Спорт
Исланд, шанса за прекин на лошата серија
Денеска со почеток во 17:30 на Арената Филип 2ри, македонската фудбалска репрезентација ја пречекува селекцијата на Исланд.
Македонската фудбалска репрезентација денеска треба да ја оправда улогата на фаворит во дуелот против Исланд и да дојде до трите бода.По стартната победа против Шкотска во првото коло од квалификациите, Македонија доживеа три порази и еден нерешен резултат против Норвешка во саботата.Исланд е репрезентација која мора да се победи за да се врати позитивната атмосфера, покрај квалитетот, од помош ќе ни биде и топлото време во Скопје кое ќе биде голем противник за гостите, како и повредата на Гудјонсен, ѕвездата на Исланд.Иако сеуште се реални шансите за втората позиција на табелата, шансите за бараж се сведени на теорија со оглед на малиот број на бодови кои го имаме освоено во однос на репрезентациите од останатите групи.Селекторот Јонуз најави неколку промени во составот од оној кој играше против Норвешка.Формацијата останува иста, 4-3-3, Владе Лазаревски се враќа на позицијата десен бек, Попов останува лево, Седлоски ќе му биде парнер на Игор Митрески на централните позиции во дефанзивата.Средниот ред би требало да биде поофанзивен, за разлика од натпреварот со Норвешка овој пат ќе започнеме само со еден дефанзивен фудбалер за врска, тоа би требало да биде Величе Шумуликоски, пред него најверојатно ќе играат Гроздановски и Георгиевски.Најистурен во нападот овој пат ќе биде Илчо Наумоски, од страните ќе напаѓаат Горан Пандев и Ацо Стојков.По трите порази (два од Холандија и еден од Исланд) и нерешениот натпревар против Норвешка, време е да се радуваме на победа.Исланд е одлична шанса за тоа, шанса која не треба и не смее да се пропушти.Можен состав на Македонија: Николовски, Попов, Митрески, Седлоски, Лазаревски, Шумуликоски, Гроздановски, Георгиевски, Пандев, Стојков, Наумоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
УЕФА го суспендира Емилијано Мартинез
Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, поради суспензија ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар од Конференциската лига против Олимпијакос, потврди Европската фудбалска унија (УЕФА).
Мартинез, во четвртокот, во реваншот од четвртфиналето против Лил доби жолт картон во 39. минута, а втор жолт картон при изведувањето на пенали поради неспортско однесување кон домашните навивачи.
Аргентинскиот голман не беше исклучен, бидејќи жолтите картони во текот на натпреварот не важат во пенал серијата.
Сепак светскиот првак со Аргентина доби суспензија. УЕФА го казни Мартинез бидејќи во пенал-серијата константно ја провоцираше домашната публика.
Астон Вила по изведувањето пенали го победи Лил со 4:3, а Мартинез одбрани два пенали, во првата и петтата серија им одбрани на Бенталеб и Андре.
Првиот натпревар од полуфиналето на Конференциската лига меѓу Астон Вила и Олимпијакос ќе се одигра на 2 мај во Бирмингем, а реваншот седум дена подоцна во Грција.
Спорт
Барселона сака да го врати Олмо
Дани Олмо, веројатно ќе го напушти Лајпциг во летниот преоден рок. Шпанскиот репрезентативец има откупна клаузула од 60.000.000 евра, сума која за богатите клубови не претставува никаков проблем.
Меѓу заинтересираните екипи се Манчестер јунајтед, Баерн и Барселона, од чија младинска школа потекнува Олмо.
Шпанецот оваа сезона одигра 22 натпревари за Лајпциг, постигна осум гола и забележа пет асистенции.
Како јуниор од Барселона премина во Динамо Загреб, како дел од трансферот на Ален Халиловиќ, а потоа за 29 милиони евра се пресели во Лајпциг.
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место
Макс Ферстапен по победата во спринтот, доминираше и во квалификациите во пресрет на трката за Големата награда на Кина. Апсолутната доминација на Ред Бул ја потврди Серхио Перез кој трката ќе ја стартува од второто место.
Актуелниот светски првак со време 1:33.660 ја освои 37 пол-позиција во кариерата, а на Ред Бул му ја донесе јубилејната 100. победа во квалификациите.
Зад возачите на Ред Бул, од вториот ред трката ќе ја започнат Фернандо Алонсо (Астон Мартин и Ландо Норис (Мекларен).
Во Топ 10 место изборија Оскар Пјастри (Мекларен), двоецот од Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц, односно Џорџ Расел (Мерцедес), Нико Хулкенберг (Хас) и Валтери Ботас (Заубер).
Во квалификациите потфрли Луис Хамилтон. Седумкратниот светски првак, откако спринт трката ја заврши на второто место, во квалификациите заврши на 18.место.
Траката за Големата награда на Кина, утре ќе започне во 9 часот по македонско време.