Спорт
Лига Европа: Манчестер Сити и Јувентус ги поделија бодовите
Комплетирано е второто коло во фудбалската Лига Европа.
Комплетирано е второто коло во фудбалската Лига Европа.
Во најпривлечниот дуел, Манчестер Сити и Јувентус одиграа без победник 1:1. Јакинта погоди за „старата дама“, бод на Сити му донесе Адам Џонсон. Најубедливата победа ја забележа Спортинг, во Лисабон „лавовите“ го совладаа Левски на Дарко Тасески со 5:0. Македонскиот тренер, Ѓоре Јовановски со ЦСКА во Софија претрпе минимален пораз од 0:1 на дуелот со Порто.
Комплетни резултати:
Група А:Манчестер Сити-Јувентус 1:1Лех-Салцбург 2:0Група Б:Атлетико Мадрид-Баер Леверкузен 1:1Розенборг-Арис 2:1Група Ц:Гент-ЛилСпортинг-Левски 5:0Група Д:ПАОК-Динамо Загреб 1:0Виљареал-Бриж 2:1Група Е: Шериф-Динамо Киев 2:0БАТЕ Борисов-АЗ Алкмар 4:1Група Ф:Палермо-Лозана 1:0ЦСКА Москва-Спарта Прага 3:0Група Г:Хајдук-Андерлехт 1:0Зенит-АЕК 4:2Група Х:Оденсе-Штутгарт 1:2Јанг Бојс-Хетафе 2:0Група И:Сампдорија-Дебрецен 1:0Металист-ПСВ 0:2Група Ј: Борусија Дортмунд-Севиља 0:1ПСЖ-Карпати 2:0Група К:Стеауа-Наполи 3:3Утрехт-Ливерпул 0:0Група Л:Рапид Виена-Бешикташ 1:2ЦСКА Софија-Порто 0:1.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Невозможно е да се добие пенал серија против Емилијано Матинез
Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез можеби не е најдобар пример за новата генерација, но неговите голмански квалитети не можат да се оспорат.
Мартинез е „доктор за пенали“, а тоа уште еднаш го докажа во Лил, каде беше најзаслужен што неговата Астон Вила се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига.
Мартинез беше пречекан од непријателска публика во Франција по се што се случи на Мундијалот во Катар, кога Аргентина во финалето на пенали ја победи Франција.
Натпреварот Лил-Астон Вила заврши со резултат 2:1, идентична понеда англискиот тим забележа на домапен терен, па откако и по дополнителните 30 минути немаше промена во резултатот, победникот го решија пеналите.
Мартинез тука повторно блескаше, ги одбрани пеналите на Бенталеб и Андре и го однесе својот тим понатаму во борбата за европскиот трофеј.
Тоа беше негова петта последовна пенал серија од која излезе како победник.
Мартинез во пенал рулетот:
Комјунити Шилд 2020 против Ливерпул ✅
Полуфинале на Копа Америка 2021 против Колумбија ✅
Четвртфинале на СП 2022 против Холандија ✅
Финале на Светското првенство 2022 против Франција ✅
Четвртфинале на Конференциската лига 2024 против Лил ✅
Спорт
Араухо нема коментар за критиките од Гундоган
Тензично е во Барселона по елиминацијата од ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите. ПСЖ славеше во реваншот во Барселона со 4:1 и со вкупен резултат 6:4 влезе меѓу најдобрите четири екипи во елитното натпреварување. и покрај тоа што победи со 3:2 во Париз, а потоа поведе со 1:0 на домашен терен.
Клучниот момент во реваншот се случи во 29. минута кога Роналд Араухо доби црвен картон. Како последен играч во одбраната, направи фал врз Баркола.
Илкај Гундоган, еден од најискусните играчи на Барселона, по натпреварот го критикуваше Араухо.
„Во клучните моменти од играта, мора да бидете сигурни кога стартувате на топката. Јас би оставил ситуација еден на еден, би му дал шанса на голманот да спаси, или да примиме гол“, рече тој. .
Араухо одби да му одговори на Гундоган, беше краток во својот коментар.
„Претпочитам да ги задржам за себе она што го мислам за тој коментар. Имам одредени вредности кои мислам дека треба да се почитуваат“.
Освен што коментарот на Гундоган не му се допадна на Араухо, во негова одбрана застанаа и францускиот дефанзивец Жил Кунде и капитенот Серхи Роберто кои на социјалните мрежи порачаа дека „секогаш победуваат и губат како тим“.
Спорт
(Видео) Цолакис одбрани три пенали – Олимпијакос го елиминира Фенербахче
Познати се сите полуфиналисти во Конференциската лига. На Фиорентина, Астон Вила и Клуб Бриж им се приклучи Олимпијакос. Грците, по голема драма, успеаја да го минат Фенербахче по избедувањето пенали и за прв пат во својата историја да се пласираа во полуфинале во натпреварување одрганизирано од УЕФА.
Олимпијакос допатува на ревашот во Истанбул, против Фенербахче со предност од 3:2. Таа предност Фенер ја анулираше по само 11 минути игра, кога Кавечи погоди за 1:0.
Сепак до крајот на натпреварот немаше голови.
На крајот пенал серијата донсе невидена драма, од која како херој излезе голманот на Олимпијакос Цолакиз.
Цолакис ги одбрани ударите на Тадиќ, Ченгиз Ундер и Бонучи. Ел Араби не реализираше за Олимпијакос, исто како и Родинеи во последната серија, неговата топка по одбраната на Ливаковиќ удри во гредата и падна на гол линијата.
Олимпијакос во полуфиналето ќе игра против Астон Вила.