Спорт
Вејн Руни: Јас можам да бидам новиот Кристијано Роналдо на Јунајтед
Вејн Руни верува дека може да ја пополни празнината во тимот која настана со заминувањето на Кристијано Роналдо
Во интервју за The Times Вејн Руни признава дека е потребно Јунајтед да ангажира нови фудбалери по заминувањето на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид, и Карлос Тевез, кој се очекува да стави потпис на договорот со Манчестер Сити кога ќе му заврши позајмицата на Олд Трафорд во вторник.Луис Антонио Валенсија, десното крило на Виган и Карим Бензема, високо ценетиот напаѓач на Лион се верува дека се примарни цели на Сер Алекс Фергусон.Но без разлика на имињата кој Јунајтед ќе ги ангажира ова лето, Вејн Руни вели дека може да ја пополни празнината која настана доколку добива повеќе шанса како централен напаѓач.“Загубивме два клучни играчи и очигледно е дека се надевам на доаѓање на неколку фудбалери.” – рече Руни.“Кристијано Роналдо и Карлос Тевез постигнаа многу погодоци за нас изминатава сезона и таа претхдоно, но би сакал да мислам дека јас сум способен за пополнување на празнината.”“Кажав и претходно, доколку можам да играм на мојата права позиција, способен сум за тоа.”Фергусон често го упетребуваше Руни на крилната позиција особено во завршните натпревари од сезоната како и во финалето од Лигата на Шампионите.“Сакам да играм на позицијата на која се чуствувам најдобро. Многу луѓе мислат дека јас сум најдобар кога играм како централен напаѓач.”“Играњето за Манчестер Јунајтед е привилегија но мислам дека со играњето на крилната позиција не можам да ги покажам моите прави квалитети на начинот на кој посакувам.”Во дресот на Англија, каде што Руни игра на позицијата централен напаѓач, тој постигна 10 погодоци на последните седум натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…
Спорт
Рома преговара за трансферот на Киеза
Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, кој го продолжи договорот со клубот, е голем фан на фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза. Де Роси не кри дека би сакал да го има во својот тим крилниот напаѓач.
Де Роси работеше со него додека му беше асистент на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.
Договорот на Киеза со Јувентус истекува во јуни 2025 година, што значи дека ова лето влегува во последната година од истиот.
Тоа значи дека ова лето е веројатно последна шанса клубот да заработи нешто од неговата продажба.
Свесни за ова, челниците на Рома веќе закажале состанок со неговиот менаџер Фали Рамадани.
Покрај Рома, интерес за Киеза покажува и Њукасл.