Спорт
Бекам: Анчелоти ќе го врати трофејот од Премиер лигата на Стемфорд Бриџ
Дејвид Бекам верува дека Карло Анчелоти може да го врати трофејот од Премиер лигата на Стемфорд Бриџ.
Челзи не се радуваа на титулата во Премиер лигата од 2006та кога со Мурињо ја одбранија титулата.Од тогаш Сините сменија неколку тренери но никој не успеа да го повтори успехот.Дејвид Бекам смета дека Карло Анчелоти е вистинскиот тренер кој може да им го врати трофејот на Сините.”Челзи се среќни бидејќи Карло е одличен човек и одличен менаџер” – изјави Бекам за News of the World.”Тој дефинитивно може да го направи Челзи повторно шампион. Нема сомневање за тоа. Јас го кажувам ова и покрај тоа што сите знаат дека Манчестер Јунајтед е во моето срце”.”Да, ќе биде тешко, бидејќи Премиер лигата е тотално поразлична од Сеија А, но тој има големо искуство и јас сум уверен дека ќе има добар успех во Англија”.”Му посакувам многу среќа, тој го заслужува тоа”.”Фудбалерите можат да очекуваат дека ќе работат со врвен професионалец. Тој работи многу напорно, организирано и посветено”.”Карло ќе биде првиот кој ќе доаѓа на тренинзите и последниот кој ќе ги напушта бидејќи тој сака да работи со неговите играчи”.”Тоа е негова пасија, нема да можете да го најдете како седи во канцеларија а тренирањето да му го препушти на некој друг”.”Таков беше во Милан, сигурен сум дека таков ќе биде и во Челзи”.”Тој е сериозен во својата работа и фудбалот, но исто така сака да се шали додека работи. Многу е релаксиран, спуштен на земја и сака да се шегува. Тој е многу достапен” – заврши Дејвид Бекам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
УЕФА го суспендира Емилијано Мартинез
Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, поради суспензија ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар од Конференциската лига против Олимпијакос, потврди Европската фудбалска унија (УЕФА).
Мартинез, во четвртокот, во реваншот од четвртфиналето против Лил доби жолт картон во 39. минута, а втор жолт картон при изведувањето на пенали поради неспортско однесување кон домашните навивачи.
Аргентинскиот голман не беше исклучен, бидејќи жолтите картони во текот на натпреварот не важат во пенал серијата.
Сепак светскиот првак со Аргентина доби суспензија. УЕФА го казни Мартинез бидејќи во пенал-серијата константно ја провоцираше домашната публика.
Астон Вила по изведувањето пенали го победи Лил со 4:3, а Мартинез одбрани два пенали, во првата и петтата серија им одбрани на Бенталеб и Андре.
Првиот натпревар од полуфиналето на Конференциската лига меѓу Астон Вила и Олимпијакос ќе се одигра на 2 мај во Бирмингем, а реваншот седум дена подоцна во Грција.
Спорт
Барселона сака да го врати Олмо
Дани Олмо, веројатно ќе го напушти Лајпциг во летниот преоден рок. Шпанскиот репрезентативец има откупна клаузула од 60.000.000 евра, сума која за богатите клубови не претставува никаков проблем.
Меѓу заинтересираните екипи се Манчестер јунајтед, Баерн и Барселона, од чија младинска школа потекнува Олмо.
Шпанецот оваа сезона одигра 22 натпревари за Лајпциг, постигна осум гола и забележа пет асистенции.
Како јуниор од Барселона премина во Динамо Загреб, како дел од трансферот на Ален Халиловиќ, а потоа за 29 милиони евра се пресели во Лајпциг.
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место
Макс Ферстапен по победата во спринтот, доминираше и во квалификациите во пресрет на трката за Големата награда на Кина. Апсолутната доминација на Ред Бул ја потврди Серхио Перез кој трката ќе ја стартува од второто место.
Актуелниот светски првак со време 1:33.660 ја освои 37 пол-позиција во кариерата, а на Ред Бул му ја донесе јубилејната 100. победа во квалификациите.
Зад возачите на Ред Бул, од вториот ред трката ќе ја започнат Фернандо Алонсо (Астон Мартин и Ландо Норис (Мекларен).
Во Топ 10 место изборија Оскар Пјастри (Мекларен), двоецот од Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц, односно Џорџ Расел (Мерцедес), Нико Хулкенберг (Хас) и Валтери Ботас (Заубер).
Во квалификациите потфрли Луис Хамилтон. Седумкратниот светски првак, откако спринт трката ја заврши на второто место, во квалификациите заврши на 18.место.
Траката за Големата награда на Кина, утре ќе започне во 9 часот по македонско време.