Контакт

Спорт

Словачка без Витек во евро-квалификациите

Објавено пред

Репрезентацијата на Словачка без најдобриот напаѓач, Роберт Витек, ќе ги одигра престојните квалификациски дуели за пласман на Еуро 2012.

Репрезентацијата на Словачка без најдобриот напаѓач, Роберт Витек, ќе ги одигра престојните квалификациски дуели за пласман на Еуро 2012.

Витек кој на СП во Јужна Африка постигна четири погодоци, поради повредата ќе паузира осум недели.

Словачка има совршен старт во квалификациите, во септемвриската кампања, оваа репрезентација забележа победи над Македонија во Братислава и Русија во Москва. Во октомври, Словачка за противници ќе ги има репрезентациите на Ерменија и Република Ирска.

Главни ѕвезди во составот на селекторот Владимир Вајс ќе бидат играчите на Наполи и Ливерпул, Марек Хамшик, односно Мартин Шкртел.

Во отсуство на Витек, за место во нападот на Словачка ќе конкурираат Станислав Шестак (Анкарагучу), Ерик Јендришек (Шалке), Томаш Оравец (Жилина), Јакуб Силвестр (Динамо Загреб) и Филип Себо (Слован Братислава).крај/ап/н.ц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Артур: Роналдо е поголем лидер од Меси

Објавено пред

Играчот од средниот ред на Јувентус, Бразилецот Артур (24) смета дека неговиот соиграч, Кристијано Роналдо е поголем лидер од Лео Меси со кој соработуваше додека играше за Барселона. Артур пред почетокот на оваа сезона од Барса дојде во Јуве, а во спротивен правец замина репрезентативецот на БиХ, Миралем Пјаниќ.

„Сите имаат свој начин на покажување лидерство. Лео тоа го прави со движењата иако не ги покажува многу, но на терен ги покажува во моментот кога ќе добие топка, со сета своја жед за голови и победа. Кристијано е дечко кој тоа сака да го покажува со рацете, со зборови и очигледно кога ќе ја добие топката. Во соблекувалната е доста вклуен, и во добри односи е со сите, разговара со сите. Не сме толку големи пријатели да одиме на кафе заедно, но имаме добар однос. Тешко е да се рече кој е поголем лидер, затоа што ако едниот постигне 5 гола, тоа го прави и другиот. Двајцата се добри лидери, но сепак го бирам Роналдо“ рече Артур.

Бразилскиот фудбалер сезонава има 17 настапи за „Старата дама“ во сите натпреварувања и се уште е без гол и асистенција.

Прикажи повеќе...

Спорт

Раџа го спореди Дончиќ со Бодирога: Тоа се играчи со мади.а!

Објавено пред

Легендата на хрватската кошарка, Дино Раџа ги прокоментира игрите на словенечкиот кошаркарски ас, Лука Дончиќ во НБА лигата.

„Знаев дека ќе биде добар, но не толку рано. Ова момче рано покажа дека е многу зрел. Неверојатно е талентиран, многу работи, има добри чекори затоа што прво играше за јуниорите на Реал Мадрид, па за сениорите, освојуваше трофеи. Не очекував дека толку добро ќе одигра во неговата прва сезона“ нагласи Раџа.

Хрватот го спореди Дончиќ до екс-српскиот кошаркар, Дејан Бодирога.

„Ме потсетува на Бодирога. Тој беше играч со големи мади.а и неверојатен талент“ нагласи Раџа.

Прославениот кошаркар истакнува дека НБА лигата сега е поинаква за разлика од времето кога тој отиде да го оствари својот „американски сон“.

„Беше тешко кога ние доаѓавме во лигата. Кога Лука дојде во Далас му ги дадоа клучевите од градот, мене ми дадоа дресови да однесам на перење. Дивац, Сабонис, Дражен, Тони и јас бевме пионери и тешко е да се разгази патот“ вели Раџа.

Прикажи повеќе...

Спорт

Короната прави масакр во Бенфика, дури 17 заразени од вирусот

Објавено пред

Португалскиот фудбалски клуб Бенфика денеска објави дека има дури 17 заразени со коронавирусот во клубот, што играчи, што членови од стручниот штаб, но и клупски работници.

Од клубот напоменаа дека се консултирале со локалното Министерство за здравство во врска со тоа како да постапат во интерес на здравјето на играчите. Основното прашање е дали клубот треба да игра мечеви во следните две недели или и здравите играчи треба да одат во изолација.

Бенфика во моментов е третопласирана во португалскиот шампионат со 32 бода, колку има и второпласираниот Порто. Лидер на табелата е Спортинг Лисабон со 36 бода.

Бенфика утре треба да игра полуфинале во Лига купот против Брага.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија21 минута

Компаниите се ослободени од царинските давачки за една година

Владата донесе одлука за укинување на увозните давачки – царинските стапки на одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во...

Македонија2 часа

Владата го усвои планот за распределба на административните службеници

Владата денеска на својата 40-та седница го усвои планот за распределување на административните службеници вработени преку програмата К5, соопшти првиот...

Македонија5 часа

Угостителските објекти од четврток ќе работат до 21 часот

Донесена е одлука угостителските објекти да работат до 21 часот, наместо до 18 часот како што беше претходно. За ова...

Македонија5 часа

Влада: Нема да се гради ски-центар на Галичица, ќе се донесе и ДУП за охридското крајбрежје

Нема да се гради ски-центар на Галичица, а ќе се донесе и ДУП за охридското крајбрежје, велат од Владата по...

Македонија8 часа

Повеќе нема да се лекуваат пациенти со коронавирус на очна и на клиниката за уво, нос и грло

Ковид центарот на Клиниката за Очни бочести од вчера е затворен. Од Министерството за здравство информираат дека во текот на денешниот...

Македонија8 часа

Вучиќ: Помошта со вакцини за Северна Македонија е братски и пријателски потег

Сепскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска истакна дека не вреди за Србите да бидат здрави, ако луѓето во околината имаат милион...

Свет9 часа

Истражување: Една третина од излекуваните од коронавирус повторно се разболуваат

Една третина од луѓето кои се лекувале од коронавирус по пет месеци морале повторно да бидат згрижени во болница, според...

Македонија9 часа

Водици годинава без скокање по крстот

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето...

Македонија9 часа

Не е исклучена можноста жените да одат во пензија и на 62 години

Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд...

Свет1 ден

Објавено ново видео од упадот во Конгресот на САД

Објавено е ново видео од упадот на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во зградата на американскиот Конгрес...

Спорт1 ден

Чиле „падна“, Македонија во главната рунда на Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација по двата високи порази во пресметките со Шведска и домаќинот Египет, ја забележа првата победа на Светското...

Македонија1 ден

Во Македонија 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа, а 176 оздравеа, соопшти...

Свет1 ден

Судот во Москва му одреди притвор на Навални

Рускиот суд му одреди притвор од 30 дена на опозиционерот Алексеј Навални. Притворот ќе трае до 15 февруари, соопшти неговиот...

Македонија1 ден

Мицкоски побара поддршка од Орбан и Сијарто за деблокирање на Македонија на патот кон ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потпретседателот Александар Николоски, денеска во Будимпешта имаа работна средба со премиерот на Унгарија, Виктор...

Свет1 ден

Пристапот „прво јас“ нè турка кон катастрофален пад во дистрибуцијата на вакцините, вели директорот на СЗО

Светот е на работ на катастрофален морален пад во дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската...

Македонија1 ден

Бектеши смета дека кафулињата треба да работат до 23 часот

Министерот за економија, Крешник Бектеши, смета дека работното време на угостителските објекти ќе биде продолжено до 23 часот. „Продолжување на...

Топ1 ден

Детали за инцидентот во врска со прилепчанецот убиен на лов

Во полициската станица во Прилеп во претпладневните часови на 17 јануари било пријавено дека во атарот на прилепското село Витолиште...

Македонија1 ден

Заев: Од Србија ќе добиеме 8.000 вакцини на „Фајзер“

Србија ќе ни отстапи 8.000 вакцини од „Фајзер“, a потоа можеби и ковид-вакцини од другите производители. Премиерот Зоран Заев соопшти...

Македонија1 ден

Институтот за трансфузиологија апелира: Донирајте крвна плазма, помогнете им на оние што се борат со Ковид-19

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени од Ковид-19...

Европа1 ден

Во Германија откриена досега непозната мутација на коронавирусот

Според германските медиуми, на клиниката „Гармиш-Партенкирхен“ е пронајден нов, досега непознат вид коронавирус. Во болницата во Гармиш-Партенкирхен 73 пациенти и...

Досие