Спорт
Претседателот на Фиорентина си поднесе оставка

Претседателот на италијанскиот фудбалски клуб Фиорентина денес си поднесе оставка.
Андреја Дела Валје, претседателот на Фиорентина, денес и поднесе наотповиклива оставка. Оставката ја поднесол по состанок на бордот на директори на клубот. Марио Коњини привремено ќе биде претседател на клубот се додека не се избере нов претседател, стоеше во изјавата на тимот.Братот на Андреа , Диего Дела Валје го купи клубот од фиренца во 2002 година откако Фиорентина доживеа банкрот под менаџмент на поранешниот сопственик Виторио Секи Гори. Фиорентина има намера да клучи договор со градот Фиренца да гради нов стадион, а моментално се наоѓа на четвртото место во Серија А со 10 освоени бода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Екс играч на Јувентус уринирал крај теренот, а кога влезе во игра – доби црвен картон

Кристијан Бунино, напаѓачот на италијанскиот третолигаш Леко, а поранешен фудбалер на Јувентус, доби црвен картон на натпреварот од 33. коло во кој неговиот тим одигра 0:0 со Пјаченца. Тренерот на Леко, Лучијано Фоски, реши да го внесе Бунино во игра во 73. минута. Претходно, напаѓачот уринирал во близина на теренот, што го забележал помошниот судија и му пријавил на судијата, кој му покажал црвен картон.
На соиграчите на теренот не им беше јасно што се случи, а Бунино неуспешно се обиде да го прикрие неговиот потег. Тренерот ја коментираше бизарната ситуација по натпреварот.
„Правилата се такви и мора да се применуваат. Сепак, се надевав дека судиите ќе размислуваат логично бидејќи тој не навреди никого, никој не го виде тоа. Се надевав дека ќе добие жолт картон, но судијата не направи грешка. Бунино? Тој не ни знаеше што ќе се случи“, изјави Фоски.
Бунино оваа сезона постигна два гола на 32 настапи во третото ниво на италијанскиот фудбал. Играше за неколку нисколигаши, како и за Сиена, Ливорно и за Пескара. Во сезоната 2018/2019 играше за тимот на Јувентус до 23 години.
Спорт
ПСВ му изрече драконска забрана на хулиганот кој го нападна Марко Дмитровиќ

Хулиганот кој навива за ПСВ Ајндховен, а го нападна српскиот голман Марко Дмитровиќ на мечот против Севилја, доби жестока казна – 40 години забрана да влезе на стадионот.
Холандскиот клуб му изрече безмилосна казна на хулиганот кој направи голем скандал во Лига Европа откако го нападна Дмитровиќ среде натпревар.
Српскиот голман остана прибран и со еден потег го легна на земја, а потоа го предаде на обезбедувањето. Забраната за хулиганот се однесува за сите категории на натпревари на ПСВ Ајндховен.
Спорт
Френки де Јонг заработил повреда на „Ел Класико“ и ги пропушта мечевите на Холандија

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, поради повреда ќе ги пропушти претстојните европски квалификации на репрезентацијата на Холандија. 25-годишниот фудбалер ја заработи повредата при победата од 2:1 над Реал Мадрид во „Ел Класико“ во Ла Лига и ќе отсуствува околу две недели, открива холандскиот „Де Телеграф“.
Проблемот на Френки де Јонг е потврден денеска по снимките од магнетна резонанца.
Селекцијата на Роналд Куман поради повреда остана и без Стивен Бергвајн од Ајакс. На нивно место беа повикани Дониел Мален од Борусија Дортмунд и Џои Ферман од ПСВ Ајндховен.