Спорт
Пораз на шахистите, победа на дамите

Женската шаховска репрезентација на Македонија забележа победа во седмото коло на 39-та олимпијада, која се одржува во рускиот град Канти Масијск.
Женската шаховска репрезентација на Македонија забележа победа во седмото коло на 39-та олимпијада, која се одржува во рускиот град Канти Масијск.
Дамите попладнево ја победија репрезентацијата на Јужна Африка со 2,5:1,5. Цели поени освоија на втората и четвртата табла Катерина Јоноска против Анзел Соломонс и Бојана Бејатовиќ во дуелот со Синди Мбалеине.
На третата табла Моника Станојовска во 83 потег го положи оружјето пред Моник Сиши, на првата табла по само 29 потега, Габриела Коскоска ремизираше со Мелиса Гриф. Пораз од 2,5:1,5 запишаа шахистите од Словачка.
Владимир Георгиев и Никола Митков загубија од Сергеј Монсесиан, односно Томаш Петрик, Трајко Недев ремизираше со Љубомир Фачник, додека победа забележа Ѕвонко Станојоски во дуелот со Марјан Јурчик.крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ со писмо ги објасни своите „разумни“ барања

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, со отворено писмо до претседателот на Австралија опен, Крег Тајли, објавено на Твитер се бранеше по критиките кои ги доби за наводната „листа на желби“ кои ги имал за настап на турнирот.
Претходно, Ѓоковиќ достави листа „совети“ до организаторите на првиот гренд слем во 2021, вклучувајќи дозвола за посета на тренерот, или „преселба“ на што е можно повеќе тенисери кај приватни жители на Австралија со тениски терени. Ова доаѓа откако Ѓоковиќ, како и сите тенисери кои ќе учествуваат на турнирот, се во 14-дневен карантин во Аделаида.
Во писмото, Ѓоковиќ вели дека имал добри намери и дека не сакал да испадне „себичен, тежок и неблагодарен“.
„Тоа е многу далеку од вистината. Јас искрено се грижам за моите колеги, а исто така сфаќам како функционира светот и кој станува поголем и зошто. Затоа ја користам мојата привлегирана позиција да помогнам каде што е потребно“, вели Ѓоковиќ.
Премиерот на провинцијата Викторија, Даниел Ендруз вчера го коментираше Ѓоковиќ со една реченица: „Одговорот е НЕ!“.
— Novak Djokovic (@DjokerNole) January 20, 2021
Спорт
Сити се лидери во Премиер лигата по победата над Вила во меч со неверојатен број на шанси

Манчестер сити стигна до 2:0 победа над Астон вила за да се искачи на првото место во премиер лигата (барем до вечерва кога Манчестер јунајтед гостува на Фулам) во меч со неверојатен број на пропуштени шанси од страна на двата тима.
На силниот дожд во Манчестер, „граѓаните“ се мачеа со упорниот тим на Вила, кој ако не беше целосно рамноправен тим, барем покажа храброст да оди на гол и на победа против силниот противник. Отпорот, конечно, беше скршен во 79. минута, кога Бернардо Силва постигна убав гол по 24 неуспешни удари на голот на противникот, а во 89. минута беше досуден пенал за домаќините, кој Илкај Гундоган сигурно го реализираше.
Манчестер сити сега се први со 38 поени од 18 меча, пред Лестер со ист број на поени од 19 меча и Манчестер сити со 37 поени од 18 меча. Актуелниот шампион Ливерпул се на четвртото место со 34, пред Тотенхем со 33 и Евертон и Вест хем со 32 во неверојатно тесна трка за врвот во Англија. Астон вила остануваат 11. со 26 поени.
Спорт
Ниту среќата не ги сака – Шалке прими гол во 93. минута за пораз од Келн

Кога се чинеше дека „клетвата“ е прекината со победата над Хофенхајм, Шалке повторно сврза два порази во низа, овојпат од директен кандидат за испаѓање, Келн и тоа со гол во 93. минута од мечот.
Дефанзивецот Рафаел Чикос ги донесе Келн во водство во 31. минута од мечот, но Шалке израмни во 57. минута преку Американецот Метју Хоуп, и беше на секунди пред освојување на поенот, кога Јан Тилман во 93. минута ги урна надежите на „кралско сините“.
Со трите поени, Келн скокнува на 15. место со 15 поени, додека Шалке се убедливо последни со 7 освоени поени.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот