Спорт
Зaпочнуваат спектакуалрните трки AIR RACE
SEAT и ова година ќе биде главниот спонзор на Red Bull Air Трките кои ќе се одржат на 3 и 4 Октомври наредната година во Барселона на Богател плажата
За време на трката ќе учествуваат 15 пилоти кои ќе се натпреваруваат на најбрзата и најспектакуларната трка од овој Шампионат. Ова е легендарната трка која уште еднаш се одржува во Барселона откако на трка во 2006 година беа присутни повеќе од еден милион гледачи кои заедно уживаа во изведувањето на акробации со брзина поголема од 400 км/ч. Жан-Хенрик Лафрентз, Потпретседатот на продажба и маркетинг во SEAT изјави: “Ние сме задоволнит што Red Bull Air Трките ова година ќе се одржи во Барселона. Ова е одлично искуство исполнето со огромно задоволство кое овозможува полесно да ја искажеме нашата бренд филозофија за “autoemoción”.По три години успешна соработка, SEAT продолжува да биде спонзор на Шампионатот. Покрај тоа што SEAT продолжува да го поддржува Шампионат, истотака ќе обезбеди околку стотина автомобили за организацијата. Шпанскиот автомобилски бренд ќе биде домаќин на сите гости на Шампионатот во неговиот – SEAT Follow Me Салон – каде што ќе можат да погледнат изложба на автомобили како и да бидат дел од промотивни активности кои ќе бидат специјално организирани. Исто така, за потребите на Red Bull Air Трката од Шампионатот, од аеродромот во Шабадел до патеката прво возило ќе биде новата SEAT Ibiza CUPRA “Follow me”.Покрај големиот број на промотивни активности кои ќе бидат реализирани за време на трката, ќе бидат наградени неколку среќни гледачите кои ќе можат да бидат дел од три акробациски летови. Имињата на победниците ќе бидат објавени на 4 октомври во 17.00 часот, а акробатските летови ќе бидат организирани на 6 октомври на Реус аеродромот во ТарагонаПокрај тоа, SEAT организира по трет пат меѓународен собир на сите челнови на SEAT Club кои ќе учествуваат во специјалната програма која ќе биде организирана за нив. Истотака, SEAT ќе додели автомобил, новиот León CUPRA во кое извлекување учествуваат сите членови кои до 8 октомври ќе ги имаат регистрирани нивните SEAT автомобили во SEAT Club.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.