Спорт
Португалија повторно на колена
Возбудувањата од квалификациите во викенд средбите завршија.
За многумина фаворитите ги совладаа противниците, но сепак како едно од најголемите изненадувања беше нерешениот резултат на средбата Португалија-Хветска, каде според многумина селекцијата на Кристијано Роналдо. лесно требаше да дојде до очекуваната победа.Група 1Малта – Данска 0:3 (0:2)Ларсен 12′, 23′, Нордстранд 89’Албанија – Унгарија 0:1 (0:1)Тергеле 38’Португалија – Шведска 0:0Табела: Данска 10, Унгарија 10, Португалија 6, Шведска 6, Албанија 6, Малта 1Група 2Луксембург – Летонија 0:4 (0:1)Карлсонс 25′, Кауна 49′, Вишнаковс 71′, Переплоткинс 85’Молдавија – Швајцарија 0:2 (0:1)Фрај 32′, Желсон 90’Израел – Грција 1:1 (0:1)Голан 55′ – Гекас 42’Табела: Грција 10, Швајцарија 10, Израел 9, Летонија 7, Луксембург 4, Молдавија 1Група 3Северна Ирска – Полска 3:2 (1:1)Фини 10′, Еванс 47′ Зевлаков 62′ – Јелен 27′, Сагановски 90+1’Словенија – Чешка 0:0Табела: Северна Ирска 10, Словачка 9, Чешка 8, Словенија 8, Полска 7, Сан Марино 0Група 4Русија – Азербејџан 2:0 (1:0)Павличенко 31′, Жирјанов 71’Велс – Финска 0:2 (0:1)Јохансон 42′, Кучи 89’Германија – Лихтенштајн 4:0 (2:0)Балак 4′, Јансен 9′, Швајнштајгер 48′, Подолски 50’Табела: Германија 13, Русија 9, Финска 7, Велс 6, Азербејџан и Лихтенштајн 1Група 5Ерменија – Естонија 2:2 (1:1)Мхитаријан 32′, Карамијан 88′ – Воскобојников 36′, Зењов 67’Белгија – Босна и Херцеговина 2:4 (0:1)Дембеле 65′, Сонк 89′ – Џеко 7′, Јахич 74′, Бајрамович 80′, Мисимович 85’Шпанија – Турција 1:0 (0:0)Пике 60’Табела: Шпанија 15, БиХ 9, Турција 8, Белгија 7, Естонија 2, Ерменија 1Група 7Романија – Србија 2:3 (0:2)Марика 50′, Стојка 74′ – Јовановиќ 18′, Стојка 44′(аг), Ивановиќ 59’Литванија – Франција 0:1 (0:0)Рибери 67’Табела: Србија 12, Литванија 9, Франција 7, Австрија 4, Романија 4, Фарски Острови 1Група 8Кипар – Грузија 2:1 (1:0)Константину 33′, Кристофи 55′ – Кобијашвили 71′(пен)Република Ирска – Бугарија 1:1 (1:0)Дан 1′ – Килбејб 77′(аг)Црна Гора – Италија 0:2 (0:1)Пирло 11′ (пен), Пацини 74’Табела: Италија 13, Република Ирска 11, Бугарија 4, Кипар 4, Црна Гора 2, Грузија 2Група 9Холандија – Шкотска 3:0 (2:0)Хунтелар 30′, Ван Перси 45′, Кајт 77’Табела: Холандија 12, Шкотска 4, Исланд 4, Македонија 3, Норвешка 2.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.