Спорт
Дваесет европски натпревари од квалификациите за СП во фудбал
Во еврозоната од квалификациите за Светското фудбалско првенство 2010 г. денеска ќе се одиграат вкупно дваесет0 натпревари
Во групата 1 денеска се играат два натпревара: Данска – Португалија и Унгарија – Шведска. Прва е Данска со 16 бодови (6 натпревари).Во групата 2 Моладавија го пречекува Луксембург, додека Израел е домаќин на Летонија. Грција и Швајцарија го делат првото место со по 13 бодови (6).Група 3 ќе има два дуела кои можат да донесат многу нови моменти. Полска пред своите навивачи игра со Северна Ирска, додека вториот дуел е пресметката на соседите Словачка – Чешка. Прва е Словачка 15 бодови (6), пред Северна Ирска со 13(7).Во групата 4 Германија е слободна, а двојките се Азербејџан – Финска и Русија – Лихтенштајн. Прва е Германија со 19 бодови.Три натпревари ќе одиграат во групата 5. Ерменија ја пречекува Босна и Херцеговина, Турција е домаќин на Естонија, а Шпанија игра со Белгија.Со максимални 18 бодови од 6 натпревари првата позиција е за европскиот шампион Шпанија.И во групата 6 фаворитот Англија е слободна. Украина не би требало да има проблеми со Андора дома, додека Хрватска ја пречекува Белорусија. Англија води со 21 бод од 7 натпревари.Лидерот во групата 7 Србија денеска е слободна, па се очекува конкурентите да се доближат и бодовно. Франција пред своите навивачи ќе игра со Романија, а Австрија е апсолутен фаворит против Фарските острови на домашен терен.Групата 8 носи натпревари на сите селекции Бугарија – Црна Гора, Грузија – Италија и Кипар – Република Ирска. Прва е Италија со 14 бодови (6), пред Република Ирска со 13 (7). зс/цр/9:38 Во вториот натпревар од 20:45 часот во 9-тата група Исланд е домаќин на Норвешка. На табелата во групата 9 во коај е и репрезетацијата на Маекдонија која денска игра со Шкотска, води Холандија со 21 бод (7 натпревари), Македонија има 7 бодови (6 натпревари) исто колку и Шкотска, додека Норвешка е четврта со 6 бодови (6) последен е Исланд со 4 бодови и единствен без шанса за втората позиција која може да донесе бараж.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дождот направи хаос, Норис пред Хамилтон и Алонсо на пол-позицијата за спринт трката во Шангај
Ландо Норис најдобро се снајде во хаотичните услови во квалификациите за првата спринт трката оваа сезона во Формула 1, Големата награда на Кина.
Дождот им создаде големи проблеми на возачите, а во такви услови најдобар беше пилотот на Мекларен. Норис забележа време 1:57.940 минути, кое беше за 1,2 секунди подобро времето на Луис Хамилтон (Мерцедес) и 1,9 секунди побрзо од времето на Фернандо Алонсо (Астон Мартин).
Искуството на Хамилтон и Алонсо пресуди во борбата со пилотите на Ред Бул и Ферари кои возат подобри болиди.
Актуелниот светски првак, Макс Ферстапен спринтот в Шангај ќе го започне од четвртото место, зад него се Карлос Саинц (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул), Шарл Леклер (Ферари), Оскар Пјастри (Мекларен), Валтери Ботаси и Жу од Заубер.
Спринт трката во пресрет на Големата награда на Кина, утре се вози во 5 часот по македонско време. Квалификациите за главната трка ќе се одржат четири часа подоцна. Големата награда на Кина започнува во недела во 9 часот.
Спорт
„Им посакувам сѐ најдобро на моите браќа на Олимпијадата, јас не сум доволно добар“
Кошаркарот на Далас Кајри Ирвинг не се најде на списокот на репрезентацијата на САД за претстојните Олимписки игри во Париз.
Плејмејкерот на Маверикс изјави дека не е изненаден што не е меѓу 12-те избрани за олимпискиот турнир.
Ирвинг, освои злато со тимот на САД на Олимпијадата во 2016 година во Рио де Жанеиро.
„Им посакувам се најдобро на моите браќа. Едноставно не бев доволно добар за овој тим“, рече Ирвинг.
„Процесот на изборот беше тежок. Но, повторно, немам ништо друго освен почит кон овие момци. Во овој момент од мојата кариера, мислам дека мојот фокус треба да биде на освојување на шампионатот“, додаде бекот на Далас.
Тимот на Стив Кер во Париз го сочинуваат Леброн Џејмс, Девин Букер, Џејсон Тејтум, Кави Ленард, Џоел Ембид, Тајрис Халибартон, Џру Холидеј, Бем Адебајо, Стеф Кари, Ентони Дејвис, Ентони Едвардс и Кевин Дурент.
Спорт
Нема повеќе повторување на натпревари во ФА Купот
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), објави дека од следната сезона, во ФА купот нема да се преигруваат натпреварите кои ќе завршат без победник. Правилото, старо колку и самото натпреварување, од следната сезона ќе важи само во квалификациите. за повторување ќе важи само во квалификациите.
Укинувањето на повторувањата е само еден од неколкуте чекори договорени од ФА и Премиер лигата во следните шест години.
Во иднина сите натпревари од ФА Купот ќе се играат за викенди, со исклучок на четвртото коло, во кое натпреварите ќе се играат од петок до среда. Во четвртото и петтото коло од ФА Купот нема да се играат натпревари од Премиер лигата.
Финалето на ФА Купот ќе се одигра во претпоследниот викенд од сезоната во Премиер лигата. Тој ден нема да се играат натпревари од Премиер лигата. Во петок, на ден пред финалето на ФА Купот, нема да има натпревари од Премиер лигата.
Промените во ФА Купот ќе донесат поинаков вид посветеност на Премиер лигата. Прво, Премиер лигата ќе обезбеди дополнителни 33 милиони фунти за фудбалот, покрај 100-те милиони фунти што досега ги плаќаше на крајот од секоја сезона.
Покрај тоа, Премиер лигата ги задржува сите претходни обврски – на секои три години Премиер лигата исплаќа 1,6 милијарди фунти за сите нивоа во машка и женска конкуренција за да помогне во развојот на фудбалот.
Одлучено е и Комјунити Шилд натпреварот за сезоната 2024/25 да се одигра во сабота на 10 август. Една недела подоцна ќе започне сезоната во Премиер лигата.