Спорт
Ливерпул и Челзи поразени
Ливерпул и Челзи претпеа порази во Премиер лигата.
Екипите на Челзи и на Ливерпул претпеа порази кои ги ченеа губење на позициите на кои се наоѓаа на табелата во Премиер лигата. Челзи водеше со голот на Дидие Дрогба во 15-та минута но Ричард Дан израмни во 32-та. Колинс во 52-та минута му донесе три бода на Астон Вила, а со овој пораз Челзи сега се наоѓа на втората позиција на табелата, по Манчестер Јунајтед. Ливерпул минимално со голот на Дарен Бент изгуби од екипата на Сандерленд, и сега се наоѓа на осмата позиција пред Сандерленд со 15 поени. Голот на Бент беше помалку среќен бидејќи во моментот кога шутираше кон голот на Реина во шеснаесетникот на Ливерпул се наоѓаше црвена топка која ја фрлиле навивачите и која го збуни Реина. Арсенал рутински со совлада Бирмингам со трите гола кои ги постигнаа Робин Ван Перси Абу Диаби во првото полувреме и Андреј Аршавин кон крајот на второто. Бојер во 38-та минута само го ублажи поразот за Бирмингем. Манчестер Јунајтед е новиот лидер во англиската премиер лига по победата над Болтон од 2:1.Манчестер дојде рано во водство уште во 5-та минута по автоголот на Најт,а во 33-та Валенсија го зголеми резултатот на 2:0. Мартин Тејлор во 75-та минута го постигна единствениот гол за Болтон. Тотенхем беше поуспешен од Порстмут на гости и со головите на Ледли Кинг и Џермејн Дефо во првото полувреме. Боатенг погоди за Портсмут во второто. И давта тима останаа со десет играчи по исклучувањето на Дефо во 61-та и Браун во судиското продолжение, но на Тотенхем тоа не се одрази лошо бидејќи успеа да победи и без играч во последниот половина час.Натпреварот во Ливерпул помеѓу Евертон и Вулверхемптон беше решен во второто полувреме по головите на Киреан Дојл во 76-т и Дилијатединов во 88-та. Истиот нерешен резултат беше и на натпреварот Виган против Манчестеј Сити каде за само две минути се постигнаа два гола. Зогбија постигна гол за Виган, но радоста на тимот не траеше долго па Мартин Петров израмни само две минути подоцна. Во 65-та минута Манчестер остана без Забалета кој доби втор шолт и автоматски црвен картон. Блекбурн дома го победи новајлијата Барнли со конечен резултат 3:2.На врвот на табелата сега се наоѓа Манчестер Јунајтед со 22 бода пред Челзи со 21 и Тотенхем со 19. Арсенал е четврти со 18 а Манчестер Сити со 17 е на петата позиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
УЕФА ќе го разгледа предлогот секој тим да има по 26 фудбалери на ЕП
Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе разговара за можноста за проширување на бројот на играчи за претстојното ЕП 2024 во Германија на состанок следниот месец.
Според актуелните правила, секоја репрезентација може да има по 23 пријавени фудбалери на ЕП. Српскиот селектор, Драган Стојковиќ Пикси, предложи, секоја селектор да може да пријави 26 играчи. Овој предлог доби поддршка од селекторите на 24 репрезентации кои ќе учествуваат на континеталниот шампионат.
„Добивме неколку пораки од селекторите на репрезентациите во врска со бројот на играчи ЕП 2024. Работната група на УЕФА и претставниците на репрезентациите учесници ќе ги разгледаат предлозите на селекторите на 8 април и ќе ги проучиме сите можни решенија и идеи“, најавија од УЕФА.
На последното ЕП во 2021 година, поради епидемијата на коронавирус, секоја репрезентација имаше 26 фудбалери.
Спорт
Колку заработи Иванишевиќ од соработката со Ѓоковиќ?
Прекинот на соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ е топ тема кај регионалната спортска јавност.
Ниту една страна не ги откри точните причини за разделбата, освен што Ѓоковиќ изјави дека „достигнале точка на заситеност“.
Ѓоковиќ најверојатно пукна по лошиот почеток на сезоната во која се уште нема освоено трофеј, пред најважните турнири во годината, додека Хрватите пишуваат дека, без разлика на се, Иванишевиќ добро заработил од оваа соработка.
Соработката на ова дуо траеше речиси шест години, во кои Ѓоковиќ освои 12 грен слем титули.
Наводно, Ѓоковиќ му плаќал на Иванишевиќ од 6.000 до 10.000 евра неделно, односно легендарниот Хрват добивал 10 отсто премија од заработката на српскиот тенисер на турнирите.
Иванишевиќ заработил повеќе од 300.000 евра само од плата минатата година.
Ако ја земеме таа бројка како просечна заработка на Иванишевиќ за време на соработката со Ѓоковиќ и процентот од освоените турнири, Иванишевиќ во последните шест години како тренер на најдобриот тенисер во светот заработил помеѓу два и четири милиони евра.
Инаку, Иванишевиќ во кариерата како активен играч заработи околу 16 милиони евра. Кариерата во која освои еден грен слем (Вимблдон), Иванишевиќ ја заврши во 2011 година.
Спорт
Калафиори: Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми
Јувентус бара нови играчи во одбраната, откако е извесно дека Бремер ќе се пресели во Манчестер јунајтед.
Еден од можните наследници на Бразилецот е фудбалерот на Болоња, 21-годишниот Рикардо Калафиори. Барем така сметаат во клубот, бидејќи фудбалерот не е ни најмалку импресиониран од интересот што за него го покажа славниот италијански клуб.
Играчот чија вредност според „Трансфермаркт“, скокна од пет милиони евра на 25 милиони евра од октомври минатата година е под договор со Болоња до летото 2027 година.
Калафиори вели дека сака да го испочитува договорот што го има со актуелниот клуб отколку да се пресели во Јувентус.
„За мене Јувентус би бил чекор назад во споредба со Болоња, клуб кој работи на вистински начин. Попрво би останал овде отколку да го облечам дресот на Јувентус. Татко ми го презира Јувентус, а јас го почитувам татко ми. Нема пари за кои јас би отишол таму“, изјави Калафиори.