Спорт
Шпанија е новиот европски првак

Репрезентацијата на Шпанија фуриозно во финалето на Евробаскетот 2009 ја декласираше репрезентацијата на Србија со резултат 85:63 и се искачи на првото место во европската кошарка.
Во арената во Катовице сништи во големото финале ја немаше неизвесноста од она во Мадрид но сепак видовме добра кошарка од двете страни но резултаотот не беше неизвесен уште од стартот се знаеше која селекција ќе се радува и ќе биде нов Европски шампион.Натпреварот започна фантастично а светскиот шампион, кој за нешто повеќе од 5 минути веќе водеше со 13-5 по тројката на Гарбахоса. Тимот на Скариоло демонстира една од најдобрите игри досега видени од црвената фурија, шутевите за три поени најчесто беа прецизни а во исто време многу добро се организираа во одбраната каде што го имаат Пау Гасол. По кошот на Лопес, Шпанија поведе со 20:7 што беше најголемо водство на шпанците во првата чертвртина на 2:20 до крајот на истата. До крајот единствено Србите успеаа да намалат на 24:14Во почетокот на втората четвртина селекцијата на Србија се обиде да го намали дефицитот а исто така значително ја подобри одбраната со што и направи големи потешкотии на шпанската селекција. Сепак тука беше Поу Гасол за кој Србите немаат одговор па Светскиот шампион продолжи да ја игра својата игра и да го зголемува водството за да на крајот од првото полувреме резултатот биде 52:29.Во третиот дел Шпанија продолжи со доминантна игра и постојано го зголемуваше своето водство над противникот. Сепак српскиот тим собра храброст и успеа да го намали водството на фуријата но сепак ништо позначајно не успеаа да направат за на крај по 30 минути резултатот да биде 67:44Последната четвртина помина во знак на славје пред крајот бидејќи победникот веќе беше познат а само резултаот не беше познат.По завршувањето на натпреварот Пау Гасол беше прогласен за најдобар и накорисн играч на турнирот.Во најдобрата петорка на турнирот се најдоа:
Пау Гасол – ШпанијаЛорбек – СловенијаРуди Фернандес – ШпанијаСпанулис – ГрцијаТеодосиќ – Србија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Салихамиџиќ: Не наликувавме на Баерн Минхен

Германскиот првак Баерн Минхен по поразот од Баер Леверкузен го загуби првото место на табелата во Бундеслигата. Сега баварскиот клуб има еден бод негатива во однос на лидерот Борусија Дортмунд. Тоа доведе и зголемена нервоза на „Алијанц арена“.
Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ жестоко реагирал после мечот, но и на денешниот тренинг.
„Ова не наликуваше на Баерн, туку на некој друг тим. Немаше доволно борба. Вака не треба да изгледа тим што се бори за трофеите. Вчера одигравме катастрофално, воопшто не сум задоволен“, изјави Салихамиџиќ.
Salihamidžić: “This is not what FC Bayern is all about. There was so little drive, mentality, duels. This team is so good when the mentality is there right from the start, but just as bad when they don’t show mentality and think they can do everything just with their quality.”
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) March 19, 2023
Спорт
Рашфорд, Маунт и Поуп поради повреди отпаднаа од составот на Англија

Најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, нема да игра за репрезентацијата на Англија на претстојните европски квалификации со Италија и со Украина, соопштија од клубот. Напаѓачот се здобил со повреда на вчерашниот меч против Фулам во ФА купот и ќе му требаат неколку дена за одмор.
Според „црвените ѓаволи“ тој е под знак прашалник за пресметката со Њукасл на 2 април.
Рашфорд, кој има 30 гола оваа сезона, на Светското првенство во Катар кон крајот на минатата година постигна три гола за Англија.
Поради повреди, од составот на Англија отпаднаа и играчот од средниот ред на Челси, Мејсон Маунт и голманот на Њукасл, Ник Поуп, кој ќе биде заменет со Фрејзер Форстер од Тотенхем.
Спорт
Стефан Ристовски и Аријан Адеми се приклучија на националниот тим

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, и досегашниот капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми, се приклучија на националниот тим. Тие во хотелот „Хилтон’ беа пречекани од претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, спортскиот директор Дени Масев и селекторот Благоја Милевски.
Стефан Ристовски и Аријан Адеми вечерва треба да го одработат и тренингот со соиграчите од репрезентацијата.
Најдобрите македонските фудбалери се подготвуваат за натпреварот против Малта в четвртој, со кој националниот тим го отвора новиот циклус квалификации за ЕВРО 2024 во Германија.