Контакт

Спорт

Ван Перси: Среќен сум што го имам Вермален во мојот тим

Објавено пред

Робин ван Перси има само пофални зборови за Томас Вермален и вели дека е среќен бидејќи тој игра од неговиот тим.

dobivaj vesti na viber

Томас Вермален фантастично брзо се прилагоди во дресот на Арсенал и стана клучен дел од тимот на Арсен Венгер, фановите му дадоа прехар, Верминатор.Белгијецот не само што е добар во одбраната туку е и еден од најдобрите стрелци на почетокот од сезоната за Топџиите.Вермален постигна два погодоци на натпреварот со Виган во саботата кој Арсенал го доби со 4-0.”Тој е силен и играше многу агресивно врз мене на тренинзите и бев малку вознемирен поради тоа. Па му го кажав тоа со убави зборови” – изјави Ван Перси.”Сега сум среќен што е во мојот тим. На тренинзите се мешаме па често играм против него. Тој е цврст и тежок за поминување и тоа е добро бидејќи можам да тренирам против вистински дефанзивец”.”Првиот гол покажа дека тој е многу, многу силен од корнери и слободни удари и тоа е многу важно за нас. Дури и кога ќе играме лошо, би можеле да постигнуваме голови од прекини”.”Бев горд на неговиот втор гол”.”Тој е израснат во Холандија. Не велам дека секој холандски фудбалер е технички добар но доколку сте пораснале во Холандија, како дел од тим каков што е Ајакс, Феенорд или ПСВ, сте учеле како да ја држите топката, да ја примите, да се движите со неа, пас, движење без топка”.”Тој беше во Ајакс од 15та година, тоа значи дека долго играл во тој систем” – заврши Ван Перси.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Екс играч на Јувентус уринирал крај теренот, а кога влезе во игра – доби црвен картон

Објавено пред

Кристијан Бунино, напаѓачот на италијанскиот третолигаш Леко, а поранешен фудбалер на Јувентус, доби црвен картон на натпреварот од 33. коло во кој неговиот тим одигра 0:0 со Пјаченца. Тренерот на Леко, Лучијано Фоски, реши да го внесе Бунино во игра во 73. минута. Претходно, напаѓачот уринирал во близина на теренот, што го забележал помошниот судија и му пријавил на судијата, кој му покажал црвен картон.

dobivaj vesti na viber

На соиграчите на теренот не им беше јасно што се случи, а Бунино неуспешно се обиде да го прикрие неговиот потег. Тренерот ја коментираше бизарната ситуација по натпреварот.

„Правилата се такви и мора да се применуваат. Сепак, се надевав дека судиите ќе размислуваат логично бидејќи тој не навреди никого, никој не го виде тоа. Се надевав дека ќе добие жолт картон, но судијата не направи грешка. Бунино? Тој не ни знаеше што ќе се случи“, изјави Фоски.

Бунино оваа сезона постигна два гола на 32 настапи во третото ниво на италијанскиот фудбал. Играше за неколку нисколигаши, како и за Сиена, Ливорно и за Пескара. Во сезоната 2018/2019 играше за тимот на Јувентус до 23 години.

Прикажи повеќе...

Спорт

ПСВ му изрече драконска забрана на хулиганот кој го нападна Марко Дмитровиќ

Објавено пред

Хулиганот кој навива за ПСВ Ајндховен, а го нападна српскиот голман Марко Дмитровиќ на мечот против Севилја, доби жестока казна – 40 години забрана да влезе на стадионот.

dobivaj vesti na viber

Холандскиот клуб му изрече безмилосна казна на хулиганот кој направи голем скандал во Лига Европа откако го нападна Дмитровиќ среде натпревар.

Српскиот голман остана прибран и со еден потег го легна на земја, а потоа го предаде на обезбедувањето. Забраната за хулиганот се однесува за сите категории на натпревари на ПСВ Ајндховен.

Прикажи повеќе...

Спорт

Френки де Јонг заработил повреда на „Ел Класико“ и ги пропушта мечевите на Холандија

Објавено пред

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, поради повреда ќе ги пропушти претстојните европски квалификации на репрезентацијата на Холандија. 25-годишниот фудбалер ја заработи повредата при победата од 2:1 над Реал Мадрид во „Ел Класико“ во Ла Лига и ќе отсуствува околу две недели, открива холандскиот „Де Телеграф“.

dobivaj vesti na viber

Проблемот на Френки де Јонг е потврден денеска по снимките од магнетна резонанца.

Селекцијата на Роналд Куман поради повреда остана и без Стивен Бергвајн од Ајакс. На нивно место беа повикани Дониел Мален од Борусија Дортмунд и Џои Ферман од ПСВ Ајндховен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

(Видео) Чаир е на Ахмети и на ДУИ, порача Груби

Демократската унија за интеграција со митинг во Чаир. На митингот присуствуваат лидерот на партијата Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат...

Европа4 часа

Фон дер Лаен: ЕУ и дава милијарда евра на Турција за помош по земјотресот

Европската комисија ќе обезбеди милијарда евра помош за Турција која беше погодена од земјотресот, изјави претседателката на тоа тело Урсула...

Македонија5 часа

(Видео) Градилиште зад Универзалната проголта дел од улицата 9 Мај, инспекцијата третпат направи увид

Дел од улицата 9 Мај зад Универзалната сала во Скопје се одрони и пропадна во градилиште за нова зграда. Градежната...

Македонија7 часа

(Видео) Бизнисмен призна вина во „Империја“, Панделески не го разбира ниту обвинението, брокерот ќе размислува

Еден бизнисмен призна вина на првото рочиште за „Империја“, друг ќе докажува дека е невин, а третиот бараше и доби...

Македонија7 часа

За извозот да не ги поскапи јајцата, Бектеши ќе обврзе првин да се обезбедат за дома

Забраната на извозот на јајца ќе донесе санкции за државата, па затоа не се разгледува како опција, но за да...

Македонија9 часа

Костовски: Грешка беше што ја поддржав Арсовска, сега лично се пресметува со мене

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, по една и пол година признава дека направил грешка што ја поддржал градоначалничката на Скопје,...

Македонија9 часа

Со 4.500 амандмани опозицијата го блокира зголемувањето на платите на судиите и обвинителите

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левицата денес поднесоа 4.500 амандмани со цел стопирање на четирите закони со кои се предвидува зголемување...

Македонија10 часа

Бектеши: Утре замрзнуваат цените за јајцата и оризот, нема поскапување за Велигден и за Рамазан-бајрам

На утрешната седница Владата ќе ги замрзне маржите на оризот и јајцата на цени од почетокот на овој месец. Министерот...

Топ11 часа

Македонецот што загина во сообраќајната несреќа кај Врање имал 25 години, се враќале кон кафеаната поради заборавен телефон

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на улицата Партизански пат во Врање. Како што пишуваат српските медиуми, во несреќата животот...

Македонија12 часа

(Видео) Судир меѓу четири возила на „Партизанска“, вклучени заштитните перничиња: одекна силен удар

Верижен судир се случи на булеварот Партизански одреди во Карпош 4, спроти трговскиот центар „Антико“. Во несреќата учествуваа четири возила,...

Македонија12 часа

Ова е список на најсреќните нации во светот: Македонија најнесреќна во регионот

Финска е прогласена за земја со најсреќна популација шеста година по ред, според Светскиот извештај за среќа објавен денеска. Македонија...

Свет12 часа

Институтот за војна: Руското темпо се намалува, Путин се плаши

Во неделниот извештај Институтот за проучување на војната вели дека можната украинска контраофанзива во близина на Бахмут предизвикува зголемена загриженост...

Свет13 часа

Северна Кореја изведе нуклеарни вежби: ова е предупредување до непријателот

Војската на Северна Кореја изведе нуклеарни воени вежби симулирајќи нуклеарен контранапад на САД и Јужна Кореја. Вежбите ги надгледуваше севернокорејскиот...

Европа1 ден

Украина за доаѓањето на Путин во Мариупол: Криминалецот секогаш се враќа на местото на злосторството

Рускиот претседател Владимир Путин го посети Мариупол, град кој падна во рацете на Русија минатата година по страшното уништување, прикраднувајќи...

Вести1 ден

(Видео) Вучиќ тврди дека немаат обврски кон Приштина: Се надевам ќе има заедница на српски општини, се плашам дека ќе биде потешко од што мислам

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред јавноста објаснуваше зошто ништо не е потпишано со косовската страна. И покрај ова, тој...

Свет1 ден

Германски министер се закани: Ќе го уапсиме Путин ако стапне во Германија

Ќе го уапсиме претседателот на Русија, Владимир Путин, доколку дојде во Германија, изјави германскиот министер за правда Марко Бушман за...

Свет1 ден

(Видео) Путин изведе шоу во Мариупол: Среде ноќ им влезе дома на луѓето, а тие го пречекаа со храна на масата

Рускиот претседател Владимир Путин во текот на ноќта го посети окупираниот украински град Мариупол, кој руската армија прво го уништи,...

Регион1 ден

Петте клучни точки од вчерашните маратонски преговори меѓу Вучиќ и Курти во Охрид

Последната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, чиј фокус беше договорот за имплементација на европскиот предлог за Косово, се...

Македонија1 ден

Грчкиот суд ја отфрли тужбата против Центарот за македонски јазик: „Во иднина да се отворат приватни македонски училишта“

Локалниот грчки суд во Леринско ја отфрлил тужбата против Центарот за македонски јазик. Веста ја потврдија од Обединетата македонска дијаспора...

Свет2 дена

(Видео) Расте бројот на загинати во Еквадор: многу луѓе се затрупани, се трага по преживеани

Најмалку 15 загинати и 126 повредени по силниот земјотрес што вчера го погоди Еквадор, соопшти Националната служба за управување со...