Спорт
Целта е да не се загуби од силната Русија
Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер во Скопје ќе го одигра квалификацискиот натпревар против националниот тим на Русија.
Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер во Скопје ќе го одигра квалификацискиот натпревар против националниот тим на Русија.
Како предигра за натпреварот со првиот фаворит во Б квалификациската група за пласман на Еуро 2012, Македонија во петокот во Андора ја забележа првата победа во оваа група.
„Во Андора победивме, но не одигравме како што треба. Сепак сакам да им честитам на моите фудбалери, бидејќи го издржаа психолошкиот притисок“, изјави на денешната прес конференција селекторот Мирсад Јонуз.
Натпреварот против Русија ќе биде сосема различен од оној кој „црвено-жолтите“ го одиграа во Андора. „Зборнаја“ во Скопје доаѓа на криљата на победата во Даблин против Република Ирска. Русите на теренот ги предводи Аршавин, кој заедно со Кержаков треба да биде ударна игла во нападот на репрезентацијата, која од клупата ја предводи Дик Адвокат.
Селекторот на македонската репрезентација на оваа средба нема да може да смета на услугите на повредените Пандев, Попов и Тасевски.
„Играчите се релаксирани, атмосферата во репрезентацијата е добра, сите фудбалери се здрави. По вечерниот тренинг ќе ги одредам единаесетмината кои ќе истрчаат на теренот на овој за нас значаен натпревар. Против Русија ќе истрча тим кој на теренот ќе има конкретни задачи“, вели Јонуз.
Предводникот на Македонија смета, дека оваа репрезентација на Русија е посилна во сите елементи на фудбалската игра од онаа со која „црвено-жолтите“ играа пред четири години. Тогаш во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП во Австрија и Швајцарија, Македонија ги загуби двете средби. „Ќе бидам пресреќен ако победиме или ако извлечеме позитивен резултат“, истакна Јонуз.
Покрај натпреварот Македонија-Русија, утре во оваа Б група ќе се одиграат и натпреварите Словачка-Република Ирска и Ерменија-Андора.
По три кола во Б групата, три репрезентации, Република Ирска, Русија и Словачка имаат по шест бода, Ерменија и Македонија освоија по четири, Андора и на дното без освоен бод.
Утрешниот натпревар Македонија-Русија ќе започне во 20:30 часот.крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шекил: Сакам Симонс да ме научи како за 55 натпревари заработи 80 милиони долари
Изјавата на Шекил О’Нил во еден подкаст, во пресрет на почетокот на плеј-офот во НБА лигата, привлече големо внимание во САД.
Еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, саркастично одговори на прашањето за кои играчи би платил карта да ги гледа во живо.
„Бен Симонс, затоа што сакам да научам како можеш да заработиш 80 милиони, а да одиграш само 55 натпревари. Научи ме човеку. Научи ме како можеш да одиграш 55 натпревари во три сезони и да добиеш 30 милиони, 40 милиони и уште 40 милиони само за да рекол дека го боли грбот“, рече четирикратниот шампион во НБА.
Симонс во 2016 година беше прв пик на драфтот, го избра Филалделфија, во чии редови беше до 2022 година кога се пресели во Бруклин Нетс. За Бруклин во првата сезона одигра 40 натпревари, а оваа само 15.
Спорт
Педри и Де Јонг ќе бидат подготвени за ПСЖ
Фудбалерите на Барселона, Педри и Френки де Јонг, најверојатно ќе се вратат во тимот за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
„Педри и Де Јонг се повредија на почетокот на месецот на мечот против Атлетик Билбао (0:0) во шпанското првенство, но се опоравија и би можеле да бидат во тимот за дуелот во Париз“, пишува „Мундо депортиво“.
Според оовј извор, Педри веќе почнал сам да тренира, а Де Јонг се уште е на рехабилитација, но наскоро ќе почне да тренира. Лекарскиот тим на Барселона е уверен дека тој ќе биде подготвен за натпреварот против ПСЖ на 10 април.
Андреас Кристенсен и Роналд Араухо имаат проблем со ситни повреди и најверојатно поради претпазливост ќе го пропуштат претстојниот првенствен натпревар во Барселона против Лас Палмас.
Спорт
Тренер на Лестер доби отказ – бил во врска со фудбалерка од тимот
Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внатрешна истрага било откриено дека го прекршил кодексот на однесување.
Британските медиуми објавија дека Кирк е под истрага за наводна врска со фудбалерка од тимот.
Кирк првично беше суспендиран, а сега е отпуштен, со што заврши неговиот двегодишен престој во клубот.
„По опсежни внатрешни дисциплински постапки и почитување на индивидуалната приватност, Вили го прекрши кодексот на однесување до степен што ја прави неговата позиција неодржлива“, велат од клубот.
Тој му се приклучи на Лестер во јули 2022 година како спортски директор и ја замени Лидија Бедфорд на клупата четири месеци подоцна. Лестер моментално е деветти на табелата во англиската лига.