Контакт

Спорт

Ливерпул и Челзи повторно заедно

Објавено пред

Четврт финалињата во знак на англиската пресметка меѓу Ливерпул и Челзи.

Познати се двојките за 1/4-финалето во Лигата на Шампионите. Ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион сакаше во оваа фаза од натпреварувањето силите да ги одмерат:Виљареал – Арсенал,Манчестер Јунајтед – Порто,Ливерпул – Челзи,Барселона – Баерн Минхен.Првите мечеви од 1/4-финалето се играат на 7 и 8 април, реваншите се на 14 и 15 април. Во полуфиналето, кое на програмата е на 28/29 април и 5/6 мај, ќе играат:Манчестер Јунајтед/Порто – Виљареал/АрсеналБарселона/Баерн – Ливерпул/ЧелзиФиналето од ЛШ се игра во Рим на 27 мај.И во седиштето на УЕФА во Нион беше извршена ждрепката за 1/4-финалето во Купот на УЕФА.Ждрепката сакаше во оваа фаза од натпреварувањето силите да ги одмерат:Хамбургер – Манчестер Сити,Парис Сент Жермен – Динамо Киев,Шахтјор – Марсеј,Бремен – Удинезе.Првите мечеви од 1/4-финалето се играат на 9 април, реваншите се на 16 истиот месец, додека полуфиналињата на програмата се на 30 април, односно 7 мај. Во полуфиналето ќе се сретнатПСЖ/ Динамо Киев – Шахтјор/ Марсеј иХамбургер/Манчестер Сити – Вердер/Удинезе.Финалето од Купот на УЕФА е на 20 мај во Истанбул.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Капитенот Пандев и селекторот Ангеловски едногласни – Модриќ и Дешам!

По доделувањето на наградите на ФИФА, светската куќа на фудбалот ги објави и детално гласовите на капитените и селекторите на членките на ФИФА, а од нашата репрезентација сигурно гласаа за победниците.
Капитенот Горан Пандев го избра победникот Лука Мо…

Објавено пред

По доделувањето на наградите на ФИФА, светската куќа на фудбалот ги објави и детално гласовите на капитените и селекторите на членките на ФИФА, а од нашата репрезентација сигурно гласаа за победниците.

Капитенот Горан Пандев го избра победникот Лука Модриќ на првото место, пред Антоан Гризман (Атлетико) и Кристијано Роналдо (Реал Мадрид/Јувентус), додека за селекторите гласовите ги додели на Дидие Дешам (Франција), Златко Далиќ (Хрватска) и Зинедин Зидан (Реал Мадрид).

Селекторот Игор Ангеловски имаше малку поинаков и поеклектичен избор на фудбалери, иако го издвои Модриќ како најдобар пред Рафаел Варан (Реал Мадрид/Франција) и Кевин де Бројне (Манчестер сити/Белгија). Кај своите колеги, Ангеловски го избра Дешам како победник пред Далиќ и Зидан.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Спорт

Фенер и Бешкиташ со поделба на бодови во жестокото дерби на Истанбул (видео)

Последниот натпревар од шестото коло во турската Суперлига беше лутото градско дерби меѓу Фенербахче на нашиот Елиф Елмас и Бешикташ, кое заврши израмнето 1:1.
Рајан Бабел го постигна првиот гол на мечот, носејќи им водство на Бешикташ во 40-тата минут…

Објавено пред

Последниот натпревар од шестото коло во турската Суперлига беше лутото градско дерби меѓу Фенербахче на нашиот Елиф Елмас и Бешикташ, кое заврши израмнето 1:1.

Рајан Бабел го постигна првиот гол на мечот, носејќи им водство на Бешикташ во 40-тата минута од мечот, а израмнувачкиот гол беше дело на Андре Ају во 70-тата минута. Елмас влезе во игра во 54. минута од мечот.

По ремито, Бешикташ е на четвртото место на табелата со 11 поени, додека Фенер по слабиот старт е само 13-ти со 7 поени.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Спорт

Модриќ е „кралот“ на светот

Лука Модриќ очекувано е избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, комплетирајќи ја неверојатната година во која со Реал Мадрид стигна до третата титула во низа во Лигата на шампионите, а ги предводеше и Хрватска до историското сребро на СП во Рус…

Објавено пред

Лука Модриќ очекувано е избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, комплетирајќи ја неверојатната година во која со Реал Мадрид стигна до третата титула во низа во Лигата на шампионите, а ги предводеше и Хрватска до историското сребро на СП во Русија, каде што ја доби „златната топка“  како најдобар фудбалер на турнирот.

Модриќ ги совлада својот поранешен клупски колега Кристијано Роналдо (кој не беше присутен на изборот во Лондон), како и Мохамед Салах, египетскиот „фараон“ на фудбалот, кој како „утешна“ награда си замина дома со „Пушкаш“ наградата за најдобар гол во сезоната.

„Вистинска чест и прекрасно чувство е да се стои тука со овој неверојатен трофеј. Прво сакам да им честитам на Мохамед и Кристијано и сигурен сум дека повторно ќе се борат за овој трофеј. Наградата не е само моја, туку и на моите соиграчи од Реал Мадрид и хрватската репрезентација. Без моите тренери немаше да го освојам ова, без моето семејство немаше да бидам фудбалерот кој сум денеска. Би сакал да го споменам мојот фудбалски идол и капитенот на тимот од 1998 година, Звонимир Бобан, кој секогаш ми е инспирација. Оваа награда покажува дека можеш на врвот со напорна работа и посветеност. Соништата се остваруваат“, изјави Модриќ.

33-годишниот Хрват, со ова ги обедини титулите на ФИФА и УЕФА, која претходно го прогласи за најдобар европски фудбалер, и сега влегува како голем фаворит и во изборот за најпрестижната награда „Балон д’ор“ на „Франс фудбал“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија10 часа

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Македонија10 часа

Поднесено обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички...

Македонија11 час

Димитров: Со четири амандмани ќе се менува Уставот, сè уште не се напишани, ниту преговарани

Уставите андамани не се напишани, ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи,...

Македонија12 часа

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Вчера, во текот на ноќта, дури 120 лица побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница кога почувствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија13 часа

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет14 часа

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија14 часа

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ15 часа

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести15 часа

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа15 часа

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет16 часа

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Македонија1 ден

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Култура1 ден

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на...

Македонија1 ден

Видео порака на Столтенберг: Вратата е отворена, ве чекаме во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео порака се обрати до македонската јавност и ја повика да одлучи дали...

Македонија1 ден

16 лица се затруле од сендвичи во Виница, петмина се во болница

Од минатата сабота до денеска, околу 50 лица од Виница се затруле од храна во различни угостителски објекти во градот....

Македонија1 ден

Бујар Османи со 40 претставници од Македонија в четврток на скрининг во Брисел  

Со досега најголема делегација од над 40 претставници в четврток, главниот политички преговарач Бујар Османи заминува во Брисел. Европската комисија...

Македонија2 дена

(Видео) МВР ќе казнува и за активности на интернет за спречување на правото на глас

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамки на подготовките за одржување на референдумот денес соопшти дека полицијата е на...

Македонија2 дена

Трка на бизнис секторот, најбрзи и годинава Министерство за финансии

Тимот од Министерството за финансии на чело со министерот Драган Тевдовски и годинава беше најбрз на бизнис трката покрај Вардар во...

Топ2 дена

Кај Лојане за неколку дена откриени над 120 мигранти

Полицијата за неколку дена открила 13 случаи со мигранти кои се обиделе илегално да ја преминат границата кон Србија. Како...

Досие