Спорт
Барселона и Реал Мадрид ја започнаа новата сезона со победи
Фуриозно започна новата сезона во Ла Примера.
Барселона со убедлива победа ја почна новата сезона од шпанската премиер лига. На Камп Ноу со резултат од 3:0 бнарселона о потопи Спортинг Хихон, а головите за каталонскиот тим ги постигнаа супер талентот Бојан Кркиќ во 18-та минута со глава во првото полувреме по нафрлањето во шеснаесетникот од Сеидоу Кеита. Истиот фудбалер кон крајот на полувремето го постигна и вториот гол за Барселона а големото засилување Златан Ибрахимовиќ го постигна третиот гол со глава во 82-та минута. Капитенот на Барселона Карлос Пујол го прослави јубилејот од 300 настапи за барселона во првиот состав. Реал Мадрид се намачи во воведното коло против Депортиво и тоа на Сантијаго Бернабе. Легендата на Реал, ветеранот Раул го постигна првиот гол на натпреварот во 26-та минута а само четири минути подоцна Рики израмни на 1:1. До крајот на првото полувреме беа постигнати уште по два гола од секој тим. Кристијано Роналдо од пенал го зголеми водството на 2:1 а Валерон повторно израмни за 2:2. Тесната победа за Реал ја донесе Ласана Дијара во 60-та минута. Гетафе на гости го победи Расинг Сантандерсо 4:1 а четири од вкупно петте гола беа постигнати во првото полувреме, а хет трик постигна Роберто Солдадо а единствениот гол за Расинг го постигна Ласен во 41-та минута. Валенсија со двата гола од Мата и Ернандез дома ја порази Севилја, а Осасуна и Вилјареал одиграа нерешено 1:1. Малага го потопи тимот на Атлетико Мадрид со 3:0 а за да бидат работите полоши Раул Гарсија си го скрши прстот и ќе биде надвор од теренот еден месец. Мајорка го победи новајлијата во Примера, Ерез со 2:0. Головите за Мајорка ги постигнаа Адруиз и Тони во второто полувреме а екипата на Ерез остана со 9 фудбалери откако Гиода и Калво беа исклучени по два жолти картониЗарагоса минимално со 1:0 го победи Тенерифе а со истиот резултат Атлетик Билбао го победи Еспањол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.