Спорт
Малдини проговори за Кака
Легендата на Милан, Малдини, излезе со изјава пред медиумите на Апенините во која го искритикува потегот на Милан за продажбата на Кака во редовите на Реал Мадрид
„Милан првпат во својата кариера продаде играч со толку високо ниво на квалитет. Таквата идеја во минатото воопшто не се разгледуваше. Секако, разгледувајќи финансиски, одлуката е логична, но исто така е логично да се поставуваат високи цели. Освојувањето на Лигата на шампионите без Кака сега е цел еднаква на сон”, порачал Малдини.По продажбата на Кака сега и Пирло и Пато се фудбалерите кои се поврзуваат со заминување од редовите на црвено-црните ова лето. Пато посакува да соработува повторно со Анчелоти, додека, пак, Анчелоти јавно истакна дека го посакува Пирло во составот на Челзи за наредната сезона. Што навистина ќе се случува ова лето со составот на Милан, преостанува да видиме. Последните информации говорат дека и Гатузо е незадоволен од развојот на настаните и му порачал на својот агент да му пронајде нов клуб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Педри и Де Јонг ќе бидат подготвени за ПСЖ
Фудбалерите на Барселона, Педри и Френки де Јонг, најверојатно ќе се вратат во тимот за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
„Педри и Де Јонг се повредија на почетокот на месецот на мечот против Атлетик Билбао (0:0) во шпанското првенство, но се опоравија и би можеле да бидат во тимот за дуелот во Париз“, пишува „Мундо депортиво“.
Според оовј извор, Педри веќе почнал сам да тренира, а Де Јонг се уште е на рехабилитација, но наскоро ќе почне да тренира. Лекарскиот тим на Барселона е уверен дека тој ќе биде подготвен за натпреварот против ПСЖ на 10 април.
Андреас Кристенсен и Роналд Араухо имаат проблем со ситни повреди и најверојатно поради претпазливост ќе го пропуштат претстојниот првенствен натпревар во Барселона против Лас Палмас.
Спорт
Тренер на Лестер доби отказ – бил во врска со фудбалерка од тимот
Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внатрешна истрага било откриено дека го прекршил кодексот на однесување.
Британските медиуми објавија дека Кирк е под истрага за наводна врска со фудбалерка од тимот.
Кирк првично беше суспендиран, а сега е отпуштен, со што заврши неговиот двегодишен престој во клубот.
„По опсежни внатрешни дисциплински постапки и почитување на индивидуалната приватност, Вили го прекрши кодексот на однесување до степен што ја прави неговата позиција неодржлива“, велат од клубот.
Тој му се приклучи на Лестер во јули 2022 година како спортски директор и ја замени Лидија Бедфорд на клупата четири месеци подоцна. Лестер моментално е деветти на табелата во англиската лига.
Спорт
И Манчестер јунајтед го сака Дани Олмо
Манчестер jунајтед влезе во трката за потписот на шпанскиот репрезентативец Дани Олмо.
Неодамна на пријателскиот натпревар со Брзил во Мадрид постигна гол во меч кој заврши без победник (3:3).
Олмо, во јуни минатата година го продолжи договорот со Лајпциг до летото 2027 година, но тоа не значи дека ќе остане таму до крајот на договорот.
Во јуни ќе може да се активира откупната клаузула во висина од 60 милиони евра.
За него претходно беа заинтересирани Манчестер сити, Челзи, Тотенхем и Реал Мадрид, а од неодамна во трката влезе и Манчестер Јунајтед.
На „Олд Трафорд“ парите за трансферот ќе соберат од продажба на играчи кои веќе немаат место во тимот. Прашање е дали Олмо ќе ги избере „црвените ѓаволи“, бидејќи се уште не се сигурни дали ќе играат во Лигата на шампионите наредната сезона.