Контакт

Спорт

Норвешкиот фудбалски судија Оверебо „прошверцуван“" од Лондон со помош на британската полиција

Објавено пред

Норвешкиот фудбалски судија Том Хенинг Оверебо е прошверцуван од Лондон и Велика Британија за Осло во Норвешка, со помош на британската полиција, откако биле примени пораки со „смртна закана“, по синоќешниот меч меѓу „Челзи“ и „Барселона“ во полуфиналето на Лигата на шампионите

dobivaj vesti na viber

Новинските агенции пренесуваат дека претставник на полицијата потврдил дека постоела загриженост за личната безбедност на Норвежанецот и прво го промениле хотелот во Лондон во кој тој престојувал, а потоа организирале и тајно префрлање за Осло, каде овој судија живее.Полицијата во Норвешка соопштила дека „темелно ќе ги испита“ заканите со смрт што фудбалскиот судија ги примил преку интернет.„Прошверцувањето“ на судијата Оверебо, со полициска заштита, било извршено утринава, но некои поранешни англиски фудбалски судии во изјави за британските медиуми тврдат дека сето тоа било непотребно и дека промената на хотелот била сосема доволна мерка.Навивачите на „Челзи“, како и британските медиуми му забележуваат на норвешкиот судија за голем број грешки што тој ги направил во текот на синоќешниот меч, тврдејќи дека тие директно влијаеле на резултатот и истакнувајќи ги во преден план „неколкуте очигледни пенали“ што тој не ги досудил во полза на домаќините.Сите медиуми меѓутоа предупредуваат дека УЕФА би можела да го санкционира однесувањето на фудбалерите на „Челзи“, за време и по натпреварот, посочувајќи ги пред се Михаел Балак и Дидие Дрогба. Судијата го напушти теренот на „Стенфорд Бриџ“ во Лондон, во придружба на редарите на мечот.„Челзи“ не успеа да влезе вторпат едно по друго во финалето на Лигата на шампионите, откако прими гол во последните секунди од продолжението на натпреварот со шпанскиот првак „Барселона“.Тренерот на лондонскиот клуб, Гус Хидинк ги отфрли тврдењата дека постои „заговор“ на УЕФА за да не се случи уште едно англиско финале во Лигата, нарекувајќи ги „претерани“, но го оправдува револтот на своте играчи поради начинот на кој беше делена фудбалската правда.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Тајсон Фјури се враќа во рингот за „трилогија“ со Чисора

Објавено пред

Светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури вели дека се враќа на боксот со нов тренер за да комплетира „трилогија“ против британскиот сонародник Дерек Чисора.

dobivaj vesti na viber

Британецот во април, по победата над Дилијан Вајт на „Вембли“ изјави дека ветил на својата сопруга дека ќе се повлече од боксот, по што тврдеше дека ќе се врати за 500 милиони фунти, но сега ја смени приказната.

„Решив да се вратам на боксот бидејќи можам да бидам првиот тешкаш во историјата со две трилогии, една со Дионтеј Вајлдер и втора со Дерек Чисора. Секогаш велев дека на крајот на кариерата ќе боксувам со Чисора, бидејќи ќе ги срушам сите рекорди“, вели Фјури на Инстаграм.

Фјури, кој не е поразен во својата кариера, имаше реми со Вајдер во 2018 во првиот меч, по што го победи во римечите во 2020 и 2021. Тој го има победено 38-годишниот Чисора во 2011 и 2014 година.

Следната недела пак, Антони Џошуа ќе има римеч со Олександер Усик за ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО појасите.

Прикажи повеќе...

Спорт

Не може да се откаже – Верати пак начекан со цигара

Објавено пред

Еден навивач на Пари Сен-Жермен го „начека“ Марко Верати како пуши цигара во својот автомобил во близинта на тренинг-центарот на францускиот клуб, покажувајќи дека еден од најдобрите фудбалери од средниот ред на денешницата едноставно не може да се откаже од својот порок.

dobivaj vesti na viber

Верати во видеото позира за фотографија со навивачот, кој потоа го потсетува: „Следниот пат, сокриј ја цигарата“.

Францускиот фудбалски експерт Жулиен Лоренс претходно зборуваше за животниот стил на Верати: „Тој може да оди на забави до 6 часот наутро, да пуши, да пие речиси секој ден. Мислам дека ако го имаше животниот стил на Кристијано Роналдо, којзнае до каде ќе стигнеше“.

Самиот Верати во 2019 во интервју за „Ле паризиен“ го објасни својот избор.

„Играме фудбал, но луѓето некогаш заборават дека сме обични луѓе. Имаме слободни денови да излеземе, да се опуштиме. Но, не ми е грижа, секој има право на свое мислење. Нека ме судат за работите кои ги правам на теренот, но не и за тие надвор од него“, изјави тогаш Верати.

Верати едноставно не може без цигарите

Прикажи повеќе...

Спорт

Јувентус е блиску до потписот на Мемфис Депај

Објавено пред

Италијанскиот калчолигаш Јувентус го комплетира трансферот на Филип Костиќ од Ајнтрахт Франкфурт, а до крајот на оваа недела би можел да го доведе и Мемфис Депај од Барселона.

dobivaj vesti na viber

Агентите на Депај бараат од Барселона тој да биде пуштен како слободен агент, а потоа треба да потпише за Јувентус.

Депај е задоволен од понудата на Јувентус и фактот дека ќе игра за клуб кој ќе се бори за трофеи во новата сезона.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

Нови 693 позитивни на Ковид-19, починати се две лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.480 тестови,...

Економија5 часа

Државата нема контрола како се враќаат парите од ковид-мерките, тоа ќе ја чини 23 милиони евра

Државата не предвидела како ќе го контролира враќањето на доделените средства за финансиска поддршка на работодавците и физичките лица за...

Македонија6 часа

Нема хоспитализиран пациент со мајмунски сипаници на Клиниката за инфективни болести

Нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници, информираат од Клиниката за инфективни болести. „Во врска со пациентот што се споменува...

Европа6 часа

Полскиот премиер ја обвини ЕУ за империјалистичко однесување кон помалите членки

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја обвини Европската Унија за империјалистичко однесување кон помалите членки во статија објавена на веб-страницата „Велт“...

Свет6 часа

Хаос на аеродром во Париз, маж се заканувал со нож, полицијата го убила

На парискиот аеродром „Шарл де Гол“ полицијата отворила оган врз маж вооружен со нож, јавува BFMTV повикувајќи се на неименуван...

Македонија8 часа

Гори борова и дабова шума во Охридско

Сè уште е активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, гори борова...

Свет8 часа

Кина најави нулта толеранција за сепаратистичките активности на Тајван

Предупредувањето од Пекинг, кој го смета Тајван за своја територија, дојде неколку дена по невидените воени вежби на Кина во...

Свет9 часа

Зеленски: Војната на Русија против Украина мора да заврши со ослободување на Крим

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека конфликтот со Русија нема да заврши додека не се ослободи црноморскиот полуостров Крим,...

Свет9 часа

Јенс Столтенберг: Србија со години е близок партнер на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, оцени дека Северноатлантскиот сојуз е долгорочен и близок партнер со Србија велејќи дека партнерството...

Свет9 часа

Русија: Од почетокот на август од Украина се извезени 370.000 тони храна

Над 370.000 тони храна се извезени од украинските пристаништа во 12 брода од почетокот на август, изјави шефот на рускиот...

Свет9 часа

Во експлозија на аеродромот на Крим загина едно лице, а осум се повредени

Едно лице загина, а осум се повредени во инцидент на аеродром на Крим, соопшти локалното Министерство за здравство. „Бројот на...

Свет22 часа

Нов вирус се појави во Кина: Заразени 35 луѓе – имаат треска, замор, кашлица, анорексија

Нов тип на хенипавирус добиен од животинско потекло, Langia henipavirus, кој може да зарази луѓе е пронајден во источната кинеска...

Свет23 часа

Поранешен шеф на кампањата на Трамп: Споделив доверливи информации со Русите

Пол Манафорт, кој беше менаџер на кампањата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2016 година, призна дека споделил доверливи...

Македонија1 ден

МОН го повлекува учебникот по Социологија за втора година гимназиско образование

Министерството за образование и наука информира дека е формирана Комисија за давање предлог за повлекување од употреба на одобрен учебник...

Македонија1 ден

Регистрирани 679 новозаразени од коронавирус, нема починати лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се...

Економија1 ден

ССМ: Вредноста на минималната синдикална кошничка во јули 2022 е 47.042 денара

Вредноста на синдикалната минимална кошница со вклучена инфлација (трошоци за живот) за јули изнесува 47.042,00 денара и не може да...

Македонија1 ден

МНР: Ги отфрламе сите наводи дека се подготвуваат нови обврски за двете држави надвор од договорените принципи

„Во врска со појавени шпекулации во јавноста за нови заемни документи меѓу Северна Македонија и Бугарија, дозволете да информираме дека...

Регион1 ден

Румен Радев: Изборите на 2 октомври треба да произведат стабилно и одговорно мнозинство

„За сите од најголема важност е овие избори да дадат одговорно мнозинство. Исто така, важно е ова мнозинство да ужива...

Свет1 ден

Градоначалникот на Нагасаки: Нуклеарното оружје е реална и присутна закана

Нуклеарното оружје е реална и присутна закана откако Русија ја нападна Украина, изјави денеска градоначалникот на Нагасаки на 77-годишнината од...

Свет1 ден

Зеленски со порака до Западот: Забранете им на Русите да влезат, нека живеат во свој свет

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните земји да го забранат влезот на сите руски граѓани. Во интервју за „Вашингтон...