Спорт
Арсенал на чекор до посакуваната четворка

Офанзивниот бек на Арсенал,Бакари Сања се надева дека неговата екипа ќе успее да го надмине тимот на Астон Вила и со тоа да се врати на местото кое води во Лигата на шампионите.
Составот од Лондон имаше серија од четири нерешени натпревари со резултат 0-0, по што се одалечи од позициите кои водат во Лигата на шампионите.Топџиите на гостувањето кај Вест Бромвич конечно дојдоа до победа од 3-1,а синоќа Астон Вила загуби на гостувањето кај Манчестер Сити со резултат од 2-0 .Сега разликата помеѓу Астон Вила и Арсенал е само три бода и Сања е уверен дека неговиот тим ќе дојде до четвртата позиција.„Можеме да ја стигнеме Вила доколку играме добро а играме добро во последните неколку натпревари. Победата над Вест Бромвич ни дава голема самодоверба бидејќи имавме многу нерешени. Се надевам дека ова ќе ни помогне психички. Треба да гледаме позитивно на работите”, изјави Сања за англиските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Манчестер сити го наградија Лапорт со подобрен договор

Ајмерик Лапорт потпиша двегодишно продолжување на договорот со Манчестер сити, со кое ќе остане на „Етихад“ до 2025 година. Бекот дојде во Англија од Атлетик Билбао во јануари 2018 година како еден од најскапите одбранбени фудбалери на светот, и оттогаш е незаменлив дел од тимот на Пеп Гвардиола.
„Пресреќен сум што можам да се обврзам со Манчестер сити. Од моментот кога дојдов тука, се чувствувам добредојден од Пеп и од сите фудбалери. Овој клуб ми нуди сѐ што е потребно да станам подобар фудбалер. Сакам да освојувам титули со клубот“, вели Лапорт.
24-годишниот Лапорт дојде за сума од 57 милиони фунти. Директорот на фудбал на Сити, Чики Бегиристаин вели дека веднаш се забележал талентот на Французинот, кој иронично, не го викаат во репрезентацијата.
„Ајмерик е огромен талент и ова е момент за прослава за нас. Кога дојде тука знаевме дека е фудбалер со исклучителен потенцијал, но подобрувањето на формата во овие 12 месеци беше исклучително“, вели Бегиристаин.
Фото: ЕПА
— Manchester City (@ManCity) February 22, 2019
Спорт
Газдата на НФЛ шампионите Петриотс одел по проститутки

Против Роберт Крафт, сопственикот на актуелниот НФЛ Супер бол шампион, Њу Ингланд петриотс има две обвиненија за посета на проститутки во Џупитер, Флорида, потврди локалната полиција. 77-годишниот Крафт е еден од дваесетината обвинети како дел од полициска акција.
Крафт го купи Петриотс пред 25 години, и оттогаш тој стана најуспешниот тим во НФЛ лигата, со 10 настапи во Супер бол натпреварите и шест титули, вклучувајќи го и последниот Супер бол 53. Тој се смета за еден од најмоќните луѓе во НФЛ лигата.
Покрај тоа, Крафт е добар пријател и со американскиот претседател Доналд Трамп, кој призна дека навива за неговиот тим.
Спорт
Танкоски го предводеше Металург до супер победа во Букурешт

Металург ја забележа својата трета победа во регионалната СЕХА-лига кога младиот состав успеа да го излечи проблемот второ полувреме и со неверојатен камбек стигна до 28:26 (11:12) победа на гостувањето кај Стеауа Букурешт.
Деби-сезоната на Стеауа во регионалното натпреварување ќе заврши без настап на фајналфор, но романскиот клуб во моментот има посилен тим од Металург и тоа го покажа кога во второто полувреме направи предност од максимални пет гола разлика (19:14, 20:15).
Меѓутоа, потоа следуваше фантастичниот камбек на Металург, предводен од 20-годишниот Марио Танкоски, кој мечот го заврши со 9 гола за македонскиот клуб, на две минути до крајот да дојде до само втората предност на мечот. Нервите го направија своето, но Мартин Серафимов и Милан Лазаревски постигнаа голови во интересниот финиш за заслужена победа.
Фото: СЕХА
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа