место на табелата и сега заостанува еден поен зад Манчестер сити, кои дополнително имаат и уште еден натпревар помалку.

Кин Бурк во 23. минута успеа да го совлада Давид де Хеа за шокантно водство на „блејдс“, по што следуваше иницијатива на Јунајтед, која дури во 64. минута резултираше со израмнување преку капитенот Хери Мегвајр. Само десет минути подоцна, повторно „студен туш“ за „ѓаволите“,  Оливер Бурк упати удар, кој од ногата на Туанзебе заврши зад грбот на Де Хеа.

На „Гудисон парк“ пак, Хамес Родригез постигна прекрасен гол, но тој не беше доволен за победа на Евертон над Лестер, откако Јан Тилеманс во второто полувреме израмни и спречи „карамелите“ да избијат пред Ливерпул на табелата.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 20.КОЛО

Брајтон – Фулам 0:0

Евертон – Лестер 1:1

Манчестер јунајтед – Шефилд јунајтед 1:2



Прикажи повеќе...

Спорт

Барса му даде два гола на Димитриевски за камбек победа во Купот

Објавено пред

Барселона се пласираше во четврт-финалето на Кралскиот шпански куп, откако со головите на Лео Меси и Френки де Јонг успеа да се врати од раната негатива против второтолигашот Рајо Валјекано во Мадрид.

По првото полувреме без голови, Фран Гарсија во 63. минута ги донесе домаќините во неочекувано водство. Меѓутоа, кога беше најпотребно тука беше Лео Меси и во 70-тата минута тој израмни на 1:1, пред десет минути подоцна Френки де Јонг со својот четврти гол во последните седум меча да донесе победа за каталонскиот клуб.

Прикажи повеќе...

Спорт

Кулушевски за рутинска победа на Јуве над СПАЛ и дуел во полуфиналето со Интер

Објавено пред

Јувентус и без Кристијано Роналдо во составот, имаше доволно сили да го совлада со 4:0 второлигашот СПАЛ и да се пласира во полуфиналето на Копа Италија, каде што ќе има шанса за одмазда против Интер на Антонио Конте, кој вчера во драма ги победи Милан.

Тинејџерите Раду Драгусин и Николо Фаџоли (дебитант) добија шанса, заедно со Дејан Кулушевски и Алваро Мората во ново партнерство во нападот, а во тимот се врати и Матијс де Лихт првпат по оболувањето од КОВИД-19, додека Џиџи Буфон доби шанса да биде стартер еден ден пред неговиот 43. роденден.

Јуве дојде во водство уште во 16. минута, кога Франческо Викари го фаулираше Адриен Рабио, а Алваро Мората беше сигурен од белата точка. Кулушевски го пронајде Џанлука Фработа во 33. минута за фантастичен гол, пред во 78. минута, самиот Кулушевски да зголеми на 3:0, пред Федерико Киеза во 94. минута да стави точка на мечот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Владата ја започна постапката за набавка на 200.000 дози инактивирана вакцина

Владата на вечерашната седница, ја усвои Информацијата за набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против Ковид-19. „ Со заклучок на Владата,...

Свет5 часа

„Мртвите“ вакцини како кинеските се поефикасни против новите видови коронавирус

Постои загриженост дека вакцините што се користат во целиот свет може да бидат помалку ефикасни против новите видови коронавирус, што...

Свет6 часа

„Оксфорд“ очекува набргу податоци за ефикасност на вакцината против британскиот сој

Универзитетот „Оксфорд“ очекува дека податоците за ефикасноста на вакцината што ја разви против британскиот сој на коронавирус ќе бидат готови...

Македонија7 часа

Над 20 лекари и медицински лица на Клиниката за нефрологија позитивни на коронавирус

Над дваесет здравствени работници од Клиниката за нефрологија се позитивни на коронавирусот, објави Министерството за здравство. Како што се наведува,...

Македонија8 часа

Британскиот сој на вирусот детектиран во приватна лабараторија во Скопје

Министерството за здравство информира дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид-пациенти во јануари, во приватната лабораторија за генетика...

Македонија10 часа

Војниците ќе можат да изберат опремнина од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата

Професионалните војници кои ќе навршат 45 години возраст, доколку не сакаат да продолжат со работа во државна институција, ќе можат...

Македонија10 часа

Нови 394 случаи на коронавирус, оздравени се 387 пациенти, а починаа 9 лицa

Во последните 24 часа се направени 2.236 тестирања, а регистрирани се 394 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 190,...

Македонија10 часа

Две котларници на „Фагус“ од Пехчево испуштаат прашина и штетни гасови, велат од инспекторатот за животна средина

По претставка од граѓани, Државниот инспекторат за животна средина вчера изврши контрола на емисиите во дрвниот комбинат „Фагус“ во Пехчево....

Македонија11 час

МВР за „Јавна соба“: Жртвите да пријават злоупотреби

„Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР презема мерки за расчистување на случајот. Го повикуваме секој граѓанин кој...

Македонија12 часа

По една година одново актуелна групата „Јавна соба“ – илјадници членови споделуваат експлицитни фотографии oд девојки

Една година по обелоденувањето на скандалот „Јавна соба“ за групата на социјалната мрежа „Телеграм“, каде илјадници членови споделуваа експлицитни фотографии...

Македонија13 часа

Здружението на директори од основните и средните училишта со поддршка на реформите

Текот на наставата во второто полугодие и реформските процеси во образованието беше тема на разговорот со Здружението на директори од...

Македонија14 часа

Непроспиена ноќ во Маврово, почувствувани пет земјотреси

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје рано утринава регистрира серија од земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 50 километри југозападно...

Европа15 часа

Зaпaден Балкан на листата на шест итни приоритети на новата администрација на САД и на Германија

Западен Балкан е на списокот на заедничките надворешнополитички приоритети на новата американска администрација и на Германија, беше истакнато во телефонскиот...

Свет16 часа

Мадуро промовира капки од мајчина душица како чудотворен лек против Ковид-19

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро промовира „чудотворен лек“ за кој тврди дека лечи од Ковид-19 без несакани ефекти. Британските медиуми пренесуваат...

Свет16 часа

Бајден и Путин договорија продолжување на договорот за нуклеарното оружје

Претседателот на САД, Џо Бајден, и рускиот претседател Владимир Путин договорија продолжување на договорот околу контролата на оружјето. Тие во...

Македонија16 часа

Земјотрес во Маврово со јачина од 3,6 степени

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван изутринава во 7:44 часот во подрачјето на Гостивар. Според...

Свет1 ден

Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден

Новиот американски претседател, Џо Бајден, денеска го одржал првиот телефонски разговор со својот руски колега, пренесе Белата куќа, додавајќи дека...

Македонија1 ден

21 починат и 444 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.518 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на...

Топ1 ден

Поранешниот прилепски градоначалник осомничен за криминал со државно земјиште

Против поранешниот градоначалник на Прилеп, Маријан Ристески, и уште осум лица, како и против две правни лица, поднесена е кривична...

Европа1 ден

Меркел бара затворање на границите и забрана за патување, пишуваат германските медиуми

Германската канцеларка, Ангела Меркел, за време на состанок на раководството на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) се заложила за можност за целосна...

Досие