Спорт
Фаворитите сигурни на патот до Лигата на шампионите
Во второто полуфинално квалификационо коло за пласман во фазата по групи фаворитите немаа проблеми.
Олимпик Лион и без Карим Бензема убедливо триумфира над Андерлехт со конечен резултат од 5:1. Резулатот го отвори младиот Миралем Пјаниќ во 10-та минута со прекрасен гол од слободен удар, за пет минути подоцна Лисандро Лопез да го зголеми резултатот на 2:0. До крајот на првото полувреме Лион имаше предност од 4:0 со головите на Микел Бастос во 29-та и Бафетимби Гомис на три минути пред карјот на полувремето. Суарез од тимот на Андерлехт во 58-та минута само малку ги подгреа надежите но малку подоцна сите надежи спласнаа откако во 63-та минута Гомис го постигна својот втор гол на натпреварот за конечни 5:1. Атлетико Мадрид исто така е сигурен патник откако на гостински терен во Грција триумфира над Панатинаикос. Немаше голови на овој натпревар се до последните 10 минути кога Макси Лопез погоди за водство на Атлетико, но радоста не траеше долго. Димитрис Салпингидис израмни со убав лоб удар само три минути по почетокот на второто полувреме. Но тогаш на теренот се измешаа искуството и младоста па ветеранот Диего Форлан во 63-та минута погоди за 2:1 а Сехио Агуеро во 70-та минута со прекрасен шут по земја. Себастијан Лето погоди во 74-та минута за конечни 2:3. Макаби Хаифа е со едната нога во фазата по групи откако минимално со 2:1 триумфира над салзбург на гостински терен. Младата надеж Мохамад Гадир го постигна првиот гол на натпреварот во 22-та минута а со тој земултат се отиде на полувремето. Во 57-та Александар Циклер израмни на 1:1, а победата за Макаби ја обезбеди Шломи Арбетмајн во 84-та минута. Цирих може да биде мирен откако на гостински терен го победи аутсајдерот Вентспилс со головите на Вонлантхен во 12-та, Аегертер во 55-та и Ѓуриќ во 73-та минута. Последниот наптпревар кој заврши со победа на гостинскиот тим беше Дебрецен-Левски Софија кој заврши 2:1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…
Спорт
Рома преговара за трансферот на Киеза
Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, кој го продолжи договорот со клубот, е голем фан на фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза. Де Роси не кри дека би сакал да го има во својот тим крилниот напаѓач.
Де Роси работеше со него додека му беше асистент на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.
Договорот на Киеза со Јувентус истекува во јуни 2025 година, што значи дека ова лето влегува во последната година од истиот.
Тоа значи дека ова лето е веројатно последна шанса клубот да заработи нешто од неговата продажба.
Свесни за ова, челниците на Рома веќе закажале состанок со неговиот менаџер Фали Рамадани.
Покрај Рома, интерес за Киеза покажува и Њукасл.