Спорт
Сеат во промовирање на велосипедизмот

На почетокот на годината, помеѓу КА ДИС, македонскиот увозник на возилата Сеат и велосипедскиот клуб Енерџи беше потпишан договор за органзирање настани со кои ќе се промовира задравиот и спортски начин на живот
Како резултат на континуираното залагање за здрав живот, Сеат и велосипедскиот клуб Енерџи ја организираа првата трка која се бодува на ранг листата на Велосипедската федерација на Македонија. Трката Критериум 1 беше со кружна патека и стартно-целната рамнина Плоштад Пела. Во текот на трката се натпреваруваа вкупно пет категории – Кадети, Мастерс, Девојки, Сениори и Елит. Притоа, се покажа дека ваквите активности, како и соработката помеѓу компаниите и спортските друштва се конструктивни, а оваа трка и одличната атмосфера, го покажаа токму тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вернер: ВАР ме уништи во Премиер лигата

Тимо Вернер го заврши неуспешниот престој во Челси. Минатата недела се врати во Лајпциг. Донесен како големо засилување тој не успеа да го оправда вложеното во неговиот трансфер. За лошите настапи во синиот дрес, Вернер ја обвинува ВАР технологијата.
Германскиот фудбалер реши да се врати во Лајпциг и набргу по враќањето зборуваше за епизодата во Англија. Во синиот дрес одигра вкупно 89 натпревари и постигна 23 гола.
„Првата година се постигна успех, не мислам на личен, туку на тимски успех. Бев убеден дека ќе биде подобро во втората. Сепак, покрај пропуштените шанси ме уништи и ВАР. Би рекол дека сум рекордер по бројот на поништени голови по интервенцијата на ВАР. Таа информација ми ја уништи самодовербата“, изјави Вернер.
Во октомври 2021 година, 2ЕСПН“ објави неверојатен факт – ВАР на Вернер, за помалку од една година му поништил 16 голови.
Спорт
Лукиќ побарал трансфер во Рома

На денот кога започнува новата сезона во Серија А, главна тема во италијанскиот спортски печат е Србинот од Торино, Саша Лукиќ. Играчот кој требаше да ја добие капитенската лента, според „Тутоспорт“, започнал бунт во клубот и сака да го напушти клубот.
Како што стои во текстот, Лукиќ е лут на управата која не му понудила нов договор иако тоа му било ветено, а исто така му е преку глава и би сакал да се пресели во Рома. Наводно, Лукиќ ги известил соиграчите за својата одлука.
Тој разговарал и со тренерот Игор Јуриќ од кого побарала да не биде во тимот на отворањето на сезоната против Монца.
Лукиќ има договор до 2024 година, па ќе биде интересно да се види како ќе се развива ситуацијата.
Спорт
Французите објаснија зошто Меси не е во конкуренција за Златната топка

„Франс Фудбал“, ја објави листата на номинирани играчи за Златната топка. Големо изненадување е што на листата го нема Лионел Меси. Аргентинецот, седум пати во кариерата ја добил оваа престижна фудбалска награда. Ова е прв пат од 2005 година, Меси да не биде номиниран за Златната топка.
Новинарите на „Лекип“, решија да ја анализираат ситуацијата и да објаснат зошто 35. годишниот играч на ПСЖ не е меѓу номинираните. Според францускиот весник, главен фактор била промената на правилата за доделување на Златната топка. Се земаат предвид успесите за завршената сезона, а не за целата календарска година, како што тоа беше случај досега.
„Неговото отсуство од оваа листа дефинитивно претставува шок. Промените на правилата не му одеа во прилог. Промената на клубот исто така беше клучна. Покрај тоа, тој не се истакна за време на квалификацискиот циклус за Светското првенство. Вреди да се напомене дека неговата прва сезона во клубот од Париз беше многу сиромашна. Тој постигна само шест гола во лигата. Сигурно многу луѓе имаа впечаток дека подобриот дел од Меси остана во Барселона“, пишува „Лекип“.
И иако новинарите на „Лекип“ потенцираа дека најважни се индивидуалните успеси, важни се и тимските резултати. Иако ја освои титулата со ПСЖ, клубот предвреме испадна од Лигата на шампионите и се чини дека ниту Меси ниту неговиот клуб не можеа да бидат презадоволни од минатата сезона.
„На крајот, важен е и критериумот број три, односно класата на играчот и неговото чувство за фер-плеј. Фудбалерот исто така мора да даде пример, што дефинитивно му недостигаше на Меси минатата сезона“, заклучуваат новинарите.