Спорт
Бразилското дуо на Јувентус ја скроти „волчицата“
Јувентус триумфира во Рим, а Интер во Милано
Најновите засилувања за торинскиот гигант Јувентус бразилците Диего и Фелипе Мело му ги обезбедија трите бода и втората позиција на табелата пред Сампдорија. Во 25-та минута Диего, кој дојде од Ведер Бремен во Јувентус го отвори резултатот, а само десет минути Даниеле Де Роси израмни со прекрасен удар од слободен удар. 1.1 беше и резултатот со кој се замина во соблекувалните на полувремето. Во второто плувреме Јувентус ја имаше контролата на топката но и на целиот натпревар па на Диего не му тешко да го зголеми резулатот речиси на идентичен начин како и во првото полувреме. Фелипе Мело само ја направи победата поубедлива во судиското продолжение кон крајот на натпреварот.И следниот натпревар од третото коло Јувентус ќе игра на Олимпико во Рим но овојпат со градскиот ривал Лацио. Во саботното дерби дела Мадонина во Милано, тимот на Жозе Мурињо се искупи за ремито со Бари во првото коло и на голема врата најави дека не треба прерано да се отпишат. Тимот на Милан беше деболиран во градското дерби од Интер со неверојатни 4:0. Тијаго Мота во 29-та минута ја започна голејадата а ја продолжи Милито со голот од панал во 36-та. Мизеријата на Милан продолжи кон крајот на првото полувреме кога Џенаро Гатузо доби втор жолт и автоматски црвен картон па Милан мораше второто полувреме да го игра со 10 играчи. Маикон го зголеми воството пред самиот крај на полувремето на 3.0 а Дејан Станковиќ постигна гол за конечни 4:0.Ветеранот во редовите на Лацио Хулио Круз постигна два гола за триумф на лацијаните на гостински терен против тимот на Киево со конечен резултат од 2:1 за нероазурите. Прилично мирно беше во Фиренца каде тимот на Фиорентина со голот на Јоветиќ во 29-та минута ги победија гостите од Палермо. Џенова на гости исто така славеше против Аталанта со голот на Морети пред самиот крај на првото полувреме. Наполи со 3:1 го победи Ливорно а лидерите на табелата во Серија А со истиот резултат го победија Удинезе. Бари и Болоња одиграа без голови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Отказ, па казна за Вујовиќ – Му забранија да биде тренер во Хрватска
Дисциплинскиот судија на Хрватскиот ракометен сојуз ги изрече казни за претставниците на екипата на Нексе од Нашице за инцидентот на мечот со Загреб на 8 април.
Делегатот на тој натпревар, во мешаницата која настана кај записничјката маса, намерно беше удрен од играчот на Нексе, Словенецот Марко Безјак, а натпреварот набргу потоа беше прекинат.
Лекарска помош му беше укажана и на делегатот Анте Јосиќ, а судиите по дваесетина минути означија крај на натпреварот. Натпреварот подоцна беше регистриран со службен резултат 10:0 во корист на Загреб
Инцидентот се случи како последица на големото незадоволство на домашните поради низа судиски одлуки. Во еден момент сите тргнаа кон делегатот, таму беше и тренерот Веселин Вујовиќ, а врв на се беше неспортскиот потег на Безјак.
На се’ му претходеше протест на Вујовиќ до делегатот поради спорната одлука на судијата да го поништи голот на неговиот тим и наместо тоа да покаже седмерец.
Поради ова, дисциплинскиот судија Среќко Илиќ изрече забрана за играње ракомет на Безјак 12 месеци, а на Андраж Велкаврх му изрече суспензија на четири натпревари.
На Веселин Вујовиќ му е изречена дисциплинска мерка забрана за вршење на тренерска функција во траење од три месеци. Вујовиќ неодамна доби отказ од клупата на Нексе по поразот од Пореч. Тимот во преостанатиот дел од сезоната ќе го води поранешниот помошник Крешо Иванковиќ.
Покрај тоа, клубот е казнет со 4.000 евра.
Спорт
Але го пропушта натпреварот со Пари Сен Жермен
Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але, речиси сигурно ќе го пропушти полуфиналето од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен следната недела, пренесува „Лекип“.
Репрезентатиецот на Брегот на Слоновата коска, го повреди скочниот зглоб на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах (2:1), Але ќе мора да паузира најмалку две недели.
Ова е лоша вест за напаѓачот кој неодамна се опорави од рак на тестисите и штотуку почнува да се враќа во добра форма.
Зимава настапуваше за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска со која го освои Африканскиот куп на нации.
Але одигра 40 натпревари за Дортмунд, постигна 12 гола и забележа шест асистенции.
Борусија се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите за прв пат по 2013 година, кога го елиминираше Реал Мадрид, а потоа загуби од Баерн Минхен во финалето на „Вембли“.
Спорт
Де Хеа во Бетис?
Давид Де Хеа, минатото лето, како слободен играч го напушти Манчестер јунајтед. Имаше понуди, најмногу од Саудиска Арабија, но тој реши да ја чека вистинската, поради што ја пропушти оваа сезона.
Де Хеа на почетокот на сезоната доби понуда и од Реал Мадрид, кој остана без првиот голман Тибо Куртоа, но одби да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Не откри дали го одбил „кралскиот клуб“ поради финансиската понуда или поради тоа што тој е „дете“ на Атлетико Мадрид.
Шпанските медиуми тврдат дека Де Хеа од наредната сезона се враќа меѓу стативите. Според овие извори тој ќе брани за Бетис. Ќе потпише договор со клубот од Севилја кога ќе започне преодниот рок.
Бетис моментално се седми на табелата во Примера.