Контакт

Спорт

Доделени наградите 13 Ноември од областа на спортот

Објавено пред

Наградите 13 Ноември за најуспешни спортисти денес во ресторанот Ања во Градскиот парк беа доделени од страна на Сојузот на спортови на град Скопје

dobivaj vesti na viber

Наградите за најуспешни спортисти и спортски работници во поединечни категории 13 Ноември и оваа година свечено беа доделени во ресторанот Ања во Скопје. „Спортот во Скопје официјално датира од 1909 година кога и бил одигран фудбалски натпревар помеѓу две екипи од турскиот аскер, но се забележани и натпревари на народни вештини и во 18 век.“ изјави Ѓорѓи Кузмановски претседател на Сојузот на спортови на Град Скопје. Наградата 13 Ноември за најдобар спортист ја освои боксерот Примислав Димовски за освоеното петто место на СП во бокс кое се одржа во Милано. Спортист на посебни достигнувања наградата ја доби Д-р Сашко Кедев, за подвигот искачување на Монт Еверест, и Томи Стефановски за препливувањето на Ла Манш. Сашко Кедев на Сојузот на спортови на Скопје му подари слика од моментот кога се искачи на највисокиот врв на светот Монт Еверест, а која ќе биде врамена во просториите на сојузот.  „Наградата 13 ноември ја добивам по трет пат во мојата кариера но овојпат за посебни достигнувања, за препливувањето на Ла Манш, и секако дека ми значи оваа награда. Навистина е во ред кога гледаш дека некој ги почитува твоите достигнувања, а во спортот тоа се гледа со добивањето на многу награди“ изјави пливачот на маратони Томи Стефаносвки.„Оваа награда ми е втора по ред, но по долги години. Имав доста голема пауза во кариерата и ова навистина дојде како признание и сатисфакција за тоа што јас по толку време се вратив на спортот. Иако сум на залезот на мојата кариера очекувам во наредните 2-3 години да ги постигнам можеби најголемите успеси и резултати во мојата кариера. Ми престои олимписки циклус, но имаме во план да дадеме се од себе и да стигнеме до олимписките игри“, изјави боксерот Примислав Димовски.Наградата 13 Ноември во категоријата тренери ја освоија Руждија Калаш од боксерскиот клуб „Скопје“, Бошко Заборски од областа на каратето .Наградата за особен придонес и развој на спортот ја добија градоначалникот на Скопје Коце Трајановски,и Драган Ѓурчевски директор на Агенцијата за млади и спорт. „Навистина ми е голема чест што, денес за прв пат како градоначалник на Скопје учествувам на една од најстарите свечени спортски манифестации. Градот Скопје и понатаму ќе настојува да го поддржува и поттикнува спортот, спортските активисти, организатори“, изјави градоначалникот Коце Трајановски.  Признанието за особен придонес во спортот го добија Владо Аницинов од асоцијацијата на лекари и победник на интернационалниот трунир на лекари-тенисери, Живко Поповски и претставниците на спалеолошкото друштво “Врело“, за успешната експедиција во 2009 година. Наградата 13 Ноември за професори по физичко воспитување ја добија: Светлана Илиевска професор во ОУ „Владо Тасевски„, Розалија Ангеловска од ОУ „Живко Трајковски“ и Љупчо Станковски професор во „Методиј Метовски- Брицо“. Наградата 13 Ноември спортски работници ја добија Петар Забарзовски, од кајакарскиот клуб „Илинден“, Стефан Поликовски сорабник во областа на ватерполото.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Брејк на Макаби во Атина

Објавено пред

Плеј-офот во кошаркарската Евролига започна со брејк на Макаби во ОАКА арената во Атина. Макаби го победи Панатинаикос 91:87.

dobivaj vesti na viber

Панатинаикос го контролираше натпреварот 32.минути, неколку пати зелените имаа предност од 12 поени, но не успеаја да го решат натпреварот.

Трагичар е Костас Слукас кој на 20 секунди до крајот продаде топка, а Џош Нибо од линијата за слободи го постави конечниот резултат. До тој момент Слукас одигра совршен натпревар (12 поени, 13 скокови, без загубена топка).

Најдобриот учинок во редовите на Макаби го имаше Бонзи Колсон, која забележа 18 поени со два скока, а го следеа Лоренцо Браун со 16 поени, четири скока и три асистенции, Вејд Болдвин со 15 поени со седум скока. Болдвин поради повреда не играше во последните осум минути.

Двоцифрен беше и Џош Ниебо со 12 поени и осум скока.

Кај Панатинаикос се истакна Матијас Лесор со 22 поени и шест скока, но и очајна реализација на слободните фрлања 4/11, а двоцифрени беа и Џериан Грант и Мариус Григонис со по 11 поени.

Вториот натпревар се игра за два дена исто така во Атина.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ендика немал срцев удар, може повторно да игра

Објавено пред

Еван Ендика колабираше на теренот на Фриули, но не беше ништо сериозно, па му беше дозволено да се врати на теренот.

dobivaj vesti na viber

Најпрво се чинеше дека играчот на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска има проблеми со срцето. Сепак, тоа не беше така, а тренерот Даниеле де Роси откри дека се работи за белите дробови.

– Тешко е да се справиме со моменталната белодробна инсуфициенција. За среќа, се се заврши добро. Нема проблем со срцето – од тоа првично се плашевме – изјави Де Роси.

Ендика бил пуштен од болница и можел да се врати на терен. Самиот натпревар помеѓу Удинезе и Рома беше прекинат  во 70. минута при резултат 1:1.

Прикажи повеќе...

Спорт

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Објавено пред

Според сознанијата на шпанскиот кошаркарски портал „Енцестандо“, неколку гиганти од Евролигата се против идејата Дубаи да се приклучи во елитното натпреварување.

dobivaj vesti na viber

Иако пред неколку месеци беше претставено дека Дубаи дефинитивно ќе биде дел од европското натпреварување, може да дојде до пресврт.

Парите кои тимот би ги донел во Евролигата засега не се доволна причина.

„Енцестандо“ пренесува дека Реал е предводник на клубовите кои се противат на влезот на Дубаи цели седум години.

Наводно на страната на Реал застанале и Фенербахче и Баерн кои не сметаат дека парите треба да бидат пресуден фактор.

Еден од проблемите што би можел да го донесе Дубаи е нарушувањето на пазарот на играчи, бидејќи може да понуди многу повисоки плати од оние што моментално се во Европа.

Таму не се плаќаат даноци, па би било многу полесно да се ангажираат играчи отколку во другите европски земји.

„Енцестандо“ пренесува дека Дубаи наводно веќе им понудил договори на некои од играчите на најдобрите европски тимови со избраниот тренер Светислав Пешиќ.

Шпанците пишуваат и дека датумот кога ќе се гласа за влез на Дубаи се уште не е ни блиску.

Првобитното гласање требаше да се одржи во средината на март, а потоа беше одложено.

Во меѓувреме Дубаи е примен во АБА-лигата и примарната идеја е следната година прво да игра во Еврокупот, па дури потоа да дојде за прием во Евролигата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија6 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија9 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија10 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија12 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија13 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет13 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија14 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет14 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија14 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет14 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија1 ден

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија1 ден

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија1 ден

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија1 ден

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија1 ден

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...