Спорт
Николовски објави кандидатура за претседател на ФФМ
Доскорешниот претседател на актуелниот фудбалски шампион Македонија Ѓорче Петров, Благоја Николовски, денеска објави кандидатура за прв човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ветувајќи подобра иднина на македонскиот фудбал
Благоја Николовски на денешната прес-конференција ја презентираше својата програма, која е сортирана во четири главни делови: 1. Нова визија за организација на ФФМ, 2.Формирање на здружение на прволигаши и второлигаши, 3. Независна и авторитетна судиска организација и 4. Развој на младинскиот фудбал.Доколку би ја добил довербата да ја врши функцијата претседател на ФФМ, Николовски својот акцент ќе го насочи во проекти врзани околу националните репрезентации, при што најавува подобрување на условите за работа, избор на стручни лица, зголемување на буџетот за подготовки, со цел искачување на повисоко место на светската ранг листа.Високо место во програмата на Николовски има изградбата на фудбалски терени и игралишта преку аплицирање на проекти финансирани од УЕФА.Николовски ветува транспарентност во работењето на ФФМ и доследно спрооведување на Статутот и сите други акти, како и создавање на објективни услови за еднаков развој на фудбалот на целатата територија на Македонија.Заштита на фудбалската игра од разни лични интереси, притисоци, скандали, корупции, обложувалници, насилства, расизам, етничка и верска нетолеранција, мешање на политиката, наместени натпревари, насилничко однесување на навивачките групи преку примена на ригорозни казни и санкции, се дел од ветувањата на Николовски.Тој е уверен дека неговиот копнцепт ќе го доведе македонскиот фудбал на местото кое му припаѓа и дека ќе бидат анулирани сите долгогодични наталожени слабости и проблеми во ФФМ, кои според него, го кочеле развојот на фудбалот.Николовски е сопственик на фирмата за обезбедување „Никоб“, а од функцијата претседател на фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров се повлече летоска, откако на клубот му ја донесе историската шампиосна титула.Претседател на ФФМ се избира на Собрание, кое според најавите треба да се одржи до крајот на годината.Актуелен претседател на ФФМ е Харалампие Хаџиристески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.