Спорт
Магијата на Меси ја однесе Барселона на врвот на Примера

Лионел Меси уште еднаш покажа дека е фудбалер од светска класа со двата гола од вчерашниот натпревар на Барселона.
Двата гола на Лионел Меси и по еден од Џерард Пике и Златан Ибрахимовиќ беа повеќе од доволни Барселона да забележи убедлива победа против Расинг Сантандер. Оваа победа за момент ги стави на врвот на Ла Лига бидејќи остатокот од колото треба денес и утре да се комплетира.Утешниот гол на Оскар Серано само го облажи поразот од 4:1. Меси постигна два а беше креатор на само еден четирите постигнати гола. За само седум минути од првото полувреме Барса водеше со 3:0 со головите на Ибрахимовиќ во 20-та, Меси во 24-та и Пике во 27-та минута. Меси повторно беше егзикутор во 63-та минута. Ибрахимовиќ можеби нема да настапи на следниот натпревар на барселона поради повреда на коленото која ја здоби на натпреварот против Расинг. Од минатонеделниот натпревар против Атлетико, Сеп Гвардиола направи само две промени со што ги врати Карлес Пујол и Ерик Абидал, на местото на Чигрински и Максвел. При крајот на натпреварот, Меси беше заменет со Андрес Иниеста, а Расинг ја увиде можноста да постигне барем почесен гол за да го ублажи поразот а тоа и го постигна со доцниот гол на Серано. Севилја на сопствен терен ја победи Малјорка со 2:0. Скилачи и Пероти ги постигнаа двата гола во првото полувреме што беше доволно за трите бода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Салихамиџиќ: Не наликувавме на Баерн Минхен

Германскиот првак Баерн Минхен по поразот од Баер Леверкузен го загуби првото место на табелата во Бундеслигата. Сега баварскиот клуб има еден бод негатива во однос на лидерот Борусија Дортмунд. Тоа доведе и зголемена нервоза на „Алијанц арена“.
Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ жестоко реагирал после мечот, но и на денешниот тренинг.
„Ова не наликуваше на Баерн, туку на некој друг тим. Немаше доволно борба. Вака не треба да изгледа тим што се бори за трофеите. Вчера одигравме катастрофално, воопшто не сум задоволен“, изјави Салихамиџиќ.
Salihamidžić: “This is not what FC Bayern is all about. There was so little drive, mentality, duels. This team is so good when the mentality is there right from the start, but just as bad when they don’t show mentality and think they can do everything just with their quality.”
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) March 19, 2023
Спорт
Рашфорд, Маунт и Поуп поради повреди отпаднаа од составот на Англија

Најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, нема да игра за репрезентацијата на Англија на претстојните европски квалификации со Италија и со Украина, соопштија од клубот. Напаѓачот се здобил со повреда на вчерашниот меч против Фулам во ФА купот и ќе му требаат неколку дена за одмор.
Според „црвените ѓаволи“ тој е под знак прашалник за пресметката со Њукасл на 2 април.
Рашфорд, кој има 30 гола оваа сезона, на Светското првенство во Катар кон крајот на минатата година постигна три гола за Англија.
Поради повреди, од составот на Англија отпаднаа и играчот од средниот ред на Челси, Мејсон Маунт и голманот на Њукасл, Ник Поуп, кој ќе биде заменет со Фрејзер Форстер од Тотенхем.
Спорт
Стефан Ристовски и Аријан Адеми се приклучија на националниот тим

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, и досегашниот капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми, се приклучија на националниот тим. Тие во хотелот „Хилтон’ беа пречекани од претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, спортскиот директор Дени Масев и селекторот Благоја Милевски.
Стефан Ристовски и Аријан Адеми вечерва треба да го одработат и тренингот со соиграчите од репрезентацијата.
Најдобрите македонските фудбалери се подготвуваат за натпреварот против Малта в четвртој, со кој националниот тим го отвора новиот циклус квалификации за ЕВРО 2024 во Германија.