Спорт
Фергусон за актуелностите ова лето во Манчестер
Тренерот на анктуелниот првак на Англија Сер Алекс Ферусон реши пред новинарите на Островото да го истакне своето мислење за трансфер пазарот поврзан со неговиот клуб ова лето.
Јунајтед пред еден месец се поврзуваше со ангажман на Бензема, Силва, Рибери, Виља, Ето, но до сега никој од овие имиња не потпиша за „Црвените Ѓаволи“.“Се обидовме да го ангажираме Бензема бидејќи тој има 21 година, чуствуваме дека кај него ќе има големо подобрување. Тој е цврст, со добар физички и голгетерски рекорд, па вредеше да се даде нешто малку поекстра за да се ангажира. Но кога цената се искачи на 45 милиони евра, тоа беше над нашата проценка и вредност. Ние отидовме до 35 милиони и мислам дека тоа е фер. Исто така се распрашувавме и за можноста да го ангажираме Франк Рибери, Дејвид Гил одржа еден фин состанок со управата на Баерн Минхен во март. Но тие му рекоа: ’Апсолутно нема никакви шанси за трансфер на Рибери’ и едно нешто може да се каже за Баерн, кога тие ќе кажат нешто навистина го мислат тоа.” – вели ФергиОколу ситуацијата на Карлос Тевез, кој по двегодишната позајмица на Олд Трафорд се пресели во градскиот ривал Сити, Шкотот изјави: “Имавме контакт со Карлос. Му испративме порака и разговаравме со него кога тој беше во Аргентина. Нашиот извршен директор, Дејвид Гил, достави понуда до Киа Јорбачијан, и разговаравме со Тевез пред да играме со Интер (во март) и му кажавме дека сме разговарале со Киа но тој никогаш не ни одговори. Според мене, мислам дека Тевез не вреди 25 милиони фунти. Тој беше популарен помеѓу фановите. Фановите си имаат свој херои и бев среќен да го комплетирам трансферот се додека тоа беше прав потег, но едноставно тој не вреди 25 милиони фунти.”Кристијано Роналдо, си замина од Олд Трафорд но Фергусон најавува мала сензација во иднина: “Тој можеби ќе се врати, никогаш не се знае. Понекогаш се случуваат такви работи. Тој го сака Јунајтед. Доколку погледнете наназад во шестте години кои ги помина кај нас, тој нема пропуштено ниту еден тренинг. Роналдо никогаш не беше повреден, тој секогаш играше, најдоброто од него допрва доаѓа, тој има само 24 години. За нас Кристијано Роналдо е голема загуба. Не можам да кажам ништо друго освен да го пофалам. Тој е најдобриот фудбалер во светот. Тој е подобар и од Кака и од Меси. Тој е пред сите нив. Неговиот придонес како закана кон противничкиот гол е неверојатен. Неговата статистика е фантастична. Постигнува голови, шутира на голот, има одлични пробиви во шеснаесетникот, дава голови со глава. Има се. Апсолутно фантастично” – заврши Ферги.Јунајтед ги комплетираше засилувањата на Овен од Њукасл како слободен фудбалер, Антонио Валенсија од Виган за 17 милиони фунти, Габриел Обертан од Бордо за 3 милиони фунти и 21 годишниот Диуф од Молде кој ќе пристигне на Олд Трафорд во Јануари 2010 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.