Контакт

Спорт

Нема повеќе влезници за натпреварот Македонија-Шпанија

Објавено пред

Влезници за продажба за претстојниот натпревар Македонија-Шпанија нема повеќе, единствено денеска и утре ќе се врши замена на веќе купените влезници со нови, нумерирани и заштитени, соопштува ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија објави дека замена на влезниците ќе се врши денеска од 12 до 20 часот и утре од 8 до 20 часот во билетарниците во Арената Филип Втори. Секое лице кое ќе менува билети задолжително со себе треба да носи документ за лична идентификација со што би се евидентирало.Влезниците кои се подигнати во ФФМ и гратис влезниците, исто така ќе се заменуваат денеска со почеток во 12 часот во просториите на ФФМ. Само ВИП влезниците кои досега се дистрибуирани од ФФМ нема да се менуваат бидејќи се нумерирани.Влезниците кои беа дистрибуирани преку Општинските фудбалски сојузи, ќе се менуваат во Општинските фудбалски сојузи кај лицата кои беа задолжени со билетите и тоа во вторник.Фудбалската федерација на Македонија апелира и замолува за трпение од лицата кои ќе ги заменуваат билетите бидејќи целата акција се однесува на безбедноста на натпреварот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Арда Туран: Само пријателите на Роналдо веруваат дека е подобар од Меси

Објавено пред

Поранешниот фудбалер на Барселона, Арда Туран вели дека Кристијано Роналдо го бираат пред Лионел Меси како најголем фудбалер во историјата само поради политички причини.

33-годишниот Туран имаше шанса пет сезони да игра покрај Меси на „Ноу Камп“, освојувајќи една титула од Ла лига и два од Копа дел реј, и вели дека и покрај импресивниот број на голови кој ги дава Роналдо, Меси едноставно е многу подобар фудбалер.

„Меси е присутен во секој фудбалски момент. Може да ја диктира играта во секој аспект. За Роналдо нема што лошо да се каже, но тој е стрелец на голови. Меси прави сè во овој спорт. Тој прави работи кои не можеш да ги замислиш. Неговата интелигенција, визија, страст се многу поинакви. Сите со кои сум зборувал се согласуваат, освен луѓето кои се блиски со Роналдо. Тоа е политичка причина: ’Роналдо ми е пријател и не сакам да се мешам’. Меси е убедливо најдобар“, вели Туран.

Прикажи повеќе...

Спорт

Видал: Баерн треба да знаат дека играат со Барса, а не со некој стар бундеслигаш

Објавено пред

Барселона остануваат најдобар клуб на светот во моментов и ќе ги победат Баерн Минхен во петочниот мега-дуел во Лигата на шампионите, смета Артуро Видал.

Видал, кој играше за Баерн од 2015 до 2018 година, смета дека е неправедно Баерн да биде сметан за голем фаворит во мечот по освојувањето на двојната германска титула и вкупниот 7:1 триумф над Челси во два меча, додека Барса остана без шпанската титула по колапсот во трката со Реал Мадрид.

„Баерн сигурно ќе бидат полни со самодоверба, но мораат да сфатат дека утре нема да играат со некој стар клуб од Бундеслигата, туку против Барса. Го сфаќам оптимизмот, но ние сме најдобриот тим на светот. Единствен проблем е што не го покажуваме секогаш тоа и така ја загубивме лигата. Но, го имаме Лео, најдобрите фудбалери на светот и желба за докажување“, вели  Видал.

Тој признава дека Роберт Левандовски е фантастичен фудбалер, но го отфрли мислењето на Лотар Матеус дека полскиот напаѓач во моментов е подобар и од Меси.

„Левандовски е невообичаен, многу опасен, незаситен голгетер. Ќе биде тешко да се сопре, но невозможно е да се споредува со Меси, кој е од друга планета“, додава Видал.

Прикажи повеќе...

Спорт

Лион ќе протестираат за доделениот судија против Сити поради Ајакс?

Објавено пред

Пресметката од четврт-финалето на Лигата на шампионите помеѓу Манчестер сити и Лион предизвикува контроверзи и пред стартот, откако француските медиуми тврдат дека францускиот тим ќе протестира за изборот на холандскиот судија Дани Макели, бидејќи тој меч ќе влијае на Ајакс следната сезона.

37-годишниот Макели, поранешен холандски полицаец, беше ВАР судија на Светското првенство во 2018 година и околу неговата стручност и интегритет нема сомнежи.

Сепак, ако Манчестер сити победи, Ајакс директно ќе се квалификува во Лигата на шампионите, додека доколу Лион победи, Ајакс ќе мора да игра бараж.

Поранешниот холандски судија Дик Јол, кој беше судија на финалето на ЛШ во 2001 помеѓу Баерн Минхен и Валенсија, смета дека УЕФА намерно го поставила Макели за да се зголеми притисокот.

„УЕФА требаше да го заштити Дени. Дали можете да ги замислите француските весници и нивните критики и пред стартот на мечот. Финансиски многу работи се важни во мечот и Макели е неправедно поставен во ваква ситуација“, вели Јол за „Де Телеграф“.

Ако Лион реши да се пожали, најверојатно судијата ќе биде сменет, што нема да биде првпат за еден холандски судија. Финалето на ЛШ во 1994 година помеѓу Милан и Барселона прво требаше да го суди Холанѓанецот Џон Бланкенстајн, но беше заменет со Англичанецот Филип Дон, откако Милан протестираа сметајќи дека Холанѓанецот ќе биде пристрасен кон тренерот на Барса, Јохан Кројф.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија4 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ5 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија6 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија8 часа

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија8 часа

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија9 часа

(Видео) Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ,...

Македонија9 часа

Заев: Подготвен сум да бидам премиер во наредните четири години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е уверен дека ќе успее да состави влада во следните 20 дена, а веќе денеска...

Македонија9 часа

(Видео) Лидерите од албанскиот блок не дојдоа, Ахмети остана сам на средбата во хотелот „Парк”

На закажаната средба на партиите од албанскиот блок на иницијатива на ДУИ се појави само Али Ахмети. Како што рече...

Македонија10 часа

Браќа од Битола обвинети за ширење детска порнографија, собирале интимни снимки од малолетнички

Битолското Јавно обвинителство поднесе обвинение против двајца браќа од Битола на возраст од 51 и 52 години, од кои едниот...

Топ10 часа

Обвинение за скопјанец што организирал фудбалски турнир на кој имало 100 луѓе во публика

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 17 лица...

Економија11 час

Граѓаните ќе добијат обесштетување од Еуростандард банка по 20 дена во вредност до 30 илјади евра

Фондот за осигурување депозити, во согласност со решението на гувернерот на Народната банка за укинување на дозволата за основање и...

Свет12 часа

Лекот „РЛФ-100“ покажува позитивни резултати кај тешко заболените од коронавирус

Швајцарската компанија и нејзиниот американски партнер објавија дека нивниот лек „РЛФ-100“ („авиптадил“) покажува позитивни резултати кај пациенти со коронавирус, кои...

Македонија12 часа

Поради семејни причини, Џафери не закажа за денеска собраниска седница

Претседавачот со конститутивната седница, Талат Џафери, се премисли и не го закажа продолжението на седницата и покрај најавите во дел...

Европа13 часа

Грција и Франција со рекорден број новозаразени од коронавирус

Грчката влада соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 262 нови случаја на коронавирус, што е најголем дневен број...

Свет13 часа

Стотици луѓе починале од лажни информации за коронавирусот

Во првите три месеци од оваа година најмалку 800 луѓе во светот починале поради дезинформации за коронавирусот, објавија научниците. Според...

Македонија13 часа

Деветнаесет години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Денеска, се одбележуваат 19 години од потпишувањето на Рамковниот договор, со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјата...

Свет1 ден

Најмалку 800 луѓе во светот умреле поради дезинформации во врска со ковид-19

Најмалку 800 луѓе во светот починале поради дезинформации врзани за коронавирусот во првите три месеци од оваа година, тврдат научниците....

Свет1 ден

(Видео) Најмалку тројца загинати и шестмина повредени во тешка железничка несреќа во Шкотска

Најмалку три лица, вклучително и возачот на возот, загинаа во железничка несреќа што се случи во Шкотска, откако патнички воз...

Досие