Спорт
Фудбалски натпревар меѓу навивачките групи и полицијата

Во отвореното фудбалско игралиште на ОУ „Кочо Рацин„ денес се одигра ревијален фудбалски натпревар помеѓу припадници на безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи и на навивачките групи „Комити“ и „Легија“.
Припадниците на безбедносните сили од полициската станица Центар при МВР денес на натпреварот кој се одржа на отвореното фудбалско игралиште на ОУ „Кочо Рацин“ го победија тимот на навивачките групи „Комити“ и „Легија“ со конечен резултат од 6:2. Фудбалскиот натпревар беше во организација на Агенцијата за млади и спорт и МВР, а беше под мотото „Стоп за насилството во спортот“. „Овој натпревар е симболична акција која МВР ја спроведува во соработка со спортските клубови и федерации и навивачките групи а има за цел да створи поголема безбедност и подобри услови за одигрување на спортските натпревари и на спортските терени“ изјави Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. „Ова е само почеток. Потоа ќе следи формирање советодавна група каде што директно учество ќе земат Комитите, Легија 5 навивачи, ФФМ, клубовите Вардар и Работнички и сите други релевантни фактори кои придонесуваат за спортот, и пред секој ревијален натпревар или настанат проблем ќе седнеме на маса и ќе ги разгледаме работите за побезбедно да се чуствуваат граќаните на Македонија кога ги посетуваат натпреварите.“ изјави Никола Бочкаров виш инспектор за превенција во полициската станица Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Френки де Јонг заработил повреда на „Ел Класико“ и ги пропушта мечевите на Холандија

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, поради повреда ќе ги пропушти претстојните европски квалификации на репрезентацијата на Холандија. 25-годишниот фудбалер ја заработи повредата при победата од 2:1 над Реал Мадрид во „Ел Класико“ во Ла Лига и ќе отсуствува околу две недели, открива холандскиот „Де Телеграф“.
Проблемот на Френки де Јонг е потврден денеска по снимките од магнетна резонанца.
Селекцијата на Роналд Куман поради повреда остана и без Стивен Бергвајн од Ајакс. На нивно место беа повикани Дониел Мален од Борусија Дортмунд и Џои Ферман од ПСВ Ајндховен.
Спорт
Џа Морант ја отслужи суспензијата и се враќа во тимот на Мемфис Гризлис

Ѕвездата на Мемфис Гризлис, Џа Морант, може да се врати во тимот откако отслужи суспензија од осум натпревари во НБА поради мавтање со пиштол во ноќен клуб.
Се очекува Морант да биде на клупата за резерви на вечерашниот натпревар против Далас. Неговиот клуб изјави дека тој нема да игра бидејќи треба да се врати во натпреварувачка форма.
Мемфис Гризлис објави дека Морант тренирал и се подготвувал за неговото враќање, а тренерот Тејлор Џенкинс истакна дека би сакал кошаркарот да работел со тимот или барем да учествува во шутерските тренинзи пред да се врати на натпреварите.
Морант беше надвор од теренот од 4 март, кога излезе во живо на Инстаграм и покажа како мавта со пиштол во стриптиз клуб во Колорадо по натпреварот со Денвер.
Истрагата утврдила дека Морант под дејство на алкохол поседувал огнено оружје, но не било докажано дека пиштолот е негов. НБА не утврди дали Морант имал пиштол на летот од Мемфис до Денвер.
По нивната истрага, полицијата во Колорадо заклучи дека нема причина да го обвини Морант за кривично дело откако ги испита околностите на видеото.
Во изјава за „ЕСПН“ на 15 март, Морант рече дека пиштолот не е негов и дека ја презема целосната одговорност за своите постапки. Суспензијата го чинеше 669.000 долари од платата, а тој рече дека отишол на советување за време на паузата.
Мемфис е второпласирана екипа во Западната конференција со ефект од 43 победи и 27 порази.
Спорт
Салихамиџиќ: Не наликувавме на Баерн Минхен

Германскиот првак Баерн Минхен по поразот од Баер Леверкузен го загуби првото место на табелата во Бундеслигата. Сега баварскиот клуб има еден бод негатива во однос на лидерот Борусија Дортмунд. Тоа доведе и зголемена нервоза на „Алијанц арена“.
Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ жестоко реагирал после мечот, но и на денешниот тренинг.
„Ова не наликуваше на Баерн, туку на некој друг тим. Немаше доволно борба. Вака не треба да изгледа тим што се бори за трофеите. Вчера одигравме катастрофално, воопшто не сум задоволен“, изјави Салихамиџиќ.
Salihamidžić: “This is not what FC Bayern is all about. There was so little drive, mentality, duels. This team is so good when the mentality is there right from the start, but just as bad when they don’t show mentality and think they can do everything just with their quality.”
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) March 19, 2023