Контакт

Спорт

Нани ќе го замени Роналдо

Објавено пред

Манчестер Јунајтед загуби од Челзи во Комјунити шилдот на Англија на пенали, но во меѓувреме најави добра сезона без Роналдо

Иако Манчестер беше поразен од „Сините“ од Лондон на Вембли на пенали по одигрувањето во регуларниот дел кој заврши 2-2, позитивно за „Црвените ѓаволи“ е тоа што на истата средба Нани блескаше и докажа дека во оваа година неговата игра ќе биде далеку подобра за разлика од таа од лани.Неколку часа пред натпреварот Нани проговори за она што тој го очекува во пресрет на новата сезона.„Мислам само на оваа сезона. Минатото го заборавив. Сакам да бидам ’човекот’. Мислам дека треба уште многу да направам за да го покажам најдоброто од мене, бидејќи тоа се уште го немам сторено. Одиграв многу натпревари и направив некои добри работи, но потребно е да се подобрам. Сакам да стигнам до точката каде што ќе имам доверба од менаџерот, играчите и фанвоите. Знам дека многу луѓе ме споредуваат со Кристијано, но не го сакам тоа бидејќи сме различни фудбалери. Сакам луѓето да зборуваат за Нани наместо да кажуваат, ’погледнете го, направи го тоа како Роналдо’. Станав подобар фудбалер играјќи покрај него, но исто така учев од другите, од Сколс, додавањата од Гигс, интелегентни движења, и од Руни како да бидам подобар реализатор“, изјави Нани за Сандеј телеграф.Единствената темна точка за Нани е тоа што се повреди на средбата со Челзи и можеби нема да може да игра се до средината на септември.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

ЛШ: Ливерпул за 100 секунди го реши Салцбург, Милик „збудале“ за Наполи (видео)

Објавено пред

Неизвесноста дали европскиот шампион Ливерпул ќе успее да избори пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите траеше неполн час на „Ред бул арената“ во Салцбург, пред „црвените“ да стигнат до рутинска 2:0 победа за обезбедување на првото место во групата Е. Наполи им се приклучува на Ливерпул во осминафиналето по убедливата 4:0 победа над Генк во меч во кој блесна Аркадијуш Милик.

Тимот на Јирген Клоп патуваше во Австрија знаејќи дека со пораз ќе бидат елиминирани од натпреварувањето, и откако Мохамед Салах се изнапромаши во првото полувреме, многумина почнаа да се сомневаат.

Но, во 57. минута, во акција на двајца поранешни фудбалери на Салцбург, Наби Кеита го постигна првиот гол по одличната асистенција на Садио Мане, за само 100 секунди подоцна, Салах да надополни за промашувањата од првото полувреме и да зголеми на 2:0.

На „Сао Паоло“ во Неапол пак, каде што многумина сметаат дека го видовме последниот меч со Карло Анчелоти на клупата на Наполи, домашниот тим имаше одлично прво полувреме во кое Аркадијуш Милик постигна хет-трик, за обезбедување на пласман во осминафиналето. Дрис Мертенс во 74. минута од мечот од пенал зголеми на 4:0.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 6.КОЛО

ГРУПА Е

Наполи – Генк 4:0

Салцбург – Ливерпул 0:2

Табела: 1.Ливерпул 13, 2.Наполи 12, 3.Салцбург 7, 4.Генк 1

Прикажи повеќе...

Спорт

Нови закани за „Ел класико“, каталонските националисти подготвуваат блокади

Објавено пред

Иако „Ел класико“, славниот дуел на Барселона и Реал Мадрид веќе еднаш беше откажан и презакажан за 18 декември, сега од Каталонија доаѓаат нови вести за закани по безбедноста, поради кои мечот повторно може да биде одложен.

„Цунами демократик“, една од групациите кои бараат каталонска независност, најавија дека ќе ги блокираат улиците околу „Ноу Камп“, со над 18.000 потпишани во иницијативата. Ова значи дека никој не може да ја гарантира безбедноста на навивачите и на фудбалерите на само осум дена пред дербито.

Организацијата ги повика своите поддржувачи да се појават на улиците во 16 часот, четири часа пред стартот на мечот. Од Реал Мадрид засега има реакција дека само ако се гарантира безбедно пристигнување на стадионот од хотелот „Принцеза Софија“ на само 600 метри од стадионот, нема потреба за одложување.

Првично мечот беше одложен бидејќи дојде по затворските казни кои ги добија организаторите на каталонскиот референдум за независност пред две години.

Покрај ова, „Марка“ јавува дека на саботниот меч на Барселона со Мајорка имало уште еден проблем со безбедноста – во текот на мечот на стадионот се појавил дрон, кој потоа бил соборен од обезбедувањето на стадионот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Рускиот шампион во „шамарање“ доби шокантен нокаут: Ме стави во кома! (видео)

Објавено пред

Василиј Хамотискиј, човекот кој стана светски славен како ѕвезда на натпреварите во „делење шамари“ во Русија, сензационално беше нокаутиран во неодамнешниот шокантен пораз.

Хамотискиј, кој е фармер и доаѓа од малото сибирско село Иланскиј, стана атракција кога ја освои Руската титула во удирање шамари во март 2019 година, за која доби 30.000 рубљи (околу 400 евра).

Но, сега, на последното натпреварување, и за него се најде „јунак“ кој може да го собори, откако по ударот, тој ја загуби свеста и призна дека бил во „мини-кома“ и завршил во болница. Сепак, тој не се лути.

„Тоа беше добар удар, ми се допаѓаше. Малку ме стави на спиење. Можев да продолжам, но веднаш ме изведоа надвор. Можеби сум предобар. Требаше веднаш со цела сила да го удрам и да го смачкам“, вели Василиј.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Владата даде рок до петок – на увид ги бара сите информации за зачувувањето на статусот на УНЕСКО

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за степенот на реализација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година,...

Македонија3 часа

Предлог-законот за висока раководна служба оди во Собрание

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата го утврди текстот на предлог – законот за висока раководна...

Свет4 часа

Писателот Хандке ја прими Нобеловата награда, додека пред зградата во Стокхолм се одржуваа протести

Австрискиот писател Питер Хандке вечерва ја доби Нобеловата награда за литература во Стокхолм, додека пред зградата се одржува протест. Овогодишниот...

Свет4 часа

Се подготвува масовен каталонски протест во пресрет на дербито Барселона – Реал Мадрид

Каталонската платформа „Демократско цунами“ ги повика заговорниците за независност на Каталонија за масовни протести по осум дена пред стадионот „Камп...

Регион5 часа

Хрватските возачки дозволи во иднина ќе важат и во САД, Канада, Аргентина …

Парламентарците денеска го поздравија пристапувањето на Хрватска во Конвенцијата за патен сообраќај, односно Женевската конвенција, со која ќе се овозможи...

Македонија8 часа

Благајничката на Камчеви: Со обезбедување дојдов во менувачницата, а парите ги претворив во евра

По паузата во Кривичниот суд во Скопје, продожи судењето за предметот „Рекет“, сведочеше благајничката на семејството Камчеви, Мирјана Бошковска. Таа...

Македонија9 часа

„Екосвест“: ТЕЦ „Битола“ ги надминува дозволените вредности за емисии на токсични супстанции

Државите од Западен Балкан ги надминуваат граничните вредности за емисии во воздухот од термоелектраните на јаглен договорени со Енергетската заедница...

Македонија11 час

Руте: Албанија не е подготвена, а Северна Македонија е поблиску до почнување преговори со ЕУ

Холандија не се спротивставува на проширувањето на ЕУ, рече премиерот на Холандија, Марк Руте, кој верува дека Албанија во моментот...

Македонија11 час

Камчева: Боки 13 беше како специјален јавен обвинител, тој знаеше сè

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет“, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет...

Македонија11 час

(Видео) Сведок во „Еразмус“: Шуклев бараше секс или пари од студентки за преодна оценка

Ексвработениот во бифето на Економскиот факултет, Дејан Трајковиќ, кој е сведок во случајот „Еразмус“, во судницата рече дека професорот Бобек...

Македонија11 час

(Видео) Заев и Шекеринска: Овој носач на авиони веќе е дел од нашата одбрана

Претседателот на Владата, Зоран Заев, и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, оценија дека сме дел од најмоќната воена и политичка...

Македонија12 часа

(Видео) Камчева: Во стан во Капиштец ми бараа милиони евра за сопругот

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева, го почна сведочењето за случајот „Рекет“. Камчева рече дека на 9 ноември 2018...

Свет12 часа

Ардерн: Има прашања што мора да бидат одговорени, размерите на трагедијата се катастрофални

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн, истакна дека има прашања што мора да бидат поставени и одговорени по ерупцијата на...

Свет13 часа

Военото воздухопловство на Чиле потврди дека авионот се урнал, во тек е потрага

Военото воздухопловство на Чиле соопшти денеска дека воениот авион, кој претходно синоќа исчезна од радарот, се урнал. Воздухопловството се огласи...

Свет13 часа

Пукање во болница во Чешка, најмалку шестмина убиени

Шест луѓе се убиени во пукање во болница во Чешка, објави Би-би-си. Нападот се случил утрово околу 7 часот. Полицијата...

Свет14 часа

Заврши самитот на Нормандската четворка, сите се задоволни од состанокот

Во Елисејската палата во Париз синоќа заврши самитот на лидерите на Нормандската четворка, а францускиот претседател Емануeл Макрон оцени дека...

Македонија1 ден

(Видео) Заев, Шекеринска и Џафери на носачот на авиони ,,Хари Труман“ се сретнаа со адмирал Џејмс Фого

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот на Собранието Талат Џафери слетаа на носачот на...

Регион1 ден

Рама ги повика граѓаните да не ги оштетуваат намерно објектите

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска го достави првиот прелиминарен извештај за земјотресот што погоди делови од земјата на 26...

Топ1 ден

Пешак загина во сообраќајна несреќа во Штип

Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Делчево – Штип, на влезот во селото Облешево. Од...

Македонија1 ден

Кривични за вработени во Бирото за метрологија поради злоупотреба на службената положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото...

Досие