Спорт
Алекс уште четири години во Челзи
Одбранбениот играч на Челзи, бразилецот Алекс го продолжи договорот со лондонски Челзи.
Фудбалерот на Челзи, потпиша нов четиригодишен договор со лондонскиот клуб, официјално беше обелодинето на сајтот на Челзи. „Јас сум многу среќен што повторно тренирам и не чувствувам болка. Среќен сум и што го потпишав договорот за уште четири години верност кон клубот. Одлуката беше лесна и се надевам дека ќе се вратам со добрите настапи. Мојата сегашна кондиција не е баш добра, но милсма дека за две недели ќе бидам 100 % подготвен да играм, без проблеми. изјави Алекс за сајтот на Челзи. Тренерот на Челзи, Карло Анчелоти ја поздрави одлуката на Алекс за да ја продолжи кариерата на Стемфорд Бриџ.„Пресреќен сум што Алекс го обнови договорот со клубот Челзи. Тој сега закрепнува од повреда и од операцијата, но тој е играчот кој јас го знам. Познати ми се неговите квалитети, и пресреќен сум што ќе остане со нас уште четири години“. изјави Анчелоти.Само пред неколку дена и напаѓачот на Челзи, Саломон Калу исто така го продолжи договорот со „Сините“ за уште три години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шекил: Сакам Симонс да ме научи како за 55 натпревари заработи 80 милиони долари
Изјавата на Шекил О’Нил во еден подкаст, во пресрет на почетокот на плеј-офот во НБА лигата, привлече големо внимание во САД.
Еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, саркастично одговори на прашањето за кои играчи би платил карта да ги гледа во живо.
„Бен Симонс, затоа што сакам да научам како можеш да заработиш 80 милиони, а да одиграш само 55 натпревари. Научи ме човеку. Научи ме како можеш да одиграш 55 натпревари во три сезони и да добиеш 30 милиони, 40 милиони и уште 40 милиони само за да рекол дека го боли грбот“, рече четирикратниот шампион во НБА.
Симонс во 2016 година беше прв пик на драфтот, го избра Филалделфија, во чии редови беше до 2022 година кога се пресели во Бруклин Нетс. За Бруклин во првата сезона одигра 40 натпревари, а оваа само 15.
Спорт
Педри и Де Јонг ќе бидат подготвени за ПСЖ
Фудбалерите на Барселона, Педри и Френки де Јонг, најверојатно ќе се вратат во тимот за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
„Педри и Де Јонг се повредија на почетокот на месецот на мечот против Атлетик Билбао (0:0) во шпанското првенство, но се опоравија и би можеле да бидат во тимот за дуелот во Париз“, пишува „Мундо депортиво“.
Според оовј извор, Педри веќе почнал сам да тренира, а Де Јонг се уште е на рехабилитација, но наскоро ќе почне да тренира. Лекарскиот тим на Барселона е уверен дека тој ќе биде подготвен за натпреварот против ПСЖ на 10 април.
Андреас Кристенсен и Роналд Араухо имаат проблем со ситни повреди и најверојатно поради претпазливост ќе го пропуштат претстојниот првенствен натпревар во Барселона против Лас Палмас.
Спорт
Тренер на Лестер доби отказ – бил во врска со фудбалерка од тимот
Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внатрешна истрага било откриено дека го прекршил кодексот на однесување.
Британските медиуми објавија дека Кирк е под истрага за наводна врска со фудбалерка од тимот.
Кирк првично беше суспендиран, а сега е отпуштен, со што заврши неговиот двегодишен престој во клубот.
„По опсежни внатрешни дисциплински постапки и почитување на индивидуалната приватност, Вили го прекрши кодексот на однесување до степен што ја прави неговата позиција неодржлива“, велат од клубот.
Тој му се приклучи на Лестер во јули 2022 година како спортски директор и ја замени Лидија Бедфорд на клупата четири месеци подоцна. Лестер моментално е деветти на табелата во англиската лига.