Спорт
Хет-трик на Пипо за убедлива победа на Милан
Со хет-трикот на Пипо Инзаги милан убедливо ја совлада Аталанта, Томазо Роки му донесе победа на Лацио на гостувањето кај Наполи, Фиорентина на домашен терен загуби од Палермо.
Милан убедлво со 3-0 славеше на Сан Сиро над Аталанта, Пипо беше звезда на натпреварот постигнувајќи ги сите три гола за Росоњерите. Милан рано го скрши отпорот на Аталанта, по само седум минути игра асистенција на Јанкуловски, Пипо на вистинското место за 1-0. Во 71та минута Инзаги избегна офсајд замка, го помина и голманот на гостите и погоди за 2-0. Три минути подоцна одлично еден-два проигрување на Замброта и Јанкуловски, асистенција до Пипо кој го постави конечниот резултат од 3-0. Лацио дојде до големи три бода од гостувањето кај Наполи, тимот од Рим победи со 2-0. Томазо Роки му ја донесе победата на Лацио, влезе во 56та минута на местото на Зарате и одма блесна. Во својот прв допир со топката, во 57та минута му донесе водство на Лацио од 1-0. Осум минути подоцна го постави и конечниот резултат од 2-0. Горан Пандев ги одигра сите 90 минути за Лацио. Палермо ја изненади Фиорентина на нејзин терен со 2-0. Симплицио во 48та минута погоди за 1-0, Миколи во 56та го постигна вториот гол за Палермо. Болоња убедливо со 3-0 славеше над Сампдорија, значајни три бода за тимот на Синиша Михајловиќ. Пред крајот на првиот дел Ди Ваијо погоди за водство на домаќините од 1-0. Истиот фудбалер во финишот во 87та и 90та минута постигна уште два гола и со хет-три го постави конечниот резултат од 3-0. Победа од 3-0 забележа и Сиена на гостувањето кај Катанија. Макароне во 9та минута го отвори резултатот, Гезал во 70та зголеми на 2-0, Јаролим во 90та погоди за конечни 3-0. Киеви и Каљари ги поделија бодовите играјќи 1-1. Гостите со голот на Џеда во 28та минута погоди за 1-0, Макинва во 55та му донесе бод на Киево. Лече и Реџина одиграа без голови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Братот на Никола Јокиќ удрил навивач
Братот на Никола Јокиќ, Страхиња влегол во конфликт со навивач по мечот меѓу Денвер и ЛА Лејкерс.
Нагетс поведоа со 2-0 во серијата, благодарение на кошот, кој со звукот насирената го постигна Џамал Мареј (101:99), но едено видео кое се појави по натпреварот ја шокираше јавноста.
На снимката се гледа како братот на Никола, Страхиња слегува и удира навивач.
На трибините беа и вториот брат на кошаркарот на Денвер, Немања и неговата сопругата Наталија и ќерката Огњена.
Следниот натпревар помеѓу Лејкерс и Нагетс е закажан во Лос Анџелес во петок од 4 часот.
The Jokic bros fighting fans last night 😳
(Via cgallegos67 / h/t @ClutchPoints )
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 23, 2024
Спорт
Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните
Дисциплинскиот судија во Серија А експресно ги одреди казните за играчите кои синоќа беа исклучени на натпреварот помеѓу Милан и Интер во 33. коло од Серија А. Интер славеше со 2.1 и ја обезбеди титулата на пет кола до крајот на сезоната.
Капитенот на Милан, Давиде Калабрија, доби црвен картон во 97.минута, откако го удри без топка Давиде Фратези. Тој е суспендиран на два натпревари.
Во петтата минута од судиското надополнување дојде до тепачка помеѓу играчот на Милан, Тео Ернандез и играчот на Интер, Дензел Дамфрис, по што и двајцата добија црвени картони. Тие ќе пропуштат еден натпревар.
Дисциплинскиот судија им изрече и парични казни од по 10.000 евра.
Спорт
Покетино: Лукаку е играч на Челси
Ромелу Лукаку, во целост ја оживеа кариерата во Рома. Клубот има можност да го откупи неговиот договор, но прашање е дали има пари да вложи во трансферот на Белгиецот.
Лукаку не успеа да се наметне во Челси, самиот побара да замине, а неколку пати изјави дека нема намера да се враќа во Лондон. Минатата сезона ја мина во Интер, а оваа е во Рома.
За статусот на курпулентниот Белгиец проговори и тренерот на сините, Маурисио Покетино.
„Тој е играч на Челзи, па ќе обрнеме внимание на него. Ваков став во овој момент има клубот, но се уште немаме донесено никаква одлука“, изјави Покетино.
Лукаку оваа сезона постигна 18 гола на 41 натпревар за Рома во сите натпреварувања.