Спорт
Јунајтед се плаши од нас- Марк Хјуз
Менаџерот на Манчестер Сити Марк Хјуз најави дека сезоната која престои во Англија ќе биде доста интересна со оглед на тоа дека неговиот тим ќе биде значително подобар во однос на оној од лани.
Хјуз во пресрет на новата сезона најавува дека помалку популарниот клуб од Манчестер ќе се обиде да го достигне нивот на својот градски ривал Јунајтед со освојување на некој трофеј.”Јунајтед размислуваат за нашата ситуација посериозно отколку што ние можеме да го направиме тоа, и не се само тие кои размислуваат така. Но она што се случува овде може да им помогне на Јунајтед со тоа што ние ќе им одзимаме бодови на останатите од големата четворка, но сакаме да им одземеме бодови и на Јунајтед исто така. Кога Сер Алекс Фергусон вели дека Ливерпул е нивниот најголем ривал, тоа е така поради успехот кој го имаат и двата клуба. Ривалството таму е поради тоа што и двата клуба го имаат постигнато. Нашето ривалство со Јунајтед повеќе е од локална природа, но сакам да се вратат деновите кога ние се боревме за некои трофеи. Сакам да освоиме некој трофеј бидејќи тоа ќе биде знак на прогрес. Би било одлично за нас да го освоиме Карлинг Купот оваа година. Се сеќавам што им значеше на Јунајтед освојувањето на овој Куп пред три години. Тие го победија Виган во финалето и тоа беше нивни прв трофеј по неколку години пауза. Трофејот ви дава поголема мотивација. Сакам да го однесам Манчестер Сити во финале, тоа е една од моите цели” – изјави Марк Хјуз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.