Контакт

Спорт

Илиевски по ново изненадување во Барселона

Објавено пред

Најдобрите европски кошаркарски состави вечерва ќе ги одиграат вторите дуели од четвртфиналната серија во Евролигата.

Првиот дуел и денеска како и пред два дена ќе се одигра во Москва, каде екипата на Партизан му гостува на составот на ЦСКА. Во првиот дуел Русите славеа и поведоа со 1:0 во серијата до три победи. Покрај оваа средба вечерва возбудливо ќе биде уште на три места. Тау Керамика на Владо Илиевски повторно ја напаѓа Барселона. Откако на првата средба славеше на гости во Каталонија, Тау Керамика сега ќе се обиде да направи уште една сензација и да стигне на само една победа до полуфиналето. Олимпијакос и Панатинаикос на домаен терен се намачија на првите дуели со Реал (М), односно Монтепаски. Особено тежок дуел имаше Олимпијакос, па сега останува да се види дали гостите имаат сили да се надеваат на први победи токму на денешните средби. ЕВРОЛИГА – 1/4 ФИНАЛЕ:(Втори средби): ЦСКА (М) – Партизан (1:0)         18:15 Олимпијакос  Реал (М) (1:0)      19:45 Панатинаикос – Монтепаски (1:0)           20:45 Барселона – Тау Керамика (0:1) 20:45



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Шпанските медиуми дознаваат, Зидан од јуни на кормилото на Баерн!?

Мадридскиот портал „Окдиарио“ објави дека Баерн е во завршни преговори со Зинедин Зидан и дека е веќе договорено трофејниот Французин да го преземе кормилото на клубот од јуни идната година. Иако Зидан само 4 години е во тренерските води, сепак се чини…

Објавено пред

Мадридскиот портал „Окдиарио“ објави дека Баерн е во завршни преговори со Зинедин Зидан и дека е веќе договорено трофејниот Французин да го преземе кормилото на клубот од јуни идната година. Иако Зидан само 4 години е во тренерските води, сепак се чини со Реал Мадрид за краток период стигна до височините на занаетот, па за само една година успеа дури петпати да подигне трофеј како прв човек на „кралевите“ од Мадрид.

Ако се точни пишувањата на шпанските медиуми, тогаш актуелиот тренер Нико Ковач нема да може уште долго да биде стратег на Баварците, уште повеќе што јасно е дека нешто не „штима“ во соблекувалната на Баерн.

По минатонеделниот пораз од Борусија Дортмунд, сите зборуваат за промена на клупата во клубот, а на критиките кон Ковач се придружуваат и дел од фудбалерите, пред сè Франк Рибери, кој по дуелот со Борусија дури го нападна и коментаторот на мечот.

Нико Ковач, кој е екстренер на Ајнтрахт, со Баерн по 11 кола веќе киксна петпати, па трофејниот клуб сега е дури на 5. место на табелата во Бундес-лигата.

Прикажи повеќе...

Спорт

Поради повредите Радванска го „закачи рекетот на клин“

Полската тенисерка, Агњешка Радванска (29), поранешната втора најдобра тенисерка на светот, официјално го „закачи рекетот на клин“.
Трофејната тенисерка се прости од активното играње тенис оти нејзиното стапало, нејзиното тело, повеќе не можеше да ги и…

Објавено пред

Полската тенисерка, Агњешка Радванска (29), поранешната втора најдобра тенисерка на светот, официјално го „закачи рекетот на клин“.

Трофејната тенисерка се прости од активното играње тенис оти нејзиното стапало, нејзиното тело, повеќе не можеше да ги издржи напорите кои ги бара професионалниот спорт.

Таа по 13 години натпреварување одлучи да ја заврши кариерата, а притоа истакна дека во неизбришливо сеќавање ќе и остане одиграното финале на Вимблдон.

„За жал веќе не можам да тренирам и да играм како што сум навикната, моето тело не може да одговори на предизвиците. Стапалото на левата нога од трчањето ми е уништено, не може да издржи. Имам грчеви сред ноќ, не помагаат ни инекции“ – вели Радванска.

Агњешка Радванска е првата полска тенисерка која играла Гренд слем финале и прва која освоила ВТА титула, а во кариерата ги имала вкупно 20.

„Во текот на кариерата секогаш се трудев својата земја да ја преставувам на најдобар начин. Се надевам дека моите тениски натпревари носеа радост за сите“ емотивно истакна Радванска при објавата за крај на кариерата.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ѓоковиќ со фуриозен втор сет го „збриша“ Зверев за 78 минути во Лондон

Најдобриот светски тенисер во моментов, Србинот Новак Ѓоковиќ во второто коло од завршниот мастерс турнир во Лондон за 78 минути игра го победи петтиот на АТП ранг листата, Германецот Александар Зверев со вкупни 2:0 (6:4 и 6:1).
Ѓоковиќ, кој пред овој …

Објавено пред

Најдобриот светски тенисер во моментов, Србинот Новак Ѓоковиќ, во второто коло од завршниот мастерс-турнир во Лондон за 78 минути игра го победи петтиот на АТП-листата, Германецот Александар Зверев, со вкупни 2:0 (6:4 и 6:1).

Ѓоковиќ, кој пред овој меч против 10 години помладиот противник имаше скор 1:1 на АТП-турнирите, попладнево триумфот на мечот го најави со доминантна игра уште во првиот сет.

Резултатот на крајот на првиот сет беше 6:4 во полза на Србинот, а отпорот на Зверев беше скршен во последниот гем од сетот на негов сервис, што Ѓоковиќ успеа да го земе за пред сè ментална предност над противникот.

Предноста многу јасно се виде уште на почетокот на вториот сет. Ѓоковиќ со фуриозна игра буквално го разнесе противникот добивајќи го вториот сет со високи 6:1. Зверев успеа само да парира во првиот гем на свој сервис, а сè останато беше во „режија“ на Ноле.

Во групата А Ѓоковиќ сега има 2 победи од два меча, Зверев има по една победа и еден пораз, а останатите два учесника во групата, Марин Чилиќ и Џон Иснер, својот меч од второто коло ќе го одиграат вечерва од 21 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Мицкоски: Одговорност за бегството на Груевски треба да се бара од Заев и Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ повика одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски да...

Македонија2 часа

Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер

Унгарската влада за „Макфакс“ вели дека властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил, а со тоа да биде...

Македонија2 часа

Судот ги одби жалбите за „Империја“, Камчев ќе биде 30 дена во притвор

Кривичниот совет од скопска „единица“, составен од судиите Огнен Ставрев, Горан Бошевски и Васка Николовска-Масевска, ги одби жалбите на осомничените...

Македонија3 часа

Унгарски медиуми: Законот е сменет, унгарската влада треба Груевски веднаш да го врати назад

Унгарските медиуми се полни со вести за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Тие пренесуваат дека портпаролот на...

Македонија4 часа

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија5 часа

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија5 часа

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски, кој е во...

Македонија6 часа

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија6 часа

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Македонија7 часа

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на 26 ноември пред пратениците

Предлог-законот за амнестија на осомничените, осудените и обвинетите за 27 април доставен од ВМРО-ДПМНЕ пред пратениците ќе се најде на...

Свет7 часа

Снимка од разговор во случајот со Кашоги: Кажи му на шефот дека мисијата е извршена

Кусо по убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, член на саудискиот одред на...

Македонија8 часа

Стефанова: Јанакиески и Божиновски се подготвувале за бегство

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се подготвувале да бегаат. До вакви сознанија дошло специјалното јавно обвинителство, кое веднаш побарало од...

Македонија8 часа

(Видео) Јанкулоска: Нема причина да ми се определи притвор

Јас ги почитувам мерките за претпазливост, не постои никаква причина да се преиначат, изјави ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,...

Македонија9 часа

Судот потврди – Јанакиески и Божиновски притворени оти може да избегаат

Судот ја потврди информацијата дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски рано изутринава биле притворени поради опасност од бегство. „Кривичниот совет...

Македонија21 час

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија22 часа

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија23 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија24 часа

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија1 ден

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања1 ден

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Досие