Контакт

Спорт

Фени И. и Ф. Работнички веќе тренираат во Самоков

Објавено пред

Денеска во Самоков, Бугарија, пристигнаа сите четири тима кои утре и задутре ќе се борат за првата титула Балкански клупски шампион во кошарка.

Фајнал Фор турнирот од БИБЛ лигата ќе биде исполнет и со двата македонски преставници, Фершпед Работнички и Фени Индустри кои утре ќе ги одмерат силите во полуфиналето. Според информациите од Самоков, по пристигнувањето вчера, и Фени И. и Ф. Работнички почнале со први тренинзи во салата каде ќе се одржат финалните борби. Се очекува голем интерес за завршниот турнир, кој е најава за уште посилно натпреварување во втората година од одржувањето. За утре во 11.30 ч е закажана првата прес-конференција пред полуфиналињата. Прес-конференција ќе има и задутре пред финалето. Спортскиот директор на Еврохолд, Асен Христов, најави дека на прес-конференција ќе ги изложи деталите за проширувањето на Балканската лига и во Грција, Турција, Израел и Црна Гора.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Надал му одржа час по тенис на Циципас

Рафаел Надал го декласира Стефанос Циципас во полу-финалето на Австралија опен. Шпанецот за еден час и 46 минути го победи грчкиот тенисер со 6/2, 6/4, 6/0. Надал има беспрекорен учинок во досегашниот тек од турнирот, досега не загуби ниту еден сет, а …

Објавено пред

Рафаел Надал го декласира Стефанос Циципас во полу-финалето на Австралија опен. Шпанецот за еден час и 46 минути го победи грчкиот тенисер со 6/2, 6/4, 6/0. Надал има беспрекорен учинок во досегашниот тек од турнирот, досега не загуби ниту еден сет, а на противниците им дозволи само два брејка.

Надал, против 21-годишниот Циципас кој во осмина-финалето го елиминираше Роџер Федерер, ја демонстрираше својата моќ и во ниту еден момент не му дозволи на Гркот да почувствува дека мечот може да има поинаков исход.

Дел од квалитетите Циципас покажа само во вториот сет, во кој потклекна во деветтиот гем кога Надал направи брејк.

Во првиот, а особено во третиот сет на теренот постоеше само Надал. Првиот го реши на почетокот, со брејк во третиот гем, а во третиот не му препушти ниту гем на противникот.

Надал в недела шести пат ќе игра во финалето на Австралија опен. Во претходните пет финалиња победил само еднаш, во 2009 година.

Противник во финалето ќе му биде победникот од второто полу-финале во кое ќе играат Новак Ѓоковиќ и Лука Пуи. Овие двајца ќе се соочуват утре, од 9.30 часот по македонско време.

Прикажи повеќе...

Спорт

Продолжи потрагата по Сала и пилотот

Потрагата по исчезнатиот авион во кој биле аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала и пилотот, продолжи во каналот Ламанш. Надлежните, утрово одржале состанок, на кој решиле потрагата да продолжи, иако никој не е оптимист дека исходот ќе биде позитивен.
П…

Објавено пред

Потрагата по исчезнатиот авион во кој биле аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала и пилотот продолжи во каналот Ла Манш. Надлежните утрово одржале состанок, на кој решиле потрагата да продолжи, иако никој не е оптимист дека исходот ќе биде позитивен.

Потрагата почна во понеделникот вечерта, кога авионот исчезнал од радарите, а целодневните потраги продолжија во вторникот и средата.

Шефот на воздушната спасувачка служба, Џон Фицџералд, вчера изјавил дека во условите што изминатите денови владеат во Ла Манш, човек не може да преживее повеќе од еден час.

Покрај фудбалерот Емилијано Сала, во авионот бил и пилотот Дејвид Иботсон.

Претставниците на спасувачките служби стојат на ставот дека постојат минимални шанси фудбалерот и пилотот да бидат пронајдени живи.

Сала патуваше од Нант за Кардиф каде што требаше да им се приклучи на новите соиграчи. Кардиф за трансферот на Сала издвои 18 милиони евра, што е клупски рекорд.

Прикажи повеќе...

Спорт

Крвниците на Хрватска предлагаат револуционерни промени во ракометот

Ракометните фанови, особено оние во Хрватска и регионот, добро знаат кои се Мадс Хансен и Мартин Гјединг. Овие двајца судии „дебело“ ја оштетија Хрватска против Германија, во претпоследното коло, во втората фаза на Светското првенство. Хрватите беа пор…

Објавено пред

Ракометните фанови, особено оние во Хрватска и регионот, добро знаат кои се Мадс Хансен и Мартин Гјединг. Овие двајца судии „дебело“ ја оштетија Хрватска против Германија, во претпоследното коло, во втората фаза на Светското првенство. Хрватите беа поразени (21:22) и останаа без шанси да стигнат до полу-финалето.

Коментарите на одлуката да му досудат на Карачиќ пробивање, во последната минута, кога Хрватска имаше гол негатива, предизвика бескраен бес кај ракометарите и стручниот штаб на Хрватска.

Лино Червар беше најжесток во коментарите, бараше „судиите да одат затвор“ и тврдеше дека во Келн „се случил грабеж“.

Хансен и Гједлинг се свесни дека погрешиле во клучниот момент на мечот, поради тоа предлагаат видео-технологија повеќе да се користи во ракометот.

Видео-технологија постои во ракометот, но се користи само во исклучителни ситуации.

Данските судии предлагаат да се воведе челинџ, каков што постои нпр. во тенисот или одбојката. Користењето на челинџот би било ограничено, а прегледување на снимката би можеле да бараат само тренерите.

„Штета што не постоеше челинџ во овој натпревар, сигурно ќе донесев поинаква одлука, убеден сум во тоа. Немаше да биде потребно долго да ја гледам снимката за да видам дека сум згрешил“, рекол Мартин Гједлинг, човекот кој го досуди непостоечкиот прекршок.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Ќосето до Ѓорчев: Требаше досега да ги посетиш фамилиите на затворените за 27, а не откако најави кандидатура за претседател

Горан Ангелов-Ќосето обвинет за случувањата од „крвавиот четврток“ преку социјалните мрежи му се обрати на пратеникот Влатко Ѓорчев, велејќи дека...

Македонија19 минути

Агенцијата за медиуми го испитува сопствеништвото на 1ТВ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми поведува постапка против 1 ТВ поради наводно скриено сопствеништво. На утрешната седница на дневен...

Македонија1 час

СЈО бара да им биде продолжен куќниот притвор на Камчев и Мијалков

За сите осомничени во истрагата ,,Империја”, СЈО бара да им биде продолжен куќниот притвор бидејќи сè уште постојат причините за...

Македонија3 часа

Граѓаните на пешачки маратон во МРТ, лифтовите на поправка

Речиси една недела не работи ниту еден од четирите лифтови во зградата на Македонската радио-телевизија каде што се сместени и...

Регион3 часа

Грчките пратеници вечерва ќе гласаат за ратификација на договорот за името

Вториот ден од дебатата за преспанскиот договор, на пленарната седница во грчкиот парламент, ќе биде заокружена доцна вечерва, кога се...

Македонија3 часа

(Видео) Закани до обвинителите на СЈО: „Фатиме е наша, а на тој каурот ќе му ја расплачеме фамилијата“

Во кривичниот суд во Скопје повторно се одложи рочиштето за предметот на СЈО „Титанк 3“, во кој обвинети се Ејуп...

Македонија3 часа

Мијалков на 31 јануари ќе го испрашува свиркачот Лазаревски

Судењето за предметот „Таргет-Тврдина“, кое се однесува на незаконското следење на комуникации, е одложено за 31 јануари. Свиркачот Ѓорги Лазаревски...

Македонија5 часа

Каракамишева: Венециската комисија поради притисоците испрати писмо до Османи и Заев

Венециската комисија испратила писмо до Кабинетот за вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, и до премиерот Зоран Заев во кое се...

Свет5 часа

Кинески воени авиони ,,покажувале сила” летајќи во близина на Тајван

Кинески воен авион „сухој Су-30“и транспортен авион „шансји Ј-8“ на Ослободителната војска на Кина (ПЛА) прелетале над каналот Баши меѓу...

Македонија5 часа

На 12 март одново ќе почне судењето за набавката на 300 полициски „шкоди“

На 12 март, во 10 часот, во кривичниот суд во Скопје одново ќе почне судењето за предметот „Триста“ на СЈО,...

Свет6 часа

Најмалку 5 мртви во заложничката криза во банка на Флорида

Вооружен напаѓач упаднал во банка во Флорида и се забарикадирал внатре, а потоа се јавил на бројот за итни случаи...

Свет7 часа

САД одбиваат да ги повлечат дипломатите од Венецуела

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, одби да ги повлече американските дипломати од Каракас тврдејќи дека владата што ги прекинала дипломатските...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не сакаат да се договорат за една изборна единица

Многуте повици од помалите партии за измени на Изборниот законик, со кои ќе се воведе една изборна единица и отворени...

Анализи22 часа

Политиката го подели СЈО на табори

„Чарлиевите ангели“ ги нема. Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи речиси една година не се појавуваат на заеднички прес-конференции....

Македонија22 часа

Ѓорчев: Не се грижам кој ќе биде противкандидат од СДСМ, тие го излажаа народот

Без да одговара на новинарски прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев ја објави кандидатурата за претседател на државата. Тој повеќе...

Истражувања1 ден

(Видео) „Лимак“ и Градот ги изиграа скопјани, се гради хотел место прво да се изгради подземната сообраќајница

Место прво да ја изгради подземната сообраќајница па потоа да ги гради содржините над земја, турската компанија „Лимак“ кај Стара...

Македонија1 ден

Врховните судии ќе расправаат дали СЈО може да отвора истраги и да презема предмети

Адвокати на обвинети во предметите на специјалното јавно обвинителство, преку неколку иницијативи, бараат од Врховен начелно правно мислење за постапките...

Македонија1 ден

Нимиц: Длабоки и опасни последици ако не успее преспанскиот договор

Специјалниот пратеник на Обединетите нации, Метју Нимиц, предупредува дека пропаѓањето на преспанскиот договор би имало опасни последици за двете страни,...

Свет1 ден

Шпанските спасувачи во трка со времето – ќе успеат ли да го извлечат двегодишното дете од бунарот

Шпанските спасувачи се во трка со времето и неизвесно е дали ќе успеат да го извлечат двегодишното дете кое пред...

Македонија1 ден

Протестот за воздухот в сабота за едни политички за други неопходен

Нова најава за протест против загадувањето на воздухот од синоќа ги подели скопјани на верници и луѓе кои повеќе не...

Досие