Спорт
Премиерот Груевски им додели национални признанија на 11 спортисти
Премиерот Никола Груевски денеска им додели национални спортски признанија на 11 еминентни спортисти од Република Македонија
Признанија добија Нико Нестор за препливување на каналот Ла Манш во 1959 г., Елизабета Чолаковска-Шподариќ за освоен златен медал во куглање на Светското првенство во Брно 1982 г., Милко Ѓуровски за освоен бронзен медал на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Лос Анџелес 1984 г., Азис Салиу за освоен бронзен медал на ЛОИ во Лос Анџелес 1984 г., Зоран Шоров за освоен сребрен медал во борење на Европското првенство во Велико Трново, Бугарија, во 1987 г., Трајко Недев за освоен бронзен медал на Шаховската олимпијада во Ерменија 1996 г., Драгољуб Јакимовиќ за освоен златен медал на Шаховската олимпијада во Истанбул 2000 г., Весна Секуловска за освоен сребрен медал на Европското првенство во шах во Бугарија 2003 г., Владимир Георгиев за сребрен медал на шаховската олимпијада во Шпанија 2004 г., Димитар Бојаџиев за освоено прво место на петката „Капри Неапол“ во маратонско пливање во Италија 1960 г. и Мирче Пеловски за освоен златен медал на Европското првенство во карате во Белград 1978 г.Во разговорот со спортистите по доделувањето на признанијата, Груевски истакна дека Владата презема серија мерки и активности за поддршка на македонскиот спорт. Во таа насока се, како што рече, изградбата на новите спортски и фискултурни сали, фудбалските игралишта и останатите спортски објекти, поддршката на спортските федерации, обезбедените 500 стипендии за млади и надежни спортисти, стипендиите за врвни спортисти, како и други форми на поддршка на спортистите во процесите на нивна подготовка за учество на меѓународни натпревари.Спортските доајени искажаа голема благодарност за владината поддршка што ја добија во форма на спортска пензија. Тоа, според нив, е порака дека државата покажува активен интерес и грижа за спортистите кои придонесле за афирмација на спортот, но и воопшто за промоција на државата.По завршување на кариерата, корисници на спортска пензија ќе бидат и ракометарот Кирил Лазаров и борачот Вели Мумин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Родри една година не доживеал пораз
Фудбалерот на Манчестер сити и шпанската репрезентација, Родри (27) зад себе има неверојатно достигнување. Еден од главните адути на Пеп Гвардиола нема загубено натпревар за клубот или репрезентација веќе една година.
Последниот пораз Родри го имаше во дресот на Шпанија од Шкотска во квалификациите за Европското првенство на 28 март минатата година.
Оттогаш Манчестер сити и Шпанија се непоразени во натпреварите во кои играше Родри. Шпанија неодамна загуби од Колумбија во пријателски натпревар, но со одлука на селекторот Луис де ла Фуенте Родри не играше на тој натпревар. Тој играше на следниот натпревар и со два гола беше најдобар играч во ремито (3:3) со Бразил.
Во овој период без пораз, Родри со Сити ги освои Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство. Некои истакнуваат дека го загубил „Комјунити Шилд“ од Арсенал, на почетокот на сезоната, но тој натпревар официјално заврши без победник по 120 минути, подоцна Арсенал славеше по изведувањето пенали.
Спорт
Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта
Лионел Меси пред шест месеци ја започна својата авантура во Америка. Аргентинецот откри дека во моментов не размислува за пензија.
Меси одлично ја започна сезоната во МЛС лигата, во првите три натпревари постигна три гола и забележа една асистенција. Сегашната форма покажува дека Меси се уште не е за пензија и дека му претстојат уште неколку години добар фудбал, што и самиот го потврди.
„Мојата возраст нема да биде важна за одлуката да се пензионирам. Ако продолжам да се чувствувам добро на теренот, ќе продолжам да играм“, изјави Меси.
Во Интер од Мајами, Меси е опкружен со пријатели, соиграчи со кои ја делеше соблекувалната во Барселона. Дел од Интер Мајами се и Серхио Бускетс, Луис Суарез и Џорди Алба. Аргентинецот нема да се пензионира се додека неговиот тим имма корист од него.
„Ќе престанам да играм фудбал во моментот кога веќе нема да можам да играм на ова ниво, кога нема да уживам во играта или кога нема да можам да им помогнам на соиграчите на теренот“, изјави аргентинскиот фудбалер.
Покрај за Интер Мајами, Меси во својата кариера настапуваше и за Барселона и ПСЖ.
Спорт
“Робињо и Алвеш? Некој да и го направеше тоа на мојата ќерка, сега немаше да дадвам интервју”
Робињо (40) и Дани Алвеш (40), некогаш фудбалски ѕвезди, сега се осудени силувачи.
Робињо кого на почетокот на кариерата, Бразилците го прогласија за наследник на Пеле, играше за Сантос, Реал, Манчестер сити, Милан. За бразилската репрезентација одигра 100 натпревари. Тој мора да отслужи деветгодишна затворска казна за брутално групно силување на 22-годишна девојка.
Исто така, Дани Алвеш (40), еден од најтрофејните фудбалери во историјата, пред два месеци беше правосилно осуден на 4,5 години затвор за силување девојка во ноќен клуб во Барселона во декември 2022 година. Но, пред два дена беше ослободен откако во затвор помина 14 месеци. За да излезе на слобода тој плати кауција од 1.000.000 евра.
Фелипе Мело, поранешен репрезентативец на Бразил, кој ја делеше соблекувалната со двајцата играчи, го коментираше тој случај за бразилскиот „Глобо Еспорте“.
„Никој нема право да зборува на оваа тема, но не гледам проблем сега да дадам свој коментир. Имам 15-годишна ќерка. Нејзе да и се случеше ова, јас немаше сега да бидам овде и да го давам ова интервју. Човечко суштество треба да се почитува, било да е машко или женско“, рече Мело.