Спорт
13 заразени во Белененшеш со омикрон варијантата на коронавирусот
Португалските здравствени власти објавија дека кај 13 играчи на Белененшеш е откриена омикрон варијантата на коронавирусот. Еден играч минатата недела се вратил од Јужна Африка.
Омикрон варијантата била откриена по натпреварот Беленешеш-Бенфика 0:7. Во саботата Беленешеш со девет фудбалери го започна дуелот со Бенфика. Натпреварот потоа беше прекинат во 47. минута, откако во вториот дел овој тим на теренот излегол со седум фудбалери.
„Сите сме во изолација, исклучок е младиот тим кој не играше во саботата. Вкупно во карантин се 44 лица. Тројца играчи и исто толку членови на персоналот имаат благи симптоми. Чекаме здравствените власти да ни одобрат ново тестирање“, изјавил портпаролот на Белененшеш.
Пародијата предизвика големо внимание во фудбалскиот свет. Од двата клуба изјавија дека биле принудени да играат, го обвинија здравствените власти и португалската лига што не нашле доблест да го одложат натпреварот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Прв пат по седум години Гризман ќе пропушти натпревар на Франција
Напаѓачот на Атлетико Мадрид Антоан Гризман (32) ќе ја прекине рекордната серија од 84 последователни настапи за француската фудбалска репрезентација.
Поради повреда на скочниот зглоб, Гризман ќе ги пропушти пријателските натпревари против Германија во Лион на 23 март и Чиле во Марсеј три дена подоцна.
Гризман се повреди пред три недели, во текот на првиот осминафинален меч против Интер во Лигата на шампионите. Не играше до реваншот со Интер, кога се врати во тимот и со својот гол му помогна на Атлетико да се пласира во четвртфиналето. Во неделата против Барселона играше само во второто полувреме.
Напаѓачот на Атлетико играше за „триколорите“ во последните седум години. На местото на гризман, селекторот Дидие Дешамп го повика играчот од средниот ред на Лацио, Матео Гуендузи.
За француската репрезентација Гризман на 127 настапи постигна 44 гола.
Спорт
Аргентина без Меси против Ел Салвадор и Костарика
Капитенот на Аргентина, Лео Меси ќе ги пропушти двата пријателски натпревари што ќе ги одигра светскиот шампион против Ел Салвадор (22 март) и Костарика (26 март). Двата натпревари ќе се играат во Соединетите Американски Држави.
Ѕвездата на Интер од Мајами се пожали на полесна повреда и постоеја шанси да биде во тимот на Аргентина, но сега е сигурно дека тоа нема да се случи,. Сепак, Лео ќе се приклучи во репрезентативниот камп во Филаделфија, за да им пружи морална поддршка на соиграчите.
Воедно, поради повреди Пауло Дибала и Маркос Сенеси од Бурнмаут нема да го носат дресот на Аргентина, па селекторот Лионел Скалони го повика капитенот на Бетис, Гвидо Родригез, кој се рехабилитираше од повредата.
„Целта на Меси и на клубот е да се врати на терените на почетокот на април, за четвртфиналниот натпревар од Купот на КОНКАКАФ“, изјави на оваа тема тренерот на Интер од Мајами, Херардо Мартино.
Во осминафиналето Интер го исфрли Нешвил, а токму на таа средба 36-годишниот аргентински ас заработи повреда на мускулот.
По голот и асистенцијата мораше предвреме да ја напушти играта, па не го ни одигра првенствениот натпревар против Ди-си Јунајтед пред неколку дена.
Спорт
Штрајх го напушта Фрајбург по повеќе од 12 години
Тренерот на Фрајбург, Кристијан Штрајх, по повеќе од 12 години ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, објави клубот. Штрајх, кој е на клупата на Фрајбург од јануари 2012 година, реши да не го продолжи договорот.
Штрајх, во Фрајбург кина 29 години, пред да го преземе првиот тим, ги тренираше младинските категории.
„Долго размислував и имав многу дискусии, но верувам дека е вистинско време да отстапам место на нова енергија, нови луѓе и нови можности“, вели 58-годишниот Штрајх во видеото објавено на клупската веб-страница.
Под негово водство, Фрајбург го доживеа најпросперитетниот период во својата историја. Во сезоната 2022/23 првпат во историјата го одведе клубот до осминафиналето на Лигата на Европа, а во 2022 година не успеа да го постигне најголемиот успех, Фрајбург го загуби од Лајпциг финалниот меч во Купот на Германија.
Штрајх добиваше понуди од неколку германски клубови со поголеми буџети, но секогаш избираше да остане во Фрајбург.