Спорт
Само Реал во мислите
Најскапото засилување на Реал Мадрид за ова лето Кристијано Роналдо веќе познат и како КР9 најавува дека само Реал Мадрид е работата која го тангира во пресрет на новата сезона.
“Мораме да размислуваме на победи, бидејќи Реал Мадрид е навикнат на освојување на трофеи и оваа сезона треба да го оствариме тоа. Можно е да ги освиме сите трофеи. Реал Мадрид има неколку искусни играчи и ние мораме да им покажеме на луѓето дека сме тука за нешто, новите фудбалер дојдоа да помогнат во освојувањето на трофеи. Но ситуацијата воопшто не е лесна. Во Манчестер пристигнав на 18 години и заминав на 24, освоив многу трофеи, колективни и индивидуални, оставив многу пријатели таму и секако дека ова за мене е предизвик, но јас сум личност која сака предизвици. Која е мојата омилена позиција? Преферирам да игра на крилната позиција но во неколку случаи имам играно и како напаѓач. Преферирам да играм како крило но доколку е потребно да играм како напаѓач ќе нема никаков проблем. Не треба премногу да се концентрираме само на Барселона, најважно е да работиме напорно и давидиме кој ќе биде подобар на крајот од сезоната. Јас ќе играм за клуб кој е многу добар па затоа се фокусирам само на играта на Реал Мадрид.” – изјави Роналдо пред медиумите во ШпанијаРеал плати 94 милиони само за Роналдо колку истата инвестиција ќе му се врати и на како начин преостанува да видиме. Во секој случај, Реал плати, треба да следат титули ако не Перез заедно со неговите платеници ќе добијат клоца од Кралот на Шпанија, кој неофицијално стои зад проектот на Перез.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.