Спорт
Милан го потврди враќањето на Бекам
Дејвид Бекам ќе се врати во Милан на почетокот на следната година
Фудбалскиот гигант од Милано потврди дека Дејвид Бекам ќе се врати во клубот во јануарскиот трансфер рок.Бекам е под притисок да се врати во националниот состав за С.П. во Јужна Африка кое ќе се одржи следната година, а селекторот на Англија, Фабио Капело изјави дека за да се врати Бекам во националниот состав мора да добие одлична кондиција која ја нема во американската лига туку само во европските лиги. „Треба да се потрудам да влезам во репрезентацијата, за Светското првенство, а играњето за Милан ќе ми помогне да го остварам тоа. Навистина уживав во времето кое го поминав во Милано, и се радувам што ќе ги видам играчите повторно.“ изјави Бекам. Финансиските детали од втората позајмица на Дејвид Бекам не се открива ниту од двете страни. Покрај Бекам во јануари во Милан ќе дојде и фудбалерот од Гана Доминик Адијах.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона, Борусија со два блиц-крига го уништи Атлетико
ПСЖ и Борусија Дортмунд ја формираа првата полуфинална двојка во Лигата на шампионите. Во реваншите ПСЖ победи во Барселона со 4:1 и со вкупни 6:4 го мина четвртфиналето, додека Борусија го победи Атлетико Мадрид и со вкупни 5:4 влезе меѓу најдобрите четири екипи во ЛШ.
На „Монжуик“ во Барселона, реваншот идеално започна за домаќините. Рафиња во 12.минута и донесе предност на Барса. Ова беше трет гол за Рафиња во двомечот со ПСЖ.
Проблемите за Барселоан започнаа во 30.минута кога Араухо како последен човке во одбраната го фаулираше Баркола, поради што доби црвен картон.
Со играч повеќе до крајот ПСЖ доминираше.
Изедначи Дембеле во 40.минута, Витиња му донесе водство на ПСЖ во 54., а две минути подоцна исклучен беше тренерот на Барселона Чави.
До крајот Мбапе ја запечати победата на ПСЖ со головите во 61. и 89.минута.
Во Дортмунд, Бирусија и Атлетико одиграа уште еден извореден меч. Борусија со два блиц-крига славеше со 4:2.
Определбата на Диего Симеоне да ја чува предноста од првиот меч, му се удри од глава во само пет минути. Бранд постигна гол во 34.минута по лошата реакција на облак, а пет минути подоцна Надсен ја зголеми предноста.
Атлетико се врати во мечот со авто-голот на Хумелс во 49.минута, а „Вестфален“ го шокираше Кореа во 64.минута.
„Јорганџиите“ не го искористија моментумот, се обидоа да го спуштат темпото, а тоа го казнија Филкруг во 71. и Сабицер во 74.минута. Во двете ситуации се потврди она што го знае и тренерот на Атлетико, дека му е потребен целосен ремонт во одбраната.
Од овој мантпревар долго ќе се вртат промашувањата на Мората во четвртата и Кореа во 60.минута. Двајцата беа сами пред Кобел и двајцата шутираа крај голот.
Спорт
Макаби ја декласира Басконија, Виртус го изненади Ефес
Макаби избори пласман во плеј-офот, а Виртус ја мина првата плеј-ин рунда во кошаркарската Евролига.
Макаби, во борбата за седмото место, во Белград ја декласира Басконија со 113:85.
Најефикасен во победата на „Гордоста на Израел“ беше Лоренцо Браун со 26 поени, Вејд Болдвин постигна 17 поени, додека Бонзи Колсон го заврши натпреварот со 14 поени.
Кај поразениот тим Басконија се истакна Коди Милер-Мекинтаер со 27 поени.
Макаби во плеј-офот, до три победи ќе игра против второпласираниот Панатинаикос.
Виртус, приреди мало изненадување откако во Истанбул го победи Анадолу Ефес со 67:64.
Најефикасни кај победниците беа Торнике Шенгелија со 13 поени и четири скока, Ифе Лундберг додаде 12 (ја погоди клучната тројка на 11 секунди до крајот), по седум скока и асистенции, Авуду Абас постигна 12, додека Марко Белинели постигна 11.
Кај Ефес најдобар беше Вил Клибурн со 22 поени и пет скока, додека Шејн Ларкин додаде 16.
Виртус, во борбата за осмото место, во петок, ќе гостува кај Басконија. Победникот во четвртфиналето ќе игра против бранителот на титулата Реал Мадрид.
Спорт
(Видео) Навивачите на Барселона дивееја: Винисиус, умри
Низа хаотични сцени се случија низ улиците на Барселона во пред натпреварот меѓу Барселонаи ПСЖ.
Повеќе од 3.000 луѓе неколку часа ги чекаа автобусите на двата клуба да пристигнат на „Монжуик“.
Додека ги чекаа автобусите, домашните навивачи ги навредуваа Килијан Мбапе и Усман Дембеле, но и Виниус.
„Винисиус, умри“, скандираа навивачите.
Неколку навивачи на Барселона го каменуваа сопствениот автобус во хаосот, мислејќи дека во тој автобус се фудбалерите на ПСЖ. Кон автобусот летаа остриги и шишиња…
Во текот на денот со полицијата се судирја и навивачите на ПСЖ.
These Barcelona fans mistook the bus, aiming to target PSG players but ended up damaging their own team's vehicle 🤦♂️#ucl #ChampionsLeague pic.twitter.com/2e4p6ZVOLH
— MARCA in English 🇺🇸 (@MARCAinENGLISH) April 16, 2024
Nah someone explain to me why Barcelona fans are chanting about Vinicius in one of their most important games in recent history? pic.twitter.com/OucawMOGMj
— WolfRMFC (@WolfRMFC) April 16, 2024