Спорт
Мареј се чуствува исцрпен за нова победа
Енди Мареј последниот ден го помина одмарајќи се и балансирајќи го заморот по неговото херојство ноќ пред тоа, но младиот 22-годишен тенисер е далеку од задоволен
Како што се подготвува да се соочи со Хуан Карлос Фереро ова попладне, со своето првпат освоено место во Вимблдонското полуфинале, Мареј изјавува:“Ако веруваш дека можеш да победиш на еден натпревар, тогаш исто си свесен дека нема да се задоволиш со четвртфинале само поради фактот дека си поминал низ еден голем и значаен меч. Јас имав шанса да одам понатаму и да освојам поголем пласман од минатата година, односно да го освојам Вимблдон. Тоа е мојата цел и промената во начинот на размислување.“Дванаесет месеци претходно – исто како што стори во понеделник вечерта – на Мареј му беа потребни четири часа да го победи Ричард Гаскет низ пет сетови во четвртата рунда и да обезбеди пласман во четвртфиналето против Рафаел Надал. Минатата година Мареј се бореше да се „поврати назад од мртвите“ и успеа делумно со победата над Гаскет.„Откако ќе го поминете четвртфиналето или ќе дојдете до финалето не знаете какво е чувството“, изјави Мареј. “И потоа доаѓаш во судир со некој како Надал, кој го сторил тоа многупати и неговиот начин на кој ги гледа работите е поинаков од твојот бидејќи е нормално за нив да дојдат до подоцнежните фази на турнирот“, изјавува Мареј. Тој додава дека неговите подготовки ќе бидат исти како и пред минатото полуфинале против Надал минатата година. Изјавува дека ќе седи дома, одмарајќи се и гледајќи тенис.Мареј и Фереро ќе играат втори на централниот терен по Роџер Федерер и Иво Карлович.Мареј со секој нов турнир значајно ја подобрува својата состојба. Достигнувањето на полуфиналето, со победата денес би значело дополнителен прогрес, а очите на најдобрите три ќе бидат вперени во младиот Мареј.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.