Спорт
Италијанска драма во Мадрид
Милан со голема упорност го победи Реал Мадрид.
Пато беше херојот на вечерта за Милан, по двата многу важни гола за три бода од вчерашното гостување на Сантијаго Бернабе. Натпреварот почна фуриозно со доминација на „Кралевите“ и во 19-та минута Реал веќе водеше со голот на ветеранот Раул. Во второто полувреме Милан се соземаа и во рок од 4 минути постигнаа два гола за прсврт на напреварот, преку Андреа Пирло и Алесандре Пато. Дрехте израмни за 2:2 но кога сите мислеа дека темпото на натпреварот ќе спласне, всушност се засили. Во 86-та минута, правдата за Милан беше задоволена до страна на Пато, бидејќи само три минути пред убавиот гол на Пато, на Милан му беше поништен регуларен гол.Во групата Ц Марсеј минимално на гостински терен го совлада Цирих со единствениот гол на Габриел Хајнце.Во групата А, Бордо со пресврт успеа да го победи Баерни Минхен во натпреварот кој многумина го окаректеризираа како битка на Давид и Голијат. Интересно е што сите три гола од натпреварот го постигнаа играчи на Бодро. Најпрво Кијани постигна автогол за водство на Баерн, за во 27-та минута истиот играч да се искупи и да го израмни резултатот. Кон крајот на првото полувреме Планус го доведе Бордо во водство. Томас Мулер беше испратен на трибините по вториот жолт и автоматски црвен картон, а до крајот на напреварот Бордо имаше шанса да го зголеми водството за уште два гола кои Гојкуф и Јусие не успеаа да ги реализираат од пенали. Јувентус конечно победи по двата нерешени натпревари овојпат минимално со единствениот гол на Џорџо Киелини.Во групата Б само еден гол беше постигнат во ова трето натпреварувачко коло, и тоа на натпреварот во Москва каде Валенсија на само 4 минути пред крајот му ги донесе трите бода на Манчестер Јунајтед против ЦСКА МОсква. Волфсбург и Бешикташ одиграа без голови. Челзи на Стемфорд Бриџ беше убедлив против Атлетико Мадрид со четири гола од кои два постигна Саломон Калу. Порто ја порази АПОЕЛ НИкозија со конечен резултат 2:1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Богдановиќ и Мареј ги срушија Бостон Селтикс
Атланта Хокс по едно продолжение ги победија Бостон Селтикс со 123:122. Богдан Богдановиќ и Дежонте Мареј му пресудија на лидерот во НБА лигата. Првиот погоди два пати во финишот на регуларниот дел, а вториот ги постигна сите поени за Атланта во продолжението.
Атланта Хокс ја забележаа четвртата последователна победа во НБА лигата, а капитенот на српската репрезентација, со две последователни тројки им овозможи на домаќините продолженијата.
Богдановиќ за 43 минути игра имаше 24 поени (9/19 од поле, 2/8 за три, 4/4 од поле), седум скока и пет асистенции.
Атланта до победата ја предводеше Дежонте Мареј со рекорд во кариерата од 44 поени, за што му беа потребни дури 44 шута кон кошот на Бостон.
Тој ги постигна поените за победа на 0,1 секунда пред крајот на продолжението. Мареј беше единствениот играч на Хокс кој постигна поени во продолжението.
Тој имаше и седум скока, седум асистенции и две украдени топки. Коби Брајант и Расел Вестбрук се единствените играчи кои имаат повеќе шутеви од игра од Мареј во последните 20 сезони.
Брајант имаше шест натпревари со најмалку 44 шута. Толку такви настапи имаше Рик Бери, а четири Елгин Бејлор. Апсолутен рекордер е Вилт Чембрлен со дури 58 натпревари. За илустрација Мајкл Џордан само еднаш во кариерата на еден натпревар 44 пати шутирал кон кошот на противникот.
Инаку, Мареј имаше повеќе шутеви на овој натпревар отколку првите ѕвезди на Селтикс Џејсон Тејтум (22) и Џејлен Браун (17) заедно.
Кај Хокс уште се истакнаа и Деандре Хантер со 21 поен и 13 скока и Клинт Капела, кој додаде 12 поени и 13 скока.
Во тимот на Бостон Џејсон Тејтум постигна 31 поен со 13 скока и пет асистенции, Дерик Вајт додаде 22 поени, седум скока и пет асистенции, а Кристапс Порзингис имаше 20 поени и седум скока.
Бостон е најдобриот тим во НБА со 57 победи и 16 порази и го обезбеди првото место пред плеј-офот во Источната конференција.
Со 34 победи и 39 порази, Атланта е на 10. место кое води во плеј-ин.
Спорт
Поранешниот селектор на Кина призна дека примил 10 милиони евра мито
Поранешниот селектор на фудбалска репрезентација на Кина, Ли Те, во случајот со пред судот, во процесот што се води против него, признал дека примил повеќе од 10 милиони евра мито.
Ле, кој ја водеше Кина од јануари 2020 до декември 2021 година е обвинет за давање и примање мито и учество во местење натпревари, се вели во соопштението за медиумите на провинцискиот суд во Хубеи.
Во текот на повеќемесечниот процес, Ле призна дека добил повеќе од 9,8 милиони евра во периодот од 2017 до 2021 година.
„Ли Те ја призна вината и изрази каење“, се вели во соопштението на судот и се додава дека пресудата ќе биде објавена подоцна.
Кинеските медиуми во вторникот објавија дека поранешниот претседател на кинеската фудбалска федерација Чен Џујуан, кој призна дека примал мито, е осуден на доживотен затвор.
Спорт
Хенес: Алонсо нема да дојде во Баерн ова лето
Почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес изјави дека минимални се шансите тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо на крајот на сезоната да го преземе клубот од Минхен.
Баерн пред нешто повеќе од еден месец објави дека тренерот Томас Тухел ќе ја заврши својата мисија во Минхен на крајот од сезоната.
„Точно е дека сакаме да потпишеме договор со Алонсо. Сепак, ќе биде многу тешко, да не речам невозможно“, изјави Хенес.
Алонсо го презеде тимот од Леверкузен во октомври 2022 година, а оваа сезона е вистински хит во Бундеслигата.
„Сигурен сум дека Алонсо ќе остане во Баер за да ја продолжи својата работа. Сега е тренер на клуб кој е блиску до освојување на титулата во Бундеслигата. Тој треба да му биде благодарен на клубот, но и клубот има за што да му заблагодари“, додаде Хенес.
Од 2014 до 2017 година, Алонсо играше за Баерн Минхен, каде што разви одлични односи со луѓето од клубот, меѓу кои и тогашниот претседател Ули Хенес, кој сега е доживотен почесен претседател.