Спорт
Кој ќе го освои Вимблдон 2009? Помеѓу Федерер и трофејот остана само Мареј
Покривот над централниот терен во случај на дожд беше главна атракција се до моментот кога Надал го објави своето повлекување од борбата за титулата.
Дали Џоковиќ ќе се врати во старата форма? Дали Мареј треба да се сфати сериозно? Дали Федерер ќе ја поврати титулата која ја освојуваше 5 години со ред?Надаловиот отказ се надоврза како кулминација на подолгиот список на играчи кои ќе го пропуштат овогодишниот Вимблдон, а имаа потенцијал за подобар резултат.Давид Налбалдиан, финалист од 2002, нема да настапува поради операција на колкот.Нема ни тројца поранешни полуфиналисти: Марио Анчич сеуште не е спремен за најголемиот напор, Багдатис го мачи коленото, а Гаскет е под суспензија додека не докаже дека не е “на бело“.Да биде работата полоша, листата не мора да биде конечна.Анди Родик има проблеми со зглобот, иако никој не спомнува откажување од Вимблдон.Во многу полоша ситуација е Иван Љубичич.Нему секој ден одмор му е важен.Без Надал во игра, Роџер Федерер станува главни фавофит за враќање на “одземениот“ трон.Враќањето на пехарот во рацете на петкратниот победник и рушењето на Самсоновите 14. Гран Слемови, би значело враќање на првата позиција.Но и без Надал, Федерер ќе има сериозна конкуренција, Анди Мареј е на врвот на својата кариера, а уште кога ќе се споменат и Родик, Тсонга и Џокович.Но швајцарецот никаде не е толку самоуверен како во Вимблдон.-Потребни ми се само неколку часа и веќе се чуствувам како дома.Имам се што ми е потребно уште многу пати да бидам победник во Вимблдон.На тој пат е и Венус Вилијамс.Она ќе се бори за шестиот вимблдонски трофеј.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.