Спорт
Газдите на Ред сокс нови сопственици на Ливерпул
Одборот на фудбалскиот клуб Ливерпул се согласи членот на Премиер лигата да биде продаден на компанијата „Њу Ингланд спорт вентурес“. Новите газди на Ливерпул се и сопственици на бејзбол тимот Бостон Ред сокс.
Одборот на фудбалскиот клуб Ливерпул се согласи членот на Премиер лигата да биде продаден на компанијата „Њу Ингланд спорт вентурес“. Новите газди на Ливерпул се и сопственици на бејзбол тимот Бостон Ред сокс.
„Задоволен сум што процесот на продажба заврши успешно. Одборот ја прифати понудата на „Њу Ингланд спорт вентурес“ бидејќи компанијата ги исполнува сите услови кои ги побаравме“, наведува во соопштението кое го испрати до јавноста, претседателот на Одборот на Ливерпул, Мартин Бротон.
Новите сопственици за Ливерпул ќе платат 300 милиони фунти. Петкратниот шампион на Европа до 15 октомври мора да го врати долгот од 273 милиони фунти во Кралската банка на Шкотска.
Американците Том Хикс и Џорџ Жилет го купија Ливерпул во февруари 2007 година за сума од 218,9 милиони фунти.
„ Сопствениците во Ливерпул имаат инвестирано повеќе од 270 милиони фунти. За време на нивниот мандат приходите речиси двојно се зголемија, а Ливерпул стана еден од најпрофитабилните клубови во Премиер лигата“, се вели во заедничкото соопштение на Хикс и Жилет.
Превирањата во Ливерпул започнаа по поразот од Блекпул на домашен терен, по кој „црвените“ паднаа на осумнаесеттото место на табелата, што преставува најлош старт на тимот уште од 1953 година. Предходно Ливерпул беше елиминиран од Лига купот од членот на четвртата дивизија, Нортемптон.
Во компанијата која го купува Ливерпул, главни „фаци“ се Џон Хенри, Том Вернер и Лери Лукино. Еден од приоритетите на новите сопственици на Ливерпул ќе биде изградба на нов стадион со поголем капацитет. Сегашниот дом на Ливерпул, стадионот „Енфилд“ има капацитет од 45.000 седишта.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.